Викимедија Македонија/Задачи


Основањето на Викимедија Македонија се извршува со исполнување на следните задачи:

Формирање на иницијативен одбор на заинтересирани за Викимедија здружение. Yes check.svg завршено
Пишување на статут за Викимедија Македонија (македонски и англиски). Yes check.svg завршено
Средба во живо за изгласување на статутот. Yes check.svg завршено
Основачко собрание во Скопје. Yes check.svg 28 февруари 2009 mk:Википедија:Вики средба/2009/февруари
Превод на статутот на англиски јазик Yes check.svg 14 март 2009 mk:Википедија:Вики средба/2009/март/14
Контакт со фондацијата Викимедија и презентирање на статутот за негово одобрување. Yes check.svg 24 март 2009
Регистрација во централен реистар на Македонија. Yes check.svg 1 февруари 2010
Прибирање на донации и други средства.
Преземање на контролата врз доменот wikimedia.mk (Потребно е да се достави официјално барање до MARnet после регистрацијата)
Дизајн и промоција на проекти кои ќе придонесат Википедија да стане пошироко позната во Македонија.

Подетален опис на секоја од овие задачи е даден подолу.

Yes check.svg завршено Формирање на иницијативен одбор на заинтересирани за Викимедија здружениеEdit

Првите идеи за основање на локален огранок на Викимедија во македонија беа изнесени во 2006. На 25 декември 2009, на Вики средба одржана во Скопје, три Викимедијанци одлучија да основаат иницијативен одбор.

Yes check.svg завршено Пишување на статут за Викимедија МакедонијаEdit

Кога се собравме десетмина (минимален број), одлучивме да напшишеме статут и да продолжиме со нашите намери, да вклучиме и други заинтересирани луѓе, колку што е можно повеќе. Статутот на македонски беше завршен на почетокот на март, а седмица подоцна и примерокот на англиски.

Yes check.svg завршено Основачко собраниеEdit

Основачкото собрание се одржа во Скопје, на 14 март 2009 (започна во 12:00 ЦЕВ). На собранието беше претставен статутот на македонски, а започна и преводот на примерокот на англиски.Исто така, беа изнесени и информации за бројот на нови членови и првите соработки со други организации. Беше одлучено и да се изготви барање за одобрение, кое заедно со статутот и со опис на моментната состојба ќе биде испратено до Комитетот за ограноци.

Yes check.svg завршено Контакт со фондацијата Викимедија и презентирање на статутот за негово одобрувањеEdit

Барањето за одобрение беше изготвено и истото беше испратено до комитетот за ограноци на 24 март 2009.

Yes check.svg завршено Регистрација во Централен реистар на Република МакедонијаEdit

Регистрацијата на огранокот како НВО во Централниот регистар на Република Македонија заврши на 1 февруари 2010.

Прибирање на донации и други средстваEdit

Ние, веќе ги имаме направено првите планови за иднина. Некои проекти се во фаза на разговор, а како најповолни извори за парични средства се владините институции и сите други организации, кои имаат корист од целите на нашите проекти.

Преземање на контролата врз доменот wikimedia.mkEdit

Преземањето на контролара врз доменот wikimedia.mk е од особено значење, па барањето ќе биде испратено на крајот од септември 2009.

Дизајн и промоција на проекти кои ќе придонесат Википедија да стане пошироко позната во МакедонијаEdit

Оваа задача не се однесува само на Википедија, туку и на сите други проекти на Викимедија.

Видете исто такаEdit