Универзален правилник на однесување/ЧПП

This page is a translated version of the page Universal Code of Conduct/FAQ and the translation is 100% complete.
Универзален правилник на однесување

Советувања

1. Како е УПО поврзан со други иницијативи и советувања на Стратегијата на движењето, како на пример Повелбата на движењето?
УПО е клучна иницијатива произлезена од разговорите на заедницата и стратешкиот процес поврзани со „Викимедија 2030“. Третата препорака од дискусијата за Стратегија на движењето беше грижа за безбедноста и вклучителноста во рамките на заедниците, при што создавањето на правилник на однесување беше оценето како најприориетна иницијатива на оваа препорака. Напоредно со советувањата за Универзалниот правилник на однесување се одржаа и глобални разговори за други стратешки иницијативи како Повелбата на движењето.
2. На која основа беа избрани заедниците за локалните советувања?
За советувањата на локални јазици, заедниците од I фаза беа избрани врз основа на неколку чинители, вклучувајќи ги стапката на раст и состојбата на локалните правила на однесување. Повеќе информации за процесот од I фаза ќе добиете тука. Друг практичен услов беше достапноста на квалификувани посредувачи кои ги говорат локалните јазици.
Како и во I фаза, изборот на заедници за II фаза се темелеше на бројни чинители. Првиот беше податоците за постоечката инфраструктура за спроведување на различни Википедии во однос на локалните правила. Посредувачите беа избрани да претставуваат заедници со различни степени на постоечко спроведување, со цел да донесат разновидни гледишта. Улога играше и достапноста на квалификувани посредувачи, како и стрмежот кон поширок географски опфат.
3. Дали Фондацијата Викимедија објави дека УПО ќе важи за сите Викимедиини проекти и простори?
Да. Бидејќи УПО ќе стане дел од Условите на употреба, поединечните заедници нема да можат да се изземат од глобалните правила. Ако има постоечки правила и практики кои му пркосат на УПО, тие прашања треба да се постават на почетокот на процесот за да можат да се разгледаат и решат. На 2 февруари 2021 г. Одборот на доверители формално го одобри УПО како правило кое ќе важи за сите проекти и активности на Викимедииното движење. Ваквиот опфат беше јасно назначен уште од самиот почеток на советувањата во I фаза на изготување на нацрт, и беше објавен на Мета, wikimedia-l и многу поединечни проекти. Список на известувањата на малите и средните викија ќе најдете на оваа страница. Поединости за советувањата на поголемите викија ќе најдете тука.

Преводи

4. Дали УПО и неговата придружна документација ќе бидат достапни на сите јазици?
Проектната екипа на УПО ќе работи на преведување на сите поважни документации и објави на што повеќе јазици користејќи комбинација од преведувачки агенции и доброволци. Ова е голем потфат кој ќе потрае, и не можеме да го направиме сами. Им препорачуваме на доброволците кои би сакале да преведуваат материјали или сакаат истите да бидат достапни на нов јазик, да ни пишат на ucocproject wikimedia.org. Иако не е возможно да се преведат сите материјали на сите можни јазици, ние сме посветени на што пошироко учество во процесот на УПО на што повеќе јазици.
5. Во случај на разидувања и спротиставености во толкувањето, која јазична верзија на нацртот ќе се смета за официјална?
Екипата на УПО работи на тоа да објави што повеќе преводи на УПО, напатствијата за негово спроведување и поврзаните страници. Меѓутоа, преводите се несовршении, и ние користиме низа пристапи (платени агенции, доброволци, персонал итн.) за да ги завршиме преводите, при што секој од нив има свои предизвици во поглед на точноста. Ги повикуваме заедниците да ни помогнат во пронаоѓањето и исправката на разидувања, и од нив бараме разбирање дека поправката на разидувањата бара време. Сè додека не го завршиме процесот, англиската верзија ќе се смета за официјална.

