Годишен план на Фондацијата Викимедија
Годишниот план на Фондацијата Викимедија е план за работа на Фондацијата Викимедија секоја година. Тие се предвидени за нејзината фискална година, која почнува на 1 јули и завршува на 30 јуни наредната година. Создавањето на план понекогаш се нарекува Процес на годишно планирање или ПГП.
Список на годишни планови
- План за 2024-25 г. (се спроведува)
- План за 2023-24 г.
- План за 2022-23 г.
- Среднорочен план (2019-202x)
- План за 2019-2020 г.: вкупни износи | краток преглед
- План за 2020-2021 г.
- План за 2021-2022 г. | Завршен извештај за 2022 г.
- План за 2018-19 г. (на вики) | Нацрт | Полугодишен преглед
- План за 2017-18 г. (на вики) | Нацрт: прв | Полугодишен преглед
- План за 2016-17 г. (на вики) | Нацрти: прв - втор | Полугодишна контрола
- План за 2015-16 г. (PDF) | на Мета | ПиО | нацрт
- План за 2014-15 г. (PDF) | на Мета | ПиО
- План за 2013-14 г. (PDF) | на Мета | ПиО
- План за 2012-13 г. (PDF) | ПиО
- План за 2011-12 г. (PDF) | ПиО
Често поставувани прашања (ЧПП)
- Што е годишен план?
- Годишниот план е високостепенска патна карта на тоа што една организација сака да го постигне во претстојната година. Обично во него се наведуваат клучните приоритети, потребните ресурси и пожелните исходи кои заеднички се остваруваат со Викимедииното движење, притоа вклопувајќи се во пошироките рамки на нашите повеќегодишни обврски и стратешката насока на Викимедииното движење.
- Во Фондацијата Викимедија годишниот план има за цел да им даде насока на раководителите и екипите кои ги во обликувањето на проектите на кои работат во текот на годината. Намерата не е да се даде список на проекти за технички функции бидејќи тие се развиваат и менуваат во текот на годината. Годишниот план содржи приоритети и високостепенски хипотези кои ги водат екипите во истражување, осмислување, испробување и спроведување на различни стратегии. Планот е наменет претежно за внатрешните одделенија, екипи и поединечни вработени кои се служат со него како водилка во нивната работа во годината, што е одразено во тонот, јазикот и структурата на планот. Тој е изграден во соработка и секоја година се објавува прво во нацрт, а потоа во конечен облик за да понуди транспарентност и да повика на мислења од викимедијанците.
- Кои се главните делови на годишниот план?
- Почнувајќи од фискалната 2023-24 година, Фондацијата објавува оддели наменети на четирите главни цели втемелени во стратешката насока: Инфраструктура, Праведност, Безбедности и интегритет, и Делотворност. Годишниот план обично содржи и информации за најважните надворешни трендови кои може да влијаат на нашата работа и нашите операции, функции на одделенијата, буџетот, доделувањето на средства и структурата на приходите.
- Зошто Фондацијата има годишен план?
- Годишниот план ѝ помага на Фондацијата Викимедија да ги поврзе секојдневните активности на персоналот со нашата задача и пошироката визија, она што светот го бара од нас, како и стратешката насока на Викимедија. Со ова водачите на Фондацијата ги разгледуваат конкурентните приоритети за тоа како нивните екипи да го поминат времето во претстојната година и да се осигурат дека ги задоволуваме сложените и развивачки потреби на читателите, учесниците, дарителите и нашата подлога. Тој исто така му дава на персоналот на Фондацијата можност да ги провери овие приоритети и да ја подобри работата со доброволците, подружниците, Одборот на доверители и меѓусебната работа во разните екипи и одделенија.
- Кои се временски рамки на годишниот план?
- Фондацијата Викимедија се води по фискалниот календар јули-јуни. Ова значи дека фискалната година (ФГ) 2024-2025 го опфаќа периодот од јули 2024 до јуни 2025 г. Во текот на таа година ние обично ја следиме нашата работа во четири тримесечја.
- Како се изготвува годишниот план?
