Викимедија Македонија/Извршен одбор


Извршниот одбор (ИО) е раководен и оперативен орган на Здружението, се состои од најмалку пет, а најмногу единаесет члена. Членовите на ИО ги бира Собранието на Здружението. Членовите помеѓу себе бираат Претседател на ИО. ИО може да го свика секој член на ИО. ИО одлуките ги донесува со одредена пропорција на присутните членови дефинирани во Деловникот за работа, а најмалку со мнозинство на гласови од присутните членови и се во согласност со Деловникот за работа.

Мандатот на членовите на ИО е четири години.

ИО ги извршува следните работи:

1. Ги извршува одлуките и другите општи акти на Собранието на Здружението;
2. Утврдува предлози за Статут, програма за работа, финансиски план и завршна сметка;
3. Подготвува предлози на општи акти и одлуки на Собранието на Здружението;
4. Донесува извршни одлуки за проекти кои не се опфатени со годишната програма за работа;
5. Основа постојани и привремени работни групи;
6. Извршува и други работи кои му ги доверува Собранието на Здружението или кои со други прописи му се ставени во негова надлежност.

Претседател на ИОEdit

Претседателот на ИО раководи со работата на ИО. Мандатот на Претседателот на ИО е четири години.

Членови на ИОEdit

Видете исто такаEdit