Прибирање средства/Превод/Благодарница 20140606

This page is a translated version of the page Fundraising/Translation/Thank you email 20140606 and the translation is 95% complete.
Other languages:
Afrikaans • ‎Bahasa Indonesia • ‎Bahasa Melayu • ‎Cymraeg • ‎Deutsch • ‎English • ‎Esperanto • ‎Gaeilge • ‎Lëtzebuergesch • ‎Nederlands • ‎Nordfriisk • ‎Tagalog • ‎Tiếng Việt • ‎Türkçe • ‎azərbaycanca • ‎bosanski • ‎català • ‎dansk • ‎emiliàn e rumagnòl • ‎español • ‎euskara • ‎français • ‎galego • ‎hrvatski • ‎interlingua • ‎italiano • ‎latviešu • ‎magyar • ‎norsk bokmål • ‎polski • ‎português • ‎português do Brasil • ‎română • ‎shqip • ‎slovenčina • ‎suomi • ‎svenska • ‎čeština • ‎Ελληνικά • ‎башҡортса • ‎македонски • ‎русский • ‎українська • ‎ייִדיש • ‎עברית • ‎اردو • ‎العربية • ‎فارسی • ‎मराठी • ‎संस्कृतम् • ‎हिन्दी • ‎বাংলা • ‎தமிழ் • ‎తెలుగు • ‎አማርኛ • ‎中文 • ‎中文(中国大陆)‎ • ‎中文(简体)‎ • ‎日本語 • ‎한국어

[ifFirstnameAndLastname] Почитуван(а) [given name], [elseifFirstnameAndLastname] Драг дарителу, [endifFirstnameAndLastname]

Ви благодарам за Вашиот вреден придонес, со помош на кој можеме да му понудиме знаење секому ширум светот.

{% if "RecurringRestarted" in contribution_tags %} Неодамна решивме еден мал технички проблем што ја запре уплатата на извесни месечни донации. Сега уплатите се во ред и нештата одат според планот. Нема да ви ги наплатиме прескокнатите месеци. Ви благодариме на трпението и поддршката, и слободно обратете ни се на donate@wikimedia.org ако имате некакви прашања. {% endif %}

{% if "UnrecordedCharge" in contribution_tags %} Неодамна исправивме мал технички проблем поради кој мал број дарители не добиваа даночна потврда. Ова писмо е благодарница за уплатата на [date]. и не се однесува на ново дарување. Ви благодариме на трпеливоста и поддршката. Ако имате некакви прашања, слободно пишете ни на donate@wikimedia.org. {% endif %}

Јас сум Лила Третиков и сум Извршен директор на Фондацијата Викимедија. Во текот на изминатата година, дарувањата како Вашето ни беа двигател за да ја прошириме енциклопедијата на 287 јазици и да ја направиме подостапна низ целиот свет. Се стремиме да направиме најмногу на местата без друг пристап до образование. Ние им носиме знаење на лица како Акшаја Ијенгар од Солапур, Индија. Како жител на мало ткајачко гратче, таа порасна користејќи ја Википедија како основен извор на сознанија. Википедија е од суштинско значење за учениците во вакви места, кајшто книгите се мошне оскудни, но постои мобилен семрежен пристап. Акшаја потоа заврши виша школа во Индија и сега работи како програмски инженер во САД. Според нејзино искажување, токму Википедија е таа што ѝ го дала половина од знаењето кое го поседува.

Оваа приказна не е единствена. Нашата задача е возвишена и имаме големи предизвици. Највеќето луѓе што ја користат Википедија се изненадуваат кога ќе разберат дека со неа раководи непрофитна организација која работи со средства од Вашите донации. Секоја година некако успеваме да добиеме доволно донации за да можеме и понатаму да го ставаме на располагање збирот од сите човечкови знаења на секого во светот. Ви благодарам што ни помагате да ја остваруваме нашата задача.

Во име на речиси половина милијарда луѓе што ја читаат Википедија, илјадници доброволни уредници и сиот персонал на Фондацијата, би сакала да Ви се заблагодарам што помогнавте да ја одржиме Википедија во служба на светот и без реклами и оваа година.

Ви благодарам,
Лила

Лила Третиков

Извршен директор,
Фондација Викимедија

donate.wikimedia.org

Многу работодавачи даваат истомерни прилози кога даруваат нивните вработени: проверете дали вашето претпријатие има програм за истомерно дарување.

За Ваша евиденција: Вашиот прилог со број [contributionId] е даден на [date], во износ од [amount].

[ifRecurring] Оваа донација е дел од повторлива уплата. Фондацијата секој месец ќе одбива средства сè додека не нè известите да престанеме. Ако сакате да се откажете од ова, погледајте го [#recurringCancel упатството за лесно откажување]. [endifRecurring]

Ова писмо може да Ви послужи како евиденција за Вашата донација. За донацијава не се доставени стоки или услуги, во целост или делумно. Фондацијата Викимедија (Wikimedia Foundation, Inc.) е непрофитна добротворна корпорација изземена од даночење во САД согласно 501(c)(3). Нашата адреса гласи: 149 New Montgomery, 3rd Floor, San Francisco, CA, 94105. U.S. број на даночна изземеност: 20-0049703

Откажување:

Како дарител, ние би сакале да бидете во тек со нашите активности и прибирањето на средства. Меѓутоа, доколку претпочитате повеќе да не добивате вакви пораки од нас, стиснете на врската подолу за да Ве отстраниме од списокот.

[#unsubscribe Откажи претплата]


Помогнете ни да го [#translate преведеме] писмово.