Универзален правилник на однесување/Напатствија за спроведување/Информации за гласачите
This page is kept for historical interest. Any policies mentioned may be obsolete. For information about the second ratification vote of the Enforcement Guidelines on January 2023, please visit this page. |
Гласањето за ратификација за Напатствијата за спроведување на Универзалниот правилник на однесување (УПнО) трае од 7 до 21 март 2022 г. и се одржува преку SecurePoll. Сите подобни гласачи од Викимедиината заедница ќе маат можност да изразат се изјаснат во полза или против усвојувањето на овие Напаствија, и да образложат зошто. Ратификацијата на напатствијата е неопходна за да се утврдат начините на спроведување на УПнО. Дознајте повеќе преку упатство за гласање и условите на подобност.
The vote is closed and the results have been published. The proposal is approved.
Погледајте ги и ЧПП за гласањето.
Повик за доброволци
Процес на гласање
Ако имате право на глас:
- Прочитајте ги Напатствијата за спроведување на Универзалниот правилник на однесување.
- Одлучете дали сте за или против усвојвуањето на Напатствијата за спроведување. Ако сте против, напишете какви промени препорачувате кога го давате гласот.
- Дознајте како да го заведете вашиот глас со SecurePoll.
- Појдете на гласачката страница на SecurePoll и проследете ги упатствата.
- Потсетете ги другите членови на заедницата да гласаат!
За што гласаме?
Одборот на доверители на Фондацијата Викимедија го поддржува гласањето на заедниците по напатствијата за спроведување на УПнО откако самиот ги ратификуваше истите. Доверителите исто така ја забележуваат поддршката за таквото гласање изразена во заедничкото писмо на Арбитражните комисии и испитувањето на доброволечките функционери, членовите на подружниците и нацртната комисија.
Една од клучните препораки на стратешките цели за 2030 г. беше соработното создавање на УПнО со цел воспоставување на глобална основа на прифатливо поведение за целото движење без толеранција на малтретирање.
Напатствијата за спроведување на Универзалниот правилник на однесување
Овие напатствија се предвидени за спроведување на Универзалниот правилник на однесување. УПнО веќе е ратификуван од Одборот на доверители, но не е одобрен од заедницата. Вклучува спречувачки, утврдувачки и иследувачки дејства, како и други дејства за справување со кршењето на Универзалниот правилник на однесување. Со спроведувањето ќе се занимаваат (иако не исклучиво) назначени функционери на разни семжрени и вонмрежни Викимедиини проекти, настани и поврзани простори вдомени на платформи од трети лица. Ќе се врши на организиран и навремен начин, доследно ширум сето Викимедиино движење.
Напатствијата за спроведување на УПнО се состојат од два дела:
- Превентивна работа
- Подигање на свеста за УПнО, препорачување на обука за УПнО, меѓу другото.
- Одѕивна работа
- Подробен опис на процесот за поднесоци, Обработка на пријави за прекршоци, Давање на ресурси за пријавени прекршоци, Одредување на противмерки за прекршоци итн..
Зошто да гласате?
Ратификацијата на напатствијата за спроведување е неопходна за да дојдеме до конечна одлика за начините, постапките и дејствата за УПнО. Гласањето за Напатствијата за спроведување е предвидено да ја оцени поддршката за УПнО меѓу членовите на заедницата и да прибере мислења ако гласачите имаат замерки за тековните предлози. Како и да е, важно е да го дознаеме вашиот став по пат на гласање и, ако гласате „не“, важно е да се искажете за тоа кој дел или делови од напатствијата не ви одговараат и зошто.
Најважно од сè, гласањето ќе:
- Осигура дека ставовите на Викимедиините проекти се претставени во глобалното гласање.
Како да гласате
Прочитајте го овој дел пред да појдете на SecurePoll за да дознаете како гласањето да ви биде лесно и успешно.
- :*Во полето „Коментари“ можете да оставате ваши мисли и забелешки за напатствијата.
- :*SecurePoll потоа ќе ве извести дека гласот ви е заведен.
- :*Дозволено ви е да се премислите. Гласајќи повторно ќе го замените претходниот глас. Ова можете да го правите бесконечно многу пати.
Како се одредува исходот од гласањето?
Гласачите ќе бидат прашани кои елементи треба да се изменат и зошто. Ако надвладее неодобрувањето, проектната екипа на УПнО ќе ги анонимизира и објави причините на оние што гласале против, и ќе изготви резимиран извештај. Членовите на двете нацртни комисии на УПнО ќе бидат поканети да состават Комисија за преиспитување; оваа група ќе се потруди да донесе решение за подобрувања на Напаствијата врз основа на мислењата добиени во гласањето. Слично на овој процес, преработките ќе бидат објавени за разгледување, и потоа ќе се гласа одново.