- Процесот донекаде се менува од година во година, но во последниве неколку години продолжуваме да го разработуваме и подобруваме процесот на соработно планирање.
- Дискусиите за фискалната година 2024-2025 почнаа со Разговор:2024 — разговори помеѓу персоналот на фондацијата, водачите, одборниците и викимедијанците ширум светот. Мислењата искажани во овие разговори одиграа улога во приоритетите поставени под целите во годишниот план. Разгвор:2024 беше проследен од повик од Главниот раководител за производи и технологија Селена Декелман за мислења по целите на нејзиното одделение следната година. Овие дели се надоградуваат на тековните разговори во Разговор:2024, кои ја подвлекоа важноста на продолжената задршка на потребите на нашата подлога и семрежните учесници. Главните заклучоци за производи и технологија беа објавени кон крајот на март и проследени од сите материјали за годишниот план на 11 април 2024 г.
- We welcomed ideas over a two-month period on-wiki, in community channels and through live discussions in co-created community spaces in many languages. Wikimedians shared their take on the proposed plans and about their own goals for the upcoming year. Inspired by what so many others are doing in their own work, we continue to find opportunities to collaborate and learn from the planning processes and work of others in the Wikimedia movement as well as other partners. Throughout the period changes were made to the plan - see edit histories and a summary of feedback, engagement statistics and changes to the annual plan will be available over the next few weeks like in previous years. As the annual plan is not meant to be a list of projects or technical features, which evolve throughout the year some of the conversations started during the annual plan will continue to be live conversations.
- Што го обликува годишниот план?
- Постојат неколку чинители кои влијаат на содржината на годишниот план на Фондацијата Викимедија. Почнуваме со мислата „Што бара светот од нас?“ Ова подразбира разгледување на глобалните трендови како подемот на погрешни информации и дезинформации, вештачката интелигенција, промените во трендовите на пребарување и глобалните промени во регулативите.
- По ова следува прашањето „што бара нашата публика од нас?“ На многу основно ниво нашата публика ги опфаќа учесниците, читателите и другите што ја користат нашата содржина, како и нашите дарители. Под учесници ги подразбираме сите оние што посветуваат дел од сопственото време за зголемување и подобрување на содржините на Викимедиините проекти како уредници (од сите степени на искуство), подигачи на содржини и доброволечки разработувачи. Во втората категорија спаѓаат сите од поединечни читатели, академски истражувачи до големи организации кои ја користат и пренаменуваат нашата содржина. За дарители ги сметаме сите што пружаат финансиска поддршка од било кој износ и по било кој пат. Го разгледуваме она што го слушаме текот на годината во врска со глобалните трендови на кои треба да се обрне внимание, потребите на инфраструктурата, програмската опрема, правните и регулативните предизвици и она што светот треба да го знае за нашата заедничка работа.
- На крај, важен дел од годишниот плен е она што не е во планот. Во текот на годишното планирање, персоналот и водачите на Фондацијата мора да одлучат за важните компромиси кои ќе треба да се направат за иднината на нашиот производ и програми. Еден дел од ова се должи на фактот што средствата за годишниот буџет ги собираме секоја година; накратко, можеме да го потрошиме она што ќе го собереме во дадена година, од што мал дел се двои зо финансиската резерва (за непредвидени случувања) и од Викимедиините покровители (за постабилен долгорочен приход). Она што го планираме зависи од буџетот и доходните проекции за годината, како и нашата посветеност на одржувањето на силен сооднос на програмски трошоци.
- За некои, постоењето на компромиси во расходите се чини невозможно со оглед на големината на годишниот буџет, но како планери ние мораме да размислуваме многу практично за тоа како буџетот се користи во поддршка на техничката инфраструктура што сакаме да ја одржиме. Со ова гледиште, Фондацијата Викимедија е уникатна: не постојат други покрупни технички организации во светот со споредлив промет, отпечаток на семрежјето, повеќејазична способност и пренамена на податоци што работат со непрофитен буџет, немаат реклами и не ги продаваат вашите податоци. Поради тоа, прашањата што обично си ги поставуваме не се „што треба да се поправи?“ туку „која е најважната прилика или проблем на кој треба да се задржиме годинава? Дали нашите екипи можат да имаат значајно влијание на тоа подрачје со расположливите ресурси?“
- Што се „цели и клучни резултати“ (ЦKР) и „хипотези“?
