Википодатоци

This page is a translated version of the page Wikidata and the translation is 100% complete.

Википодатоци (www.wikidata.org, статија на Википедија) е Викимедиин проект пуштен во 2012 г. со цел да создаде слободна база на знаења за светот што ќе можат да ги читаат и уредуваат и луѓе и машини. Податоците ќе бидат достапни на сите јазици на Викимедиините проекти, и ќе овозможат централен пристап до податоци слично како што тоа го прави Заедничката Ризница со слики и снимки.

Овозможува централно управување со меѓупроектни и меѓујазични врски сместени во страничник. Ова се врски помеѓу разните јазни верзии на еден проект и помеѓу проектите кои опфаќаат дадени тематики. Ова претходно се правеше преку поединечни врски на дното од страниците.

Првичната разработка на проектот ја овозможија средства од Аленовиот институт за вештачка интелигенција [ai]2, Фондацијата „Гордон и Бети Мур“ и Google, Inc.

Повеќе информации

Влијание врз Википедија

Работиме на три важни нешта:

  1. Централизација на јазичните врски
  2. Воспоставување на централно собиралиште на податоците за инфокутиите на сите википедии
  3. Создавање и поднова на списоци на статии врз основа на податоците во Википодатоци

Статус

Објавиваме редовни прегледи на активностите поврзани со Википодатоците ќе најдете на Актуелности за статусот.

Големина

Википодатоците се најголемиот Викимеиин проект, моментално со преку 100 милиони содржински страници.