Глобален филтер за злоупотреби/Соопштение 2014

This page is a translated version of the page Global AbuseFilter/2014 announcement and the translation is 80% complete.
Outdated translations are marked like this.

Здраво,

Филтерот за злоупотреби (AbuseFilter) е додаток на МедијаВики кој се користи за спречување на вандализам и спам. Администраторите и другите привилегирани корисници создаваат филтри кои го анализираат она што се случува на викито (како што се уредувањата и правењето на сметки) и утврдуваат дејства кои веројатно претставуваат злоупотреба (на пр. уредувања кои чисто внесуваат повторени букви). Раководителите можат да означуваат поединечни филтри како јавни или приватни. Јавните му овозможуваат на секој корисник да погледа во нивниот изворен код и записникот на дејства што го предизвикале да се вклучи. Приватните филтри (изворен код и предизвикувачки дејства) можат да ги разгледуваат само раководителите.

Филтрите за злоупотреба надгледуваат со уредувања, преместувања на страници, подигања на податотеки, создавања на сметки и повеќе. Создавачите на филтри можат да изберат една од следниве дејства кога ќе се утврди непожелна постапка: означување на уредувањето, спречување на уредувањето, опомена на корисникот со посебно напишана порака или да го блокираат. Секоја непожелна постапка се заведува во записник. Целата документација за додатокот „Филтер за злоупотреби“ ќе ја најдете на MediaWiki.org.

Техничката работа за создавање на глобален (низ збир Викимедиини викија) филтер за злоупотреби започна во 2009 г. Во 2012 г. на Мета беше поднесен предлог за создавање на Глобален филтер за злоупотреби (Global AbuseFilter). Истиот доби мнозинска поддршка, но расправата беше слабо разгласена и имаше мало учество. Предлогот речиси две години беше во мирување, но техничката разработка продолжи полека да се одвива. Во 2013 г. глобални филтри беа вклучени на извесни викија (Мета, Викивидови, Инкубатор, Пробно вики, Пробно2 вики, викито на МедијаВики и на малите викија). Ова беше почетокот на пробната фаза. Глобалните филтри неодамна беа вклучени и на средните викија. Предложени се извесни правила за глобалното филтрирање, но досега не се сосем прифатени. Во моментов имаме барање за коментирање на правилата за употреба на глобалните филтри за злоупотреба. Во меѓувреме, извесни викија можат поединечно да решат да се откажат од употребата на глобалниот филтер. Доколку така решат, овие викија можат просто да поднесат такво барање на страницата „Глобален филтер за злоупотреби/Викија што се откажуваат од употребата“.