Прибирање средства 2012/Превод/%D

This