Википедиини статии без илустрација 2021
Википедиини статии без илустрација 2021 |
Почетна | Заедници-учеснички | Приредувачка екипа | Учествувајте | Исход | Ресурси | ЧПП и правила |
Википедиини статии без илустрација (WPWP) е годишен поход за вметнување на илустрации во статиите на Википедија на кои им недостигаат. Со ова се ставаат во употреба податотеките собрани преку разни фотографски натпревари, фотопрошетки приредени од Викимедиината заедница. Фотографиите се добра илустрација во статија која има само текст, со што статијата се подобрува.
Илјадници податотеки се поставени на Ризницата преку разни програми и фотографски натпревари низ годиниве. Сепак, мал број од нив се искористени како илсутрација на статиите. На Заедничката ризница има милиони фотографии, а само мал дел од нив се употребени како илустрација на статиите на Википедија. Ова е огромен јаз кој овој поход се обидува да го премости.
Како може да земете учество?
Пред да почнете со учество, важно е целосно да ги прочитате сите правила и напатствија подолу. Ако не го сторите тоа, може да бидете исклучени од конкуренција.
- Најавете се ако веќе членувате на некој Викимедиин проект, или пак направете нова сметка на Википедија. Ова може да биде на било кое јазично издание, вклучувајќи го вашето. Список на сите јазични изданија ќе најдете овде: сите нив можете да ги користите со една единствена сметка.
- Најдете статија без слика. Постојат многу начини. Еве некои совети.
- Најдете прикладна слика за употреба на Ризницата. Пребарајте ја сликата под исправен наслов или категорија. Ова можете да го направите на неколку начини. Погледајте го овој прост водич за употреба на постоечки слики. Овде ќе најдете уште совети. Имајте на ум дека целта на сликата е да му помогне на читателот подобро да ја разбере тематиката на статијата, обично прикажувајќи личности, нешта, дејности и концепти во статијата. Релевантниот аспект на сликата треба да биде јасен и лесно воочлив. Сликите мора да бидат значајни и релевантни на тематскиот контекст, без да имаат претежно украсна улога.
- Во статијата, најдете го поднасловот на кој се однесува сликата и помогнете му на читателот да ја разбере тематиката. Стиснете на „Уреди“ и вметнете ја сликата, па дајте ѝ краток опис во кој објаснувате што таа илустрира во статијата. Употребувајте ги сликите со најдобар квалитет на располагање. Не треба да се користат неквалитетни, темни или матни слики; прикажаниот предмет не треба да биде премал, скриен во неред или нејасен, освен ако тоа не е апсолутно неопходно. Внимателно размислете кои слики најдобро ја илустрираат тематиката. МОРА да ставите опис на секое ваше уредување, да стиснете на „Преглед“ и да направите измени онаму кајшто е потребно. Во описот на секое подобрување вметнете ја тарабната ознака #WPWP. На крај, стиснете на „Објави ја страницата“ (наместа се нарекува објава на промени). Погледајте: Водич за употреба на тарабни ознаки за походот на WPWP
- Внимавајте на синтаксата! Ако ставате слики во инфокутии на статии, синтаксата е многу полесна — само податотечното име, што значи место
[[File:Obamas at church on Inauguration Day 2013.jpg|thumb|The Obamas worship at [[African Methodist Episcopal Church]] in Washington, D.C., January 2013]]
просто внесетеThe Obamas at church on Inauguration Day 2013.jpg
.
Синтакса на податотечните имиња и описи
Прост пример (ја дава сликата десно):
[[File:Siberian Husky pho.jpg|thumb|alt=Впрегнато бело куче како игриво душка дете |Сибирска хаска како влечно животно]]
File:Siberian Husky pho.jpg
Податотеката (сликата) мора да биде напишана точно (внимавајќи на големи/мали букви, интерпункција и празни места) и мора да има.jpg
,.png
или друга наставка. (сеедно дали ќе ставитеImage:
илиFile:
.) Доколку истото име е присутно и на Википедија и на Ризницата, тогаш во статијата ќе се појави википедиската верзија.- Во највеќето случаи потребно е
thumb
alt=Впрегнато бело куче како игриво душка дете
Алтернативниот текст е наменет за оние што не можат да ја видат сликата; за разлика од описот, тој дава претстава за нејзиниот изглед. Треба да ги следи напатствијата за лица со попречен вид и треба да спомнува познати настани, личности и нешта.Сибирска хаска како влечно животно
Описот се става последен и служи да ја долови смислата на сликата.
