Template:Main Page/Intro/mk

Мета-вики

Добре дојдовте на Мета-вики — мрежно место на глобалната заедница посветена на Викимедиините проекти и Викимедииното движење воопшто. Разговорите кои се водат на Мета се со различен карактер: од координација и документација, па до планирање и анализа на идните активности во рамките на движењето.

Другите викија што се задржуваат на вакви тематики како „Досег“ (Wikimedia Outreach) се наменски проекти кои водат потекло од Мета. Дискусии од овој вид се одвиваат и на поштенски списоци (особено на wikimedia-l и нископрометниот подружник WikimediaAnnounce), на IRC-канали на freenode, на поединечните викија на подружниците и разни други места.