Проверка за активност на администратори/Известување за заедниците
Please select a language and use the text without <translate> tags by using the button "View raw source":
ВАЖНО: Проверка за активност на администраторите
Здраво. Во 2013 г. со консензус од глобалната заедница беше усвоено правило за одземање на „напредните права“ (администраторски, бирократски и тн). Согласно ова правило, надзорниците сега ја проверуваат активноста на сите Викимедиини викија без свое правило за неактивност. Колку што сме запознаени, вашето вики нема формална постапка за одземање на „напредните права“ од неактивните сметки. Поради тоа, за овој проблем ќе се погрижат надзорниците, во склад со договореното за проверка на администраторска активност.
Утврдивме дека следниве корисници ги задоволуваат условите за неактивност (нема уредувања и дејства заведени во дневниците преку 2 години):
- корисник 1 (администратор)
- корисник 2 (бирократ, администратор)
- корисник 3 (бирократ)
- корисник 4 (администратор на посредникот)
- ...
Овие корисници наскоро ќе добијат известување, во кое ќе им се укаже дека можат да почнат дискусија во заедницата доколку сакаат да си ги задржат правата (сите или некои). Доколку корисниците не се одѕват на ова, тогаш надзорниците ќе им ги одземат напредните права.
Меѓутоа, доколку вие како заедница сакате да направите своја постапка за одземање на права поради неактивност која би ја замениле глобалната, сакате да донесете поинаква одлука за овие неактивни иматели на правата, или пак веќе имате правила кои ги немаме забележано, тогаш би ве замолиле да ги известите надзорниците на Мета за да знаат да не продолжуваат со одземање на правата на вашето вики. Ви благодариме,