Задача
Прогласот за задачата на Фондацијата Викимедија ги опишува нашите тековни активности и цели, делокругот на нашите проекти, и нашите основни вредности. Ова се разликува од прогласот за задачата. Нашиот проглас за мисијата е елаборација на кратката верзија во „Одредба за здружување“, одобрен со решение на одборот во април 2007 и гласи:
Задачата на Фондацијата Викимедија е да обезбеди можности и да ги вклучи луѓето ширум светот да собираат и разработуваат образовни содржини под слободна лиценца или во јавна сопственост, и да го шират тоа знаење делотворно и глобално.
Во соработка со мрежата на ограноци, Фондацијата овозможува основната инфраструктура и огранизациона структура за поддршка и развој на повеќејазични википроекти и други потфати кои ќе ѝ служат на задачата. Фондацијата ќе создава и нуди полезни информации од нејзините проекти на семрежјето бесплатно, засекогаш.
Ова е точна копија на изворниот проглас за мисијата и како таква е соодветно формулирана. Сите предлози за менување на зборовите во прогласот треба да се упатуваат на страницата Mission/Unstable, и сите предлози ќе бидат разгледувани барем еднаш годишно.