Спроведување

6. Какви ви се плановите за спроведување на УПО; на пример кој е одговорен за спроведувањето?
Согласно директивите на Одборот на доверители на Фондацијата (Одбор или ОД), спроведувањето е задршка на втората фаза на проектот, која започна откако Одборот ја одобри и објави конечната нацрт-верзија на УПО на 2 февруари 2021 г. Ова значи дека Викимедиините заедници ќе одредат како УПО ќе се применува, толкува и спроведува на локално ниво. На сите засегнати страни и заедници им препорачуваме активно да учествуваат во дискусијата за да обезбедат складност со постоечките практики, правила и процедури на заедниците. Конечно, УПО и стратегиите за негово спроведување треба да служат како основа низ целото движење. На заедниците на поединечните проекти им препорачуваме да разработат свои правилници на однесување кои би биле доградени на таа основа.
7. Како би се постапувало со прекршоците на УПО во присуствени ситуации, на пример, на настаните на Фондацијата или нејзините подружници каде воедно важи и правилото за пријателски простор? Кое правило би имало предност?
Бидејќи УПО нуди минимална рамка на напатствија, секогаш треба прво да се консултираат локалните правила и да се применуваат во склад со нивната применливост. Ова важи за настани исто толку колку што важи за однесувањето на било кој Викимедиин проект. УПО треба да се применува само во случаи кога локалните правила или механизми на спроведување не се доволни за да се справат со дадените проблеми.
8. Дали приватното пријавување на прекршувања на УПО е спротивно на слободната и танспарентна култура на Викимедија (каде, на пример, секој може да ја види историјата на една страница)?
Приватните пријави уште сега се прифаќаат од ред причини, како оние каде се бара откривање или потиснување на лично препознатливи информации, закани со насилство и други чувствителни прашања. Вакви пријави редовно добиваат надлежните за Доверба и безбедност/Правни работи, Надзорниците, Проверувачите, Надгледувачите, арбитражните комитети и други. Значаен број на учесници имаат изразено неволност да пријават вознемирување во јавни одржувалишта бидејќи ова може да предизвика уште повеќе непријатности. Едно од важните прашања во II фаза беше разгледувањето на потребата да се одржува рамнотежа меѓу транспарентноста и должноста да се заштитат жртвите на вознемирување.
9. Каква поддршка им нуди Фондацијата на лицата одговорни за спроведување на УПО?
Фондацијата се стреми да го поддржува УПО во сите негови развојни фази: изготвување на нацрт-правила, советувања за спроведувањето, а потоа да осигура дека патиштата на спроведување работат добро. Веќе се преземаат извесни чекори за да се обезбеди успешно остварување на УПО. Ова вклучува обезбедување на поддршка за оние кои би биле одговорни за спроведувањето на УПО. На пример, Екипата за развој на заедниците веќе отпочнаа пилотни програми за семрежна обука. Како што ќе добиваме подобар увид во потребите на заедниците во текот на советувањата во II фаза, така ќе имаме подобри сознанија за тоа на кои видови поддршка треба да им се даде предност.

Периодични разгледувања

10. Дали ќе има периодични разгледувања и измени во УПО откако ќе се доврши? Ако да, тогаш кој ќе биде одговорен за тоа?
Да. Правното одделение на Фондацијата ќе приреди разгледување на УПО и Напатствијата за спроведување една година по нивната ратификација. Понатамошните разгледувања може да ги приредуваат новопроизлезените управувачки структури како оние предложени од процесот на Стратегијата на движењето.
11. Кој ќе ги преиспитува правилата во иднина ако се јави итна потреба за промена?
Како и кај другите правила на Фондацијата, барањата за итни промени се поднесуваат во Правното одделение на Фондацијата. Ова одделение во минатото водеше разговори во заедницата за промени и дополнувања (на пр. измените на Условите на употреба/Платени придонеси од 2014 г.) и поседува структура и процес за справување со вакви ситуации.

Спротивности со локалните правила

12. Што се случува кога локалните правила се во спротивност со УПО?
Откако Одборот ќе го прифати УПО, сите Викимедиини заедници ќе бидат поканети да ги прегледаат нивните постоечки правила за да се осигураат дека ги исполнуваат очекувањата на УПО. Заедниците можат да одат понатаму од УПО и да разработат поподробни правила, но да внимаваат нивните локални правила да не бидат под основниот стандард пропишан од УПО. Ако има потреба, заедниците и Фондацијата можат да работат заедно на ускладување на парвилата. Фондацијата ќе биде на располагање за помош сè до крајот на проектот.
13. Далу УПО ќе важи и за проектите кои веќе имаат локални правила и напатствија?
УПО има за цел да создаде најосновни стандарди на однесување во движењето. Проектите со добро развиени правила обично ги задоволуваат или надминуваат очекувањата на УПО и начелно не би требало прават многу промени во локалните правила за да бидат во склад со глобалните правила.
14. Секој Викимедиин проект има свои напатствија и правила на однесување напишани од корисниците на тој проект според нивните потреби. Дали УПО ќе ги измени овие напатствија и правила?
УПО не е предвиден како замена за постоечки делотворни стадарди на однесување. Наместо тоа, УПО ќе служи како основен стандард за сите проекти, особено за оние кои имаат малку или никакви стандарди на однесување. Заедниците можат да се послужат со УПО за да разработат културно поприкладни норми или да ги прилагодат постоечките напатствија според нивните потреби.
15. Што ако УПО не задоволува 100 % од потребите на нашата заедница?
УПО со сигурност нема да ги задоволи сите потреби на заедницата. Исто така, многу е веројатно дека УПО ќе се развива во иднина. На заедниците им се препорачува да ги надоградат нивните правила на негова основа. На пример, УПО може да вели, „Треба да се сосредоточите на тоа што е најдобро не само за вас како поединечен уредник, туку за Викимедиината заедница во целина“. Ова е многу широко. Многу Викимедиини проекти веќе имаат многу поподробни правила за справување со вакви проблеми, како што се судирите на интереси. Доколку вашиот проект нема вакви правила, таквата реченица во УПО би била појдовно правило за сите судири кои би се јавиле на оваа тема. Но УПО може да служи и како добар потсетник за разработка на поподробниправила за оваа или други теми.
16. Како УПО би се вклопил во сите културни контексти?
УПО можеби не се вклопува во сите културни контексти, но нацртниците се погрижија да го направат што е можно повклучителен. Екипата за УПО соработуваше со зедници кои претставуваат различни култури и ги зеде предвид нивните мислења. Нацртниот комитет ги имаше на ум тие сознанија при изработката на нацртот. Ако забележите уште културни празнини во нацртот, ставете ни знаење на главната разговорна страница за Универзалниот правилник на однесување, и тие прашања може да се вклучат во првата или следните годишни преработки.

