Избори на Фондацијата Викимедија/2022/Гласање на заедницата
Outdated translations are marked like this.
Изборите за Одбор на доверители 2022 трае од 23 август до 6 септември 2022 г.
Членовите на Викимедиината заедница имаат прилика да изберат двајца кандидати со мандат од три години. На оваа страница се дадени напатствија за гласање. Членовите на заедницата мора да ги прочитаат начелата за право на глас и ЧПП.
Гласање
Ако имате право на глас:
- Прочитајте ги изјавите на кандидатите и погледајте ги оценките на Комисијата за анализа за секој кандидат
- Прочитајте ги одговорите на кандидатите на прашањата од Претставниците на подружниците
- Погледајте ги видеата снимени од кандидатите во кои одговараат на прашања од заедницата there is also a text version, including additional questions from the community.
- Послужете се со Избирачкиот компас кој ќе ви помогне во одлуката (based on answers to 15 additional community-sourced questions).
- Одлучете кои кандидати ќе ги поддржите.
- Појдете на страницата за гласање SecurePoll.
- Проследете ги напатствијата на таа страница.
Како да гласате
Подолу ќе најдете корисни информации кои ќе ви го олеснат гласањето. Прочиајте го овој дел внимателно пред да гласате.
- На овие избори ја користиме методологијата на единечен пренослив глас. Образложение за процесот на пресметка ќе најдете тука.
- На страницата за гласање ќе видите низа расклопни полиња. Гласачот треба да ги рангира кандидатите од „Можност 1“ (најпретпочитан) до „Можност 6“ (најмалку претпочитан).
- Почнувајќи од најгоре, гласачот ќе почне да ги рангира кандидатите кои ги смета за најсоодветни. Кандидатите што ги смета за помалку соодветни треба да ги стави кон дното на списокот. Кандидатите кои гласачот ги смета за сосема несоодветни воопшто не треба да се оценуваат.
- Гласачот може да сопре со рангирањето на кандидатите во било кој момент на гласањето. На пример, од 6 кандидати, гласачот може да ги рангира само првите 4, а да ги изостави преостанатите 2.
- Кандидатите треба да се рангираат без прескокнување на броевите меѓу нив. Прескокнувањето ќе доведе до грешка.
- Гласачот не смее да рангира еден ист кандидат на повеќе места. Тоа ќе предизвика грешка.
- Дозволено ви е да е премислите при гласањето. Со ова ќе го замените претходниот глас. Ова можете да го правите бесконечно многу пати.