Викимедија Македонија/Задачи


Основањето на Викимедија Македонија се извршува со исполнување на следните задачи:

Формирање на иницијативен одбор на заинтересирани за Викимедија здружение. завршено
Пишување на статут за Викимедија Македонија (македонски и англиски). завршено
Средба во живо за изгласување на статутот. завршено
Основачко собрание во Скопје. 28 февруари 2009 mk:Википедија:Вики средба/2009/февруари
Превод на статутот на англиски јазик 14 март 2009 mk:Википедија:Вики средба/2009/март/14
Контакт со фондацијата Викимедија и презентирање на статутот за негово одобрување. 24 март 2009
Регистрација во централен реистар на Македонија. 1 февруари 2010
Прибирање на донации и други средства.
Преземање на контролата врз доменот wikimedia.mk (Потребно е да се достави официјално барање до MARnet после регистрацијата)
Дизајн и промоција на проекти кои ќе придонесат Википедија да стане пошироко позната во Македонија.

Подетален опис на секоја од овие задачи е даден подолу.

завршено Формирање на иницијативен одбор на заинтересирани за Викимедија здружение edit

Првите идеи за основање на локален огранок на Викимедија во македонија беа изнесени во 2006. На 25 декември 2009, на Вики средба одржана во Скопје, три Викимедијанци одлучија да основаат иницијативен одбор.

завршено Пишување на статут за Викимедија Македонија edit

Кога се собравме десетмина (минимален број), одлучивме да напшишеме статут и да продолжиме со нашите намери, да вклучиме и други заинтересирани луѓе, колку што е можно повеќе. Статутот на македонски беше завршен на почетокот на март, а седмица подоцна и примерокот на англиски.

завршено Основачко собрание edit

Основачкото собрание се одржа во Скопје, на 14 март 2009 (започна во 12:00 ЦЕВ). На собранието беше претставен статутот на македонски, а започна и преводот на примерокот на англиски.Исто така, беа изнесени и информации за бројот на нови членови и првите соработки со други организации. Беше одлучено и да се изготви барање за одобрение, кое заедно со статутот и со опис на моментната состојба ќе биде испратено до Комитетот за ограноци.

завршено Контакт со фондацијата Викимедија и презентирање на статутот за негово одобрување edit

Барањето за одобрение беше изготвено и истото беше испратено до комитетот за ограноци на 24 март 2009.

завршено Регистрација во Централен реистар на Република Македонија edit

Регистрацијата на огранокот како НВО во Централниот регистар на Република Македонија заврши на 1 февруари 2010.

Прибирање на донации и други средства edit

Ние, веќе ги имаме направено првите планови за иднина. Некои проекти се во фаза на разговор, а како најповолни извори за парични средства се владините институции и сите други организации, кои имаат корист од целите на нашите проекти.

Преземање на контролата врз доменот wikimedia.mk edit

Преземањето на контролара врз доменот wikimedia.mk е од особено значење, па барањето ќе биде испратено на крајот од септември 2009.

Дизајн и промоција на проекти кои ќе придонесат Википедија да стане пошироко позната во Македонија edit

Оваа задача не се однесува само на Википедија, туку и на сите други проекти на Викимедија.

Видете исто така edit