Fundraising 2010/thank you/mk


Notice

edit
  • Благодарница од
    Џими Велс - основач на Википедија

Quote

edit
  • „Замислете си свет каде секој на планетава би имал слободен пристап кон севкупното човеково знаење.“
  • — Џими Велс, основач на Википедија

Благодарница од Џими Велс - основач на Википедија

edit

Восхитен сум. Што да кажам... Ви благодарам.

Штотуку заврши најуспешната кампања за средства во нашата историја - собравме 16 милиони долари за помалку од 8 недели.

Неверојатно. Но ова не ме изненадува.

Во 2001 г. се обложив со голема довереба во човештвото, а вие никогаш не ме изневеривте.

Ја создадовте најголемата збирка на сознанија во историјата: 19 милиони енциклопедиски статии на 270 јазици - збирка која секојдневно сè повеќе расте и се подобрува. Вие ја поддржавте, финансиравте и заштитивте.

Википедија не ја плаќаат реклами, туку вие самите. Таа е петта најпосетена страница во светот – со 400 милиони посетители во изминатиот месец – а ние ги подмируваме трошоците за опслужувачи и го плаќаме нашиот мал персонал исклучиво од добротворни прилози.

Википедија и понатаму останува бесплатна, слободна и без реклами благодарение на вашите донации. Со помош на овие доброволни прилози ние и понатаму можеме го распространуваме слободниот пристап до сознанија ширум целиот свет.

Ви благодарам за сето она што го давате од себе за Википедија да биде стварност. Вашите коментари ме поттикнаа, и се чувствувам почестен што сведочам на вашата страст за Википедија.

Ова е чудесна приказна. Една и единствена на светов.

Доколку сè уште немате дадено прилог, знајте дека не е предоцна. Сè уште можете да донирате во поддршка на слободното и отворено споделување на сознанија. Едноставно стиснете тука.

Уште еднаш, Ви благодарам.

Џими Велс

Основач на Википедија

Дознајте повеќе

edit