Voters will be asked which elements need to be changed and why. If the vote produces a majority "no" vote, the UCoC project team will anonymize and publish the reasons given by "no" voters, and prepare a summarized report. Members of the two UCoC Drafting Committees will be invited to form a Revisions Committee; this group will look at improvements to the Guidelines based on concerns raised in the voting process. Similar to this process, the revisions will be published for review, and a second vote will be held.
Дали лицата вон Фондацијата Викимедија ќе бидат вклучени во надзор врз гласањето за проверка на неговата веродостојност?
Исходот од гласањето ќе биде проверен за неправилности од викимедијанци невработени во Фондацијата кои имаат искуство со гласања во движењето и процесите на проверка. Тие се следниве:
- :*User:Sj — поранешен доверител, поранешен надзорник
- User:Tks4Fish — тековен надзорник, администратор на Википедија на португалски, проверувач и надгледувач
- User:Tks4Fish – current steward, Portuguese Wikipedia Administrator, Checkuser and Oversighter
- :*User:Matanya — тековен надзорник, администратор на Википедија на хебрејски и Ризницата, член на Екипата за надзор на мали викија
- User:TheresNoTime — тековен надзорник, администратор, проверувач и надгледувач на Википедија на англиски, администратор на Мета
- TheresNoTime – current steward, administrator, checkuser and oversighter on enwiki, admin on Meta
Право на глас
Подобноста за гласање ја одредува Одборот на доверители на Викимедија. Ќе имаат прилика да гласаат сите регистрирани учесници на Викимедија кои ги задоволуваат условите за минимална активност, персоналот на подружниците и Фондацијата и нивните изведувачи (вработени пред 17 јануари 2022 г.), како и тековните и поранешните доверители на Викимедија.
Уредници
Можете да гласате од една регистрирана сметка што ја поседувате на некое Викимедиино вики. Дозволено ви е да дадете само еден глас, без оглед колку сметки имате. За да бидете подобни, со оваа една сметка мора:
- да не сте блокирани на повеќе од еден проект;
- да не сте бот;
- и да имате направено барем 300 уредувања пред 7 февруари 2022 г. на едно или повеќе од Викимедиините викија;
- и да имате направено барем 20 уредувања помеѓу 7 август 2021 и 7 февруари 2022 г.
Алатката за проверка на подобност брзо ќе ви каже дали имате право на глас.
Разработувачи
Разработувачите имаат право на глас ако:
- се администратори на Викимедиин опслужувач со пристап до обвивката
- или имаат направено барем еден merged commit на било кое од Викимедиините складишта на Gerrit помеѓу 7 август 2021 и 7 февруари 2022 г.
Дополнителни критериуми:
- или да имате направено барем еден merged commit на било кое складиште во nonwmf-extensions или nonwmf-skins помеѓу 7 август 2021 и 7 февруари 2022 г.
- или да имате направено барем еден merged commit на било кое Викимедиино складиште на алатки (на пример magnustools) помеѓу 7 август 2021 и 7 февруари 2022 г.
- или да имате направено барем 300 уредувања пред 7 февруари 2022 г. и барем 20 уредувања помеѓу 7 август 2021 и 7 февруари 2022 г. на translatewiki.net.
- или одржувачи/учесници на нило која алатка, ботови, кориснички скрипти, алатки и Lua-модули на Викимедиините викија.
- или да сте зеле значајно учество во осмислувањето и/или разгледувањето на техничкиот развој поврзан со Викимедија.
Напомена: Доколку ги задоволувате главните критериуми, веднаш ќе можете да гласате. Поради техничките ограничувања на SecurePoll, оние што ги задоволуваат дополнителните критериуми можеби нема да можат да гласаат непосредно, освен ако не ги исполнуваат другите критериуми. Ако сметате дека ги задоволувате дополнителните критериуми, пишете ни на ucocproject@wikimedia.org со вашето образложение барем четири дена пред последниот ден за гласање.
Персонал и надворешни изведувачи на Фондацијата Викимедија
Тековниот персонал и надворешните изведувачи на Фондацијата Викимедија имаат право на глас ако работеле за Фондацијата на 17 јануари 2022 г.
Персонал и надворешни изведувачи на подружниците на Викимедииното движење
Тековниот персонал и изведувачи на Викимедиин огранок, тематска организација или корисничка група имаат право на глас ако работеле во нивната организација на 17 јануари 2022 г.
Членови на Одборот на Фондацијата Викимедија
Тековни и поранешни членови на Одборот на доверители на Фондацијата Викимедија имаат право на глас.
ЧПП за гласањето
- Како да ја проверам мојата подобност?
Уредниците можат да се послужат со алатката Подобност на сметка за да проверите дали имате право на глас на овие избори. Вашата историја на уредувања и придонеси е прикажана на страницата со информации за глобална сметка. - Како се одредуваат условите за подобност?
