ContribuLing 2022

This page is a translated version of the page ContribuLing 2022 and the translation is 93% complete.
ContribuLing 2022 Програма Контакт Разговор
Лого на ContribuLing

Вовед

Кога станува збор за дигитализација и сметачка обработка на јазиците, постојат битин разлики во поглед на достапноста на јазичните ресурси за поединечни јазици. Од своја страна, ова значително влијане врз постоечките податоци и програмска опрема, било тие да служат за создавање или собирање на податоци (на пр. тастатури, препознавање на говор или текст, семрежни ползачи) или за обработка на податоците и сродни услуги (на пр. пребарувачи, енциклопедии, изучување на јазици, разговорни ботови).

Со оглед на осостојбата, во изминатите неколку години се пуштени многубројни проекти кои имаат за цел да го олеснат создавањето и споделувањето на јазични ресурси. Второспоменатите претежно се наменети за собирање на податоци, како на пр. корпуси на текст или говор, речници, поимници и граматики. Еден од главните предизвици е секому да му се овозможи лесен преистап до таквите платформи на јазични ресурси.

ContribuLing

Собирот „ContribuLing“, кој е заеднички напор на INALCO, Викимедија Франција, Викимедија МА (Мароко) и BULAC, ќе се одржи на 22 април 2022 г. семрежно и физички во Париз (ако допуштаат здравствените околности). Тој има за цел на раководителите со платформи на јазичарски ресурси да им понуди можност да ја претстават својата работа и да приредат работилници кои би им овозможиле плодотворна работа на идните корисници.

Главната цел на „ContribuLing“ е да привлече што повеќе луѓе кои би ги користеле тие платформи за да учествуваат со свои придонеси. Дополнителна придобивка е тоа што вака ќе се овозможи развојот на кориснички групи кои ги делат истите алатки или платформи. Ќе се стави нагласок на создавањето на податочни збирови, но и на оспособувањето на присутните да го прават истото.

Given its international aspect, presentations and workshops in Contribuling will have live interpretation, allowing participants to fully participate in both French and English.

Посета на настанот

Проектот ќе се состои од претставувања на алатки и платформи со кои би се дало можност за подобрување на нивната осмисленост и начин на употреба. Работилниците посветени на одделни јазици ќе им помогнат на идните учесници во употребата на алатките и платформите во однос на тие дадени јазици.

За да присуствувате на настанот, пополнете го овој образец.

Приредувачки одбор

  • Reda Benkhadra (Wikimedia MA)
  • Adélaide Calais (Wikimédia France)
  • Johanna Cordova (Inalco / ERTIM / Amériques)
  • Émilie Guimier de Neef (Orange)
  • Molá Kɔŋgɔ́ (Idemi Africa)
  • Nonhouegnon Letchede (Idemi Africa)
  • Pierre Magistry (Inalco / ERTIM)
  • Elvis Mboning (NTeALan)
  • Damien Nouvel (Inalco / ERTIM)
  • Juliette Pinçon (BULAC)
  • Lucas Prégaldiny (Wikimédia France / Lingua Libre / UGA)
  • Jhonnatan Rangel Murueta (Inalco SeDyl)
  • Anass Sedrati (Wikimedia MA)
  • Bastien Sepúlveda (BULAC)
  • Emma Vadillo Quesada (Wikimédia France / Lingua Libre / Amériques)
  • Ilaine Wang (Inalco / ERTIM)


Партнери