Погледајте ја Проширената синтакса за слики за да видите повеќе можности. Ако сликата не се прикажува по внимателна проверка на синтаксата, истата може да е на црниот список.
Правила на походот
Сликите мора се стават со Википедиини статии помеѓу 1 јули и 31 август 2021 г. |
Бројот на вметнати податотеки е неограничен. Меѓутоа, постојат различни наградни категории (видете поголу). Сепак, не ги пренатрупувајте статиите со слики. Ставајте слики само во статиите што ги немаат. |
Сликата мора да е објавена под слободна лиценца или како јавна сопственост. Се прифаќаат CC-BY-SA, CC-BY и CC0 |
Учесниците мора да бидат зачленети на некој од Викимедиините проекти. Најавете се или направете нова сметка на Википедија (на било кое јазично издание — потоа истата ќе може да се користи на сите проекти). Списокот на сите јазици ќе го најдете овде. |
По правило не се прифаќаат неквалитетни слики.
|
Учесниците ќе мора да ја стават тарабната ознака #WPWP во Опис на уредувањето на сите статии подобрени со слики, покрај описното образложение за уредувањето, како на пр. |
Како да учествувате во #WPWP?
Овој оддел е е предвиден точно да се совпадне со вашиот степен на учество во WPWP. Стиснете на копчињата подолу за да дознаете за начините на учество.
Времеслед на походот
Походот WPWP се одржува еднаш годишно.
- Почеток: 1 јули July 2021 г. 00:01 ч. (UTC)
- Рок за поднесување: 31 август 2021 г. 23:59 ч. (UTC)
- Соопштување на исходот: 1 октомври 2021 г.
Меѓународни наградни категории
Награди за тројцата корисници на Википедија со највеќе статии подобрени со слики:
- I награда ― вредносна картичка од 200 долари + сувенири од WPWP Souvenirs + благодарница
- II награда ― вредносна картичка од 150 долари + сувенири од WPWP + благодарница
- II награда ― вредносна картичка од 100 долари + сувенири од WPWP + благодарница
Награда за корисникот со највеќе статии на Википедија подобрени со звучни снимки:
- Вредносна картичка од 100 долари + сувенири од WPWP + благодарница
Награда за корисникот со највеќе поставени видеа во статии на Википедија:
- Вредносна картичка од 100 долари + сувенири од WPWP + благодарница
Награда за нов корисник со највеќе статии на Википедија подобрени со слики:
- Вредносна картичка од 100 долари + сувенири од WPWP + благодарница
Посебни наградни категории на арапската заедница
Награди за тројцата корисници на Википедија на арапски со највеќе статии подобрени со слики:
- I награда ― вредносна картичка од 200 долари
- II награда ― вредносна картичка од 150 долари
- III награда ― вредносна картичка од 100 долари
Награда за арапската заедница со највеќе статии на Википедија подобрени со слики:
- Вредносна картичка од 50 долари
Наградни категории од „Вики ја сака Африка“
Награди за корисници со највеќе статии на Википедија подобрени со слики од натпреварот „Вики ја сака Африка“ (WLA). Може да биде од сите години... но за прва награда ќе се разгледуваат уредувањата на било кој јазик освен англиски и француски. Повеќе инфо и следење: Вики ја сака Африка 2021/WPWP
- I награда - вредносна картичка од 100 долари
- I до III награда – сувенири од WLA
За да бидете подобни:
- ќе мора да ја ставите тарабната ознака #WLA во вашето уредување (како и #WPWP)
- сметката мора да ви е создадена пред јануари 2021 г.
- ќе мора да имате направено барем 300 уредувања на статии на било кој јазик пред 1 јуни 2021 г.