Преклоп со Условите на употреба

17. Зошто е неопходно да постои УПО кога одделот 4 од Условите на употреба покрива правила на однесување како „Воздржување од одредени активности“?
Одделот 4 од Условите на употреба на Викимедија покрива некои напатствија за однесување заедно со напатствијата за содржини како кршење на авторски права и платени придонеси. Меѓутоа, тој список не е сеопфатен. Универзалниот правилник на однесување има за цел да им помогне на заедниците да го применат Одделот 4 од Условите на употреба со поподробно изложување на очекувањата за однесувањето.
18. Зошто пишуваме нов УПО наместо да го преработиме Одделот 4 од Условите на употреба?
Условите на употреба треба да останат читливи и кратки, па затоа некои информации се издвојуваат во други документи. На пример, Правилата за лиценцирање и Правилата за лиценцирање на Ризницата се вклучени како врски. Согласноста со Условите на употреба значи и согласност со тие документи. Издвојувањето на Универзалниот правилник на однесување ќе му овозможи да биде поподробен ако е потребно. Тоа би ја олеснило неговата поднова според променливите потреби на нашето движење.

Вклученост на Фондацијата Викимедија

19. Зошто Фондацијата Викимедија е вклучена во изготвувањето на овие прописи?
Одборот на доверители побара од Фондацијата Викимедија да го поддржува овој процес. Во склад со препораките што ги дадоа членовите на заедницата во процесот на Стратегијата на движењето, УПО беше изготвен од комитет сочинет од доброволци и вработени во Фондацијата.
20. Какви би биле „фактичките“ мерки кои би ги презела Фондацијата Викимедија ако некој го прекрши УПО?
Фонацијата Викимедија нема да се занимава со највеќето прекршувања на УПО. Со нив ќе се справуваат локалните заедници и глобалните функционери. Моментално истото важи и за прекршувањата на Условите на употреба. Точните поединости за спроведувањето ќе бидат одредени по ратификацијата на Напатствијата за спроведување.
21. Дали УПО ќе подлежи на гласање?
Одборот на доверители го ратификуваше УПО во февруари 2021 г. и тој сега е активно правило. Напатствијата за спроведување на УПО ќе претрпат ратификационен процес во 2023 г., одразувајќи ги барањата за таков процес во отвореното писмо на Арбитрите упатено до Одборот на доверители од април 2021 г.

Остварување

22. Од што се состојат Напатствијата за спроведување на УПО?
Напатствијата за спроведување на УПО се состојат од превентивна работа (подигање на свеста за УПО, препораки за обуки за УПО, покрај останатото) и реактивна работа (подробна разработка на процесот за поднесување, обработка на пријавените прекршоци, обезбедување на ресурси за нив, одредување на спроводителни дејства за прекршоците…) предвидени да им помогнат на членовите на заедниците добро да се ускладат со процеси кои се праведни и рамноправни во сите заедници и да обезбеди најбезбедна работна околина за сите.
23. Колку често ќе се подновуваат напатствијата?
Текстот на правилата и напатствијата ќе бидат периодичнио преиспитувани, вклучувајќи една година по нивното воведување.
24. Кој ќе врши надзор врз УПО?
Координативниот комитет на Универзалниот правилник на однесување, наречен U4C. U4C ќе ги следи извештаите за кршење на УПО и може да врши дополнителни истраги и да презема мерки онаму кајшто е потребно. U4C редовно ќе го надгледува и проценува спроведувањето на Правилникот и може на Фондацијата Викимедија и заедницата да им предлага соодветни промени во УПО. Кога е потребно, U4C ќе ѝ помага на Фондацијата Викимедија во решавањето на случаи. U4C не може да го менува УПО, да решава спорови меѓу Фондацијата и нејзините подружници, да создава правила кои би го заобиколиле или занемариле УПО, или да делува по било кое прашање кое не се однесува на УПО или неговото спроведување.
25. Како U4C ќе содејствува со други одлучувачки тела како арбитражните комитети?
U4C е предвиден да биде врховно одлучувачко тело онаму кајшто не постои повисоко одлучувачко тело (како заедниците без арбитражен комитет или други слични процеси), или како место каде вишите одлучувачки тела ги упатуваат случаите. U4C ќе работи и како одлучувачко тело за тешки систематски проблеми со кои не можат да се справат постоечките структури на спроведување.
26. Како ќе се состави U4C?
Нацртниот комитет се заложи за создавање на Комитет за изградба на U4C. Овој комитет ќе биде сочинет од членови на заедницата кои ќе соработуваат со Фондацијата на создавањето на постапка за составување на U4C.