Фондација Викимедија - Избори 2013/Комисија

This page is a translated version of the page Wikimedia Foundation elections 2013/Committee and the translation is 100% complete.
Info The election ended 22 June 2013. No more votes will be accepted.

The results were announced on 24 June 2013.

Да ги преведеме изборите.

Изборната комисија раководи со поединостите во организацијата на изборите, во надлежност што ја добиваат од Одборот на доверители, кој воедно може да ги контролира. Комисијата може на Одборот да му доставува предлози за изборите.

Состав

Комисијата е составена од членови назначени од Одборот на доверители, задолжени за организирање на Изборите на доверители 2013. Членовите на комисијата мора да се уредници на еден или повеќе Викимедиини проекти, не смеат да бидат доверители од Одборот или кандидати во изборите, и немаат право на глас во изборите.

Согласно објавеното на 5 февруари 2013 г, составот на комисијата е следниов:

Име и презиме Јазици Живеалиште (часовен појас)
Ferdinando Scala it, nap, en-5, fr-5, es-2 San Giorgio a Cremano, Italy (UTC+1)
Jon Harald Søby nb, en-3, sv-3, de-2, da-2, es-1, eo-1, ro-1, sw-1 Trondheim, Norway (UTC+1)
Katie Chan en, yue Lincoln, England (UTC+0)
Ralf Roletschek de, es-2, ru-1, cs-1, ca-1, en-0 Eberswalde, Germany (UTC+1)
Risker en, fr-2 Toronto, Canada (UTC-5)

Филип Бодет е задолжен за поддршка и врски со персоналот, а правните работи се грижи Џеф Бригам.

Задачи

Комисијата има за задача да го испланира и спроведе практично секој аспект од изборите. На пример, комисијата осмислува на која начин ќе се гласа, кој ќе има право на глас, условите за кандидатура, ги составува и организира сите страници за изборот на Мета, проверува дали кандидатите и гласачите ги задоволуваат условите, проверува дали гласовите имаат дупликати и други проблеми, и така натаму.