Промена на корисничко име

This page is a translated version of the page Changing username and the translation is 100% complete.

Корисничките имиња кои ги употребуваат корисниците на Викимедиините прокети не се врежани во камен. Секој надзорник или глобален преименувач може да ви го промени вашето корисничко име. Достапни се само имињата што не се зафатени. Обратете се кај било кој глобален преименувач за да побарате напатствија.

Можете да поставите барање за промена на корисничко име на Steward requests/Username changes.

Како се менува името

  • Не барајте промена на име на оваа страница.
  • Не создавајте нова сметка со името што го сакате.

Поставете барање на Special:GlobalRenameRequest, или пак на Steward requests/Username changes.

Како работи

Кога ќе поставите барање, надзорниците или глобалните преименувачи можат да ги променат поставките на корисничката сметка и истории на статии, така што сите преходни уредувања ќе му се припишат да новото име. Ова е направено на неколку наврати во минатото, било доброволно, или присилно согласно правилото за неприкладни кориснички имиња на Википедија на англиски. На Викимедиините проекти не бришеме сметки; ако сакате да станете анонимни откако сте уредувале со ваша сметка, тоа ќе го постигнете со промена на корисничко име.

Кога името ќе се промени, претходната сметка ќе престане да постои, а корисникот ќе може веднаш да се најави со истата лозинка со новото име. Потписите во разговорните страници по желба можат да се сменат рачно.

Погледајте ги Архив 1 и Архив 2 за поединости од барања на направени во времето пред бирократите да можат да ја исполнуваат оваа задача.

Поврзано