Admin activity review/Notice to inactive right holders/mk
Please select a language and use the text without <translate> tags by using the button "View raw source":
Вашите проширени дозволи на XXXX
Здраво. Правило што се однесува на одземање на „напредните права“ (администраторски, бирократски и тн.) беше усвоено преку консензус на заедницата во 2013 год. Согласно ова правило, надзорниците сега ја проверуваат активноста на сите Викимедиини викија без свое правило за неактивност.
Утврдивме дека Вие го задоволувате критериумот за неактивност (немате уредувања или дејства во дневникот повеќе од 2 години) на ова вики. Бидејќи ова вики нема сопствени правила за неактивност, за Вас ќе важи глобалното правило.
Ако сакате да си ги задржите правата, ќе треба да ѝ соопштите на заедницата на викито дека надзорниците ви го испратиле ова соопштение во врска со Вашата неактивност. Доколку заедницата го продискутира ова и реши да ви дозволи да ги задржите правата, тогаш пишете на Надзорничката чешма и наведете врска до дискусијата на тамошната заедница, каде членовите ја изразуваат решеноста да ги задржите правата.
Доколку се откажувате од Вашите права, тогаш одговорете ни тука или побарајте одземање на правата на Мета.
Доколку не дадете никаков одговор цел месец, надзорниците ќе пристапат кон одземање на вашите администраторски и/или бирократски права. Во нејасни или недоречени слуичаи, стујардите ќе ги разгледаат одговорите и ќе го упатат Вашиот случај на месната заедница за да го продискутира. Доколку имате некакви прашања, обратете се кај надзорниците.
Yours faithfully.