Исклучување на застарените рува
За да можеме подобро да ги искористиме ограничените ресурси, од 15 до 24 април 2013 г. сите рува освен „Векторско“, „Монобук“, „Современо“ и „Келнско сино“ ќе бидат трајно отстранети од МедијаВики, а со тоа и сите Викимедиини викија. Ако користите некое од застарените рува,[1] е бидете автоматски префрлени на основното руво на вашето вики (обично „Векторско“).
Колку корисници ќе бидат засегнати?
Околу 0,53% од активните корисници на Викимедија и околу 0,39% од активните корисници со преку 1.000 уредувања. Ќе засегне и 0,31% од корисниците што не се повеќе активни (што немаат уредувања или најави во последните шест месеци). Полн разложен статистички преглед ќе најдете full statistical break-down|тука.
Што треба да направам?
Доколку сега користите „Мононбук“, „Современо“, „Келнско сино“ или „Векторско“ (на пр. ако никогаш го немате менувано рувото), оваа промена нема воопшто да ве засегне, и не треба да правите ништо. Ако моментално користите старо руво, но немате против да го користите основното руво на викито („Векторско“), тогаш исто така не треба да правите ништо.
Во спротивно, можете да појдете на вашите нагодувања (најгоре на секоја страница), да стиснете на второто јазиче („Изглед“), и да одберете „Векторско“, „Монобук“, „Современо“ или „Келнско сино“, па притиснете на „Зачувај“ најдолу на страницата. Ако не знаете кое да го одберете, испробајте ги и одлучете се.
Зошто го правите ова?
Главанта причина за ова се новите функции - соопштенијата на повеќе викија, подобрување во патролирањето на страниците, полесна употреба на разговорите и други подобрувања. Сите тие треба да работат на сите рува. Не можеме да воведуваме и заменуваме програми и можности што не би работеле за дел од заедницата. Тоа е недозволиво.
Проблемот е во тоа што имаме поголем број на стари рува, и поддршката за сите нив ги чини програмерите труд и време (а со тоа и дарувани средства). Што повеќе време трошиме на поддршка за 9-10 разни рува, тоа помалку можеме да се посветиме на новите можности или на одржување на постоечките. Старите рува исто така ставаат граница на изводливоста на новите идеи - некои мошне корисни функции не работат на рува од 2001 или 2002 г. На крајот соочени сме со изборот дали да изработуваме ограничени можности бавно, да оттуѓиме дел од корисниците, или пак да ги исклучиме старите рува. Се решивме за третото.
Зошто ги задржувате овие четири рува?
Рувата што ги задржуваме („Векторско“, „Монобук“, „Современо“ и „Келнско сино“) се избрани бидејќи работат со сите сегашни функции и/или активни одржувачи. „Векторско“ е официјалното руво што го нудиме, и него секогаш го осовременуваме со нови можности и му ги отстрануваме грешките. Останатите три („Монобук“, „Современо“ и „Келнско сино“) се поддржуваат од доброволни програмери кои посветуваат лично време и труд за да ги одржуваат. Ние, во фондацијата, ќе настојуваме да обезбедиме „достоинствено онеспособување“ на овие три постари рува, така што поновите функции би работеле во извесна мера. Меѓутоа, со текот на времето, ако престанат да работат како што треба, и тие ќе бидат остранети.
Нели старите рува се подобри за бавни врски/сметачи?
Претежно не. Порано најстарите рува бараа помалку код и беа подобри за корисниците со бавни врски и сметачи. Меѓутоа, почнувајќи од 2011 г, системот претрпе техничка промена, што значи дека сега разликата е занемарлива (највеќе до неколку килобајти, т.е. 5% од тежината на типичната страница).
Од друга страна пак, „Векторско“ и „Монобук“ користат неколку позадински слики (за разлика од, да речеме, рувото „Класично“/„Стандардно“), што може во мала мера да го зголеми оптоварувањето на обработувачот. Рувата „Современо“ и „Келнско Сино“ не додаваат ништо.
Прилагодените скрипти во js/css наменети да го имитираат изгледот рува исто така бараат дополнително време за вчитување.
Призврзаник сум извесни нешта од некое старо руво – што да правам?
Сите рува допуштаат нивно менување со ваши прилагодувања. Доколку сакате, можете да внесете елементи од старите рува во сегашните. Со ова ќе можете да ги задржите нештата што ви се допаѓаат. Побарајте помош од други корисници на Селската чешма, исто како со другите прилагодувања.
Доколку ви треба помош, поставете јасно, изводливо и дискретно барање до Техничката поддршка, опишувајќи која конкретна функција од кое старо руво би сакале да ја задржите во поновото руво. На пример, „Го користев рувото 'Класично', а сега би сакал да го користам 'Монобук'. Како да го наместам фонтот да биде серифен наместо бессерифен?“
Белешки
- ↑ „Шик“, „Класично“, „Мое руво“, „Носталгија“ и „Просто“.