Месец на украинската културна дипломатија 2021

This page is a translated version of the page Ukraine's Cultural Diplomacy Month 2021 and the translation is 100% complete.

Месец на украинската културна дипломатија

10 февруари – 10 март 2021 г.    

[Друштвени медиуми: #UCDMonth] · [Врска: ucdm.wikimedia.org.ua]    



Добре дојдовте на уредувачкиот натпревар за подобрување на опфатеноста на украинската култура на Википедија.


  • Што: Ова е јавен уредувачки натпревар за создавање на и подобрување на статии со цел подобрување на опфатеноста на теми од украинската култура на Википедија на што повеќе јазици. Списокот на статии го подготвија месните приредувачи од Украина. Победниците ќе добијат награди.


  • Кога: Натпреварот се одржува од 00:01 ч. на 10 февруари (UTC) до 23:59 ч. на 10 март 2021 (UTC).


  • Како: Натпреварот има четири чекори: Изберете ги статиите што ќе ги пишувате → Добијте бодови за напишаното → Целите кон што повеќе бодови → Освојте награда за вашето учество!


  • Кој: Секој може да учествува во пишувањето и/или преводот на статии од областа на украинската култура на било кој јазик. Секој википедијанец со сметка (на било кое вики) може да земе учество. За да учествувате ќе треба да се пријавите во одделот „Учесници“. Учесниците што пишуваат на украински ќе бидат оценети одделно од останатите — повеќе ќе дознаете на страницата на Википедија на украински.