Иницијатива IPv6/Известување за Денот на IPv6 за 2012 г.

This page is a translated version of the page IPv6 initiative/2012 IPv6 Day announcement and the translation is 87% complete.
Outdated translations are marked like this.

Новости за IPv6

Здраво на сите,

6 јуни 2012 е „Ден на IPv6“ ( http://www.worldipv6day.org/ ). Целта на овој настан е да поттикнеме што повеќе оператори (ISP), производодители на опрема и мрежни услужници трајно да го усвојат IPv6.

Планираме да извршиме ограничено испробување на IPv6 на Берлинскиот хакатон 2012 (2-3 јуни). Доколку не наидеме на голем број проблеми, на Денот на IPv6 имаме намера наполно да го вклучиме IPv6 и тој да го оставиме така.

Надворешни викија користат МедијаВики со IPv6 веќе подолго време. Викимедија користи збир дополнителни функции (глобално блокирање, проверка на корисници и тн.) кои до скоро не беа целосно сообразени со IPv6. Покрај ова, работиме на сообразување на сите различни услуги на Викимедија (поштенски списоци, блогови и тн.)

Какво ќе се одрази ова врз корисниците?

Барем во периодот од 2-3 јуни 2012, ќе можете да забележите мал број на уредувања од IPv6-адреси, кои се од обликот „2001:0db8:85a3:0000:0000:8a2e:0370:7334“. Повеќе на статијата „IPv6-адреса“.

Овие адреси се предвидени да се однесуваат како сите други IP-адреси: Можете да оставате пораки на нивните страници за разговор, да ги следите придонесите, да ги блокирате и тн. Поддржана е CIDR-нотација за опсежни блокови.

Важна напомена за блокирање: Во овој модел на адресирање, еден корисник има пристап на многу поголем број адреси отколку во моделот IPv4. Ова значи дека опсежните блокови (на пр. адреси со „/64“) ќе треба да се применуваат во повеќе случаи, за да се спречат штетните активности на подосетливите злоупотребувачи.

На среднорочен план, корисничките скрипти и алатки што користат прости регуларни изрази за поврзување со IPv4-адреси ќе треба да се прилагодат на IPv6 за да работат правилно. Претпоставуваме дека во прво време употребата на IPv6 ќе биде многу мала, што значи дека справувањето со злоупотребите ќе биде изводливо без поголеми потешкотии. Од наша страна, ние ќе ви помагаме во надгледувањето на ситуацијата.

Корисникот Jasper Deng врши и одржува опширна анализа на долгорочните последици од усвојувањето на IPv6. Анализата ќе ја најдете тука: w:en:User:Jasper Deng/IPv6

Направивме пробно вики кајшто можете да ги видите IP-адресите на IPv6. Викито ви доделува лажна IPv6-адреса штом ќе го посетите викито, и ви дава увид во поведението на разните алатки со новиот адресен формат: http://ipv6test.wmflabs.org/wiki/index.php/Main_Page

Најдобар начин за пријавување на проблеми е да ги заведете на Bugzilla и да се осигурате дека се означени како блокатори за бубачката за следење на IPv6: https://bugzilla.wikimedia.org/show_bug.cgi?id=35540

Понатамошните новинини и известувања ќе ги соопштуваме на wikitech-l и други места, по потреба.

Секое добро, Ерик
--

Erik Möller

VP of Engineering and Product Development, Wikimedia Foundation

(June 1, 2012)