Fundraising 2010/Sue Appeal/mk


Need help? See the Translation FAQ or Meta:Babylon. All translators should also subscribe to translators-l to be kept up-to-date (and to ask questions).
General Fundraising Translation Guidelines: Fundraising 2010/Translations.

  1. Прочитајте:
    лично обраќање на
    Сју Гарднер - Извршен директор на Викимедија
  2. Прочитајте:
    итно обраќање на
    Сју Гарднер - Извршен директор на Викимедија
  3. Од Сју Гарднер - Извршен директор на Викимедија

„Википедија функционира само во пракса. Во теорија ова е една сосем катастрофална идеја.“ Вака се искажа еден од раните доброволци на Википедија во 2006 г. кога тоа име уште навлегуваше во секојдневна употреба. Ова важи и денес: една луда идеја како Википедија – доброволци од целиот свет да пишуваат енциклопедија со милиони статии – тоа треба да е невозможно.

Википедија наполни десет години. И ден денес се пишува и уредува 100% на доброволна основа, бидејќи никогаш не престана дотекот на нови учесници. И понатаму е 100% независна и без реклами.

Ние сме петто најпосетувано мрежно место во светот, со над 400 милиони читатели месечно. Единствениот начин да останеме бесплатни, слободни и во добра состојба е ако повеќе читатели решат да дадат доброволен прилог.

Сега сме на средината на годишната кампањата за прибирање средства. Ќе треба да собереме уште $8 милиони. Ако сите наши читатели дадат по $1, целата кампања би завршила во рок од четири часа. Но не секој може или сака да даде прилог, и тоа е во ред.

Мислам дека има повеќе од доволно луѓе кои би ја поддржале Википедија со прилог од $5, $20, €30, ¥4/000 или онолку колку што можат да си дозволат - сè со цел Википедија да остане бесплатна, слободна и независна. Дали и Вие сте меѓу таквите?

Навистина ви благодарам,

Сју Гарднер

Извршен директор
Фондација Викимедија