ВикиЗаЧовековиПрава

This page is a translated version of the page WikiForHumanRights and the translation is 100% complete.


Заглавие за метастраницата „Вики за човекови права“ 2022: Право на здрава животна средина GIF
Заглавие за метастраницата „Вики за човекови права“ 2022: Право на здрава животна средина GIF
#WikiForHumanRights 2023: Право на здрава животна средина

ВикиЗаЧовековиПрава: Право на здрава животна средина 2023

Походот #WikiForHumanRights има за цел да се погрижи секој да има пристапдо неутрални, фактографски и тековни информации во врска со нашето Право на здрава животна средина. Ова е законско право признаено од ООН (Правото на чиста, здрава и одржлива средина), но и начин да ги поврземе човековите права со тројната планетарна криза со која се соочуваме: климатските промени, загадувањето и загубата на биоразновидноста. Како што нагласи Програмата а животна средина на ООН: треба да постапуваме со Мирољубивост кон природата, и решенијата треба да се сосредоточат околу човековите права.

Улогата на Википедија е важна како никогаш досега. Секој и секаде треба да има пристап до информации за тоа како климатските промени и распувањето на животната средина влијаат врз нивниот живот. Можеме да ги подобриме знаењата за здравите природни системи на кои сите се потпираме за водата што ја пиеме, воздухот што го дишеме, храната што ја јадеме и ресурсите кои ни се потребни. Со #WikiForHumanRights годинава се задржуваме на тоа како месните заедници се засегнати од најнеодложните еколошки проблеми во нивниот контекст, меѓу кои и тројната планетарна криза објавена од ООН, загубата на биоразновидност и загадувањето.

Инфорираноста игра клучна улога во нашата заедничка сопсобност да ги разбереме овие меѓусебно поврзани кризи, но и како да ги ублажиме причинителите и да се сообразиме во името здравата иднина за сите нас. Остварувајќи го човековото право на здрава животна средина ги оспособуваме најзасегнатите од еколошките штети како загадувањето, климатските промени и загубата на биоразновидноста за да ја одбраниме нашата средина, да учествуваме во носењето одлуки и да дојдеме до правда и заштита на нашите човекови права. Пополнувајќи ги празниинте на Википедија на овие теми ѝ овозможуваме на јавноста да носи иладници одлуки кои се потребни за справување со овие неодложни еколошки кризи.

Како да учествувате во предизвикот!

Учествувајте во настан на заедницата!

Предводете активност!

Имате прашања за нас?

Погледајте го видеото за походот „ВикиЗаЧовековиПрава 2022“

Теми на задршка:

Кога станув збор за правото на здрава животна средина, ООН се задржува на Тројната планетарна криза која опфаќа:

  • Важноста на еколошката правда, климатската правда и човековите права во приодот кон месната, националната и меѓународната акција против климатската криза
  • Човечката благосостојба соочена со штетата врз животната средина предизвикана од загадување, со задршка на непосредното влијание врз другите човекови права (т.е. загадувањето и здравјето, правото на вода итн.)
  • Биоразновидноста и човековите права — како човечката благосостојба зависи од биоразновидноста на природниот екосистем

Пуштањето на настанот на 18 април и уредувачките натпревари за 2023 г. посебно се задржуваат на загадувањето и токсичниот отпад. Регионалните походи за оваа година го одредуваат она што е важно во нивната месна околина.


Времеслед

  • Глобални походни активности (содржински потфати како уредувачки маратони, преведувачки натпревари, уредувачки натпревари, фотопрошетки итн.; вебинари; работилници и конференциии) — април-јуни 2023 г.
  • Регионални термини — јануари-февруари 2023 г.
  • Седници за градење капацитет — февруари-март 2023 г.
  • Седници за вмрежување — февруари-јуни 2023 г.
  • Меѓународниот вебинар за отпочнување на 18 април 2023 г.
  • Меѓународен уредувачки натпревар — 15 април-15 мај 2023 г.
  • Младинско програмирање — февруари-април 2023 г.
  • Пријави за брзи доделби — Циклус 7, јануари-март 2023 г. со кран рок на 30 јануари и Циклус 8, март-мај 2023 г. со краен рок на 20 март 2023 г. Повеќе информации ќе најдете тука.