Одборот на Фондацијата Викимедија ги одреди условите за подобност пред почетокот на изборите. Тоа се истите услови што се користат во изборите за Одбор на доверители. - Подобен гласач не може да гласа
Може да ја добиете пораката: „За жал, не сте на списокот на предодредени корисници овластени да гласаат на овие избори.“РешенијаПроверете дали сте најавени.
Ако се програмер, персоналот на Фондацијата Викимедија или член на Советодавниот одбор, Изборнат акомисија може да не ве нашла по конкретно корисничко име. Ќе треба да се обратите на ucocproject@wikimedia.org за да бидете ставени на списокот.
Ако сепак не можете да гласате и сметате дека ова е грешка, оставете порака на разговорната страница на изборите или обратете се кај Изборната комисија на ucocproject@wikimedia.org. Би требало да добиете одговор во рок од 72 часа.
- Не можам да се најавам на VoteWiki
Нема потреба да се најавувате на VoteWiki за да гласате. Ако го гледате гласачкото ливче, тоа значи дека SecurePoll успешно ве препознал. Од безбедносни причини, само ограничен број на сметки се регистрирани на VoteWiki. - Дали било кој може да види за кого имам гласано?
Не, изборите се безбедни. Го користиме програмот SecurePoll. Гласовите се тајни. Никој од Изборната комисија, Одборот или било кој вработен во Фондацијата Викимедија нема пристап до тие информаици. Шифрарниот клуч за изборите е кај член на екипата „Доверба и безбедност“. Штом клучок се активира, изборите запираат. - Какви податоци за гласачите собирате?
Неколку лица имаат увид во извесни лично препознатливи информации за гласачите. Тие вршат проверка и броење на гласовите. Проверувачите на ратификацијата се објавени погоре.
Тука се подразбираат и IP-адреси и кориснички вршител. Овие податоци автоматски се бришат 90 дена по изборите.
- Како ќе се користат податоците?
Мерилата за изборите ќе бидат претставени на страницата за исход на изборите на Мета и извештајот што излегува по извршената анализа. Нема да се објавуваат никакви лично препознатливи информации. Ваквите информации служат да го утврдиме бројот на независни гласачи и нивната рапределеност по светот. Ако гласам, не гледам потврда дека гласот е примен, и се јавува автоматска порака што ми вели дека треба да се најавам за да гласам. Што се случува?
Нема потреба да се најавувате на VoteWiki за да гласате. Оваа грешка веројатно е проблем со меѓускладирањето. Се извинуваме непријатноста: гласајте повторно на m:Special:SecurePoll/vote/391.
Таму треба да ви се појави порака што вели „Гласањето е на централно вики. Стиснете на копчето подолу за да појдете таму.“ Ако стиснете, ќе бидете испратени на гласачкиот опслужувач и таму треба да можете да гласате.Исто така, знајте дека слободно можете да ги измените своите претпочитања неограничен број пати. Ќе се складира само еден глас по корисник, па така системот просто ќе го замени вашиот стар глас со новиот, а стариот ќе го поништи.
Кога ќе заврши гласачкиот процес, на екранот ќе ви се покаже потврда која можете да ја чувате како доказ дека сте гласале.
- Како се штитите од повеќе гласови од еден ист корисник?
Системот складира само еден глас по корисник. Слободно можете да ги измените своите претпочитања неограничен број пати. Ќе се складира само еден глас по корисник, па така системот просто ќе го замени вашиот стар глас со новиот, а стариот ќе го поништи. - Дали ги поттикнувате вработените да гласаат како што ќе им се каже?
Не, на вработените во Фондацијата Викимедија и оние во нејзините подружници не им се кажува за што/кого да гласаат. Би сакале секој да гласа независно. За да бидат делотворни напарствијата за спроведување на Правилникот на однесување, потребни ни се искрени мислења за да видиме каде треба да се подобриме. - Дали екипата „Доверба и безбедност“ е во однос на исходот од гласањето?
Единицата „Доверба и безбедност“ има три гранки: Политика, Дезинформации и Операции. Екипата која работи на УПнО е онаа за Политика. Оваа екипа не се занимава со иследување на корисничкото поведение. Иако не се смета дека екипата Операции е пристрасна, оваа поделба на функциите е намерно предвидена токму за да се одбегнат пристрасности. Екипата Политика не се оценува според тоа дали овој соработно создаден документ ќе наиде на одобрение во првиот круг или треба понатамошна доработка. Таа се оценува според тоа дали работи добро со заедницата. Ова значи осмислување на соработен пристап во спроведувањето на УПнО кое ќе биде соодветно за учество на заедницата. Наша цел е што подобро да ја исполниме таа должност. - Други прашања, неспомнати овде
За технички грешки или грешки во гласачкиот систем, пишете на ucocproject@wikimedia.org. Наведете го корисничкото име со кое се обидувате да гласате и од кој проект тоа го правите. Ќе добиете одговор од член на екипата во најкраток можен род.