Повелба на движењето/Содржина
This is a draft or part of the draft of the Wikimedia Movement Charter. These drafts are the result of extensive effort between different entities within the Wikimedia movement and we are delighted to share them with you. Help us improve them by sharing your thoughts on the talk page or at a community consultation event. |
На оваа страница се истакнати некои нацрт-содржини на Повелбата на движењето. Тие ќе се менуваат сè до ратификацијата на Повелбата, која се очекува да биде во 2023 г.
Содржина на Повелбата
(Прелиминарен опис на создавањето на содржината од Нацртната комисија за Повелба на движењето од мај 2022 г.)
Повелбата на движењето како своја преамбула има Изјава за вредностите, кое го резимира и во општи црти речовито го изразува сето она што го цениме.
Применливите ставки кои на кои се засноваат фактичките правила може да се извлечат од широк опсег на потенцијални идеи распоредени во три категории или групи: за Управување, Ресурси и Заедница. Овие можат да се претстават и како основние механизми кои играат улога во (1) политичката, (2) економска и (3) општествена/инфромативна сфера, и претставуваат мошне функционален начин на поделба. Сите потенцијални идеи и предлози со непосредно влијание врз правилата треба да се стават во една од овие категории, вклучувајќи ги предлозите од претходни фази и новите предлози од заедниците.
Секоја од категориите или групи ќе се исполни од Нацртната комисија со најдобрите и најопфатни идеи произлезени од претходните фази, како и дискусиите во самата Нацртната комисија. Ќе има простор за разгледување, појаснување и нови предлози од страна на заедницата на потстраницата за содржински категории на Мета и преку други платформи кајшто тие ќе бидат објавени.
Преглед
По присуствената средба во јуни 2022 г. Нацртната комисија се согласи за приближен план или „преглед на содржини“ на Повелбата на движењето. Тој план гласи вака:
Глава | Опис на содржината | Статус на главата |
---|---|---|
Преамбула | Дефиниција за Повелбата и нејзината цел. | Завршено советувањето со заедницата (краток преглед и одговори на мислењата од Нацртната комисија) |
Вредности и начела | Основни вредноси и начела на соработка за целото движење. | |
Дефиниции | Дефиниции на клучните поими изложени во Повелбата. | |
Глобален совет | Дефиниција за Глобален совет како главен иден орган за глобално управување на движењето. Овој дел ќе го разработи описот на улогата на Глобалниот совет во препораките на Стратегијата на движењето. Тука може да се изложи и постапката за создавање на Глобалниот совет. | Во тек е советување со заедницата |
Средишта | Дефиниција, цел, постапка за создавање, стандарди на раководење, состав на членовите, должности, заштитни меркии односи на Викимедиините средишта со другите органи на движењето. | Во тек е советување со заедницата |
Улоги и должности | Дефиниција на улогите и должностите на органите во движењето. Ова веројатно, меѓу другото ќе опфати дефиниции за улогите на органите како Одборот на доверители, Фондацијата Викимедија, Викимедиините подружници и заедници. | Завршено советувањето со заедницата за изјавата за намера (краток преглед и одговори на мислењата од Нацртната комисија); во тек е советувањето со заедницата за целосната нацрт-глава |
Одлучување | Дефиниција за глобалните постапки на одлучување. Ова може да се однесува на дефиниции кои истовремено важат за многу заинтересирани страни во целото движење, вклучувајќи ги, меѓу останатото, Фондацијата Викимедија, подружниците и заедниците. | Се изготвува целосна нацрт-глава |
Измени и спроведување | Дефиниција за измена на Повелбата и постапките на спроведување. Тука се објаснува како ќе се спроведуваат измените во Повелбата по нејзината прва ратификација. Опишува и како измените во Викимедииното движење предвидени со Повелбата ќе се спроведуваат во пракса. | |
Поимник | Подробен преглед на клучната содржина и дефиниции на клучни поими употребени во секоја глава на Повелбата на движењето. | Во тек е советување со заедницата |