Викимедија Македонија/Основачко собрание


Основачкото собрание, на кое беа направени првите чекори при основањето на Викимедија Македонија се одржа во Скопје на 14 март 2009. На настанот беа присутни поголем дел од членовите на иницијативниот одбор.

Информации

edit
  • Датум и време: 14 март 2009, во 12:00 ЦЕВ
  • Место: Скопје
  • Времетраење: 4 h 35 m (започна во 12:00, заврши во 16:35, со меѓувремена пауза од 15 m)

Извештај

edit

На Основачкото собрание беа избрани претседателот, потпретседателите и благајникот на организацијата. Исто така беше одлучено, тие да бидат и членови на извршниот одбор.

Статутот на македонски беше претставен и усвоен. Беше одлучено и да се изготви барање за одобрение, кое заедно со статутот ќе биде испратено до Комитетот за ограноци. За време на собранието започна и преводот на статутот на англиски јазик.

На собранието беа изнесени и информации за приклучувањето на нови членови во организацијата, а исто така беше истакнато дека некои од новите членови смислиле проекти на организацијата.

Видете исто така

edit

Надворешни врски

edit