Екипа за надзор врз мали викија

This page is a translated version of the page Small Wiki Monitoring Team and the translation is 93% complete.
Outdated translations are marked like this.
Кратенка:
SWMT

Екипата за надзор врз мали викија или SWMT (од англ. Small Wiki Monitoring Team) претставува група на корисници кои, користејќи ИРЦ и други помагала, ги надгледуваат малите викија во одбрана од вандализам, спам и тролување. Надгледувачите имаат неколку ботови што ги известуваат кога ќе наидат на сомнителни уредувања на викијата. Ако сакате да помогнете, едноставно придружете ни се на #cvn-swповрзи се на ИРЦ. Можете и да се најавите со тоа што ќе се додадете во долунаведениот список на корисници.

Што подразбираме под „мали“

Зборот „мали“ во изразот „мали викија“ треба да се толкува пошироко. Иако ботовите на ИРЦ ги надгледуваат највеќето викија со помалку од 10.000 статии, ова не значи дека тие се „мали“ во смисла на „незначајни“; сакаме да надгледуваме што е можно повеќе викија, за да можеме што поуспешно да ги усогласиме мерките против спамерите и вандалите што прават голема штета на многу викија масовно, или на помали викија бидејќи мислат дека така ќе никој нема да ги забележи.

Затоа, ми ве замолиле да не се навредите ако некој од SWMT врати вандализам на вашето вики; постоиме бидејќи се грижиме за него, а не бидејќи го сметаме за некакво тринаесетто прасе.

Како се врши надзор над мали викија

  1. Надгледувајте ги скорешните промени во малите викија преку ИРЦ или SWViewer. Повеќе на Small Wiki Monitoring Team/IRC.
  2. Пријавувајте ги страниците за бришење на Steward requests/Speedy deletions.
  3. Пријавувајте вандали и бришења на страници на Global sysops/Requests.
  4. Враќајте вандализми.
  5. Пријавувајте спамерски врски црниот списоки на спам.
  6. Список на мали викија ќе најдете тука.

Глобални дозволи

Секој пристоен корисник може да се зачлени во SWMT. Меѓутоа, постојат глобални дозволи кои може да ви бидат од помош. Тука спаѓаат глобален администратор и глобален враќач. Имајте на ум дека кандидатите за овие дозволи треба да имаат значително искуство со SWMT.

Кориснички кутии

Од членовите на SWMT се бара да создадат глобална корисничк астраница на МЕта, која ќе се прикажува на викијата што ги уредуваат. Препорачуваме да ставите ознака Вавилон на корисничката страница.

Следнава кутија можете да ја ставите на вашата корисничка страница со внесување на {{User SWMT}}:

 This user is a member of the Small Wiki Monitoring Team.

Поврзано