- Овој начин на изразување почнавме да го користиме за финансиската година 2023-2024 и ќе продолжиме со истиот во догледно време.
- Доброто стратешко планирање почнува со влијанието или промените што сакаме да ги направиме — да ја направиме Викимедиината содржина полесна за откривање, да го намалиме времето на вчитување на страниците во еден дел од светот, да ја зголемиме задршката на новодојденците, да го подобриме работниот тек на модераторите или да се заштитиме од извесен вид правни закани. Овие нешта се изразуваат како „цели“ или изјава која го доловува поширокото влијание што сакаме да го извршиме.
- Следниот чекор е да определиме неколку мерливи изјави кои би ни помогнале да ги постигнеме тие широки амбициозни цели. Тие се нарекуваат „клучни резултати“ и ги претставуваат вишите начини на кои можеме мерливо да покажеме дека сме ги постигнале нашите цели. Оттука создаваме хипотези за да претставиме како екипите сметаат дека можат да придонесат кон остварувањето на клучните резултати. Хипотезите се присутни кајшто ја вршиме подробната работа потреба за постигнување на овие цели. Информациите за хипотезите може да се најдат на проектните страници на поединечни екипи.
- На крај, ЦКР не се предвидени да ја опфатат сета наша дејност. Постојат многу задачи насочени кон одржувањето на кои персоналот на Фондацијата Викимедија проведува многу време во текот на годината, вклучувајќи го управувањето со заштитните знаци и брендот, одржување на програмската опрема и поправање на грешки, доверливост и безбедност на мрежното место и односи со јавноста и управувањето со угледот.
- Зошто сево ова звучи толку недоречено?
- Годишниот план во поширок размер го одразува она што сакаме да го смениме или постигнеме во дадена фискална година. Штом ќе ги поставиме тие приоритети, екипите на Фондацијата ја поминуваат годината осмислувајќи како да се постигне таа промена, како на пр. нова функција, податочен систем, инженерски работен тек, правна стратегија, поход за општење или програм за заедниците, а потоа ги спроведуваат.
- Како Фондацијата Викимедија ги оценува и споделува напредокот и влијанието?
- Во годишниот план има оддел за мерилата со кои се служиме за да добиеме претстава за нашето влијание и напредок со оглед на планот. Овие информации ги објавуваме рутински. Погледајте го примерот објавата „Зајакнување на врските во Викимедииното движење“ и новостите за постигнатиот напредок во планот за 2023-24 г. во објавата „Напредок во планот: Како Фондацијата Викимедија напредува во целите зацртани во Годишниот план“.
- Дали годишниот план е исто што и годишен извештај?
- Не. Годишниот план е плански документ за предвидена работа во претстојната година. Наменет е главно за персоналот, како и доброволците, дарителите и читателите. Годишниот извештај е документ во кој се обѕираме на нашето влијание во светот, и наменет е главно за дарителите и пошироката јавност.
Поврзано
- Мрежно место на Фондацијата Викимедија
- Страница на Мета за Фондацијата Викимедија
- Напредок според планот
- Редовни новисти од Марјана Искандер, Генерален директор на Фондацијата Викимедија
- Обиколката на Селена: Слушање на размисли и мислења
- Обраќање на Марјана по повод нејзината годишнина
- Размисли за годишното планирање во одделенијата за Производи и технологија на Фондацијата Викимедија
- Новости од Марјана за февруари 2024 г.
- Википедија: Повеќегенерациски потфат
- 20 години непрофитност на Википедија
- Раководното вики на Фондацијата Викимедија кое држи објавени раководни материјали, вклучувајќи правни и организациски политики покрај раководните документи за Одборот на доверители, Викимедиините покровители и Викимедииното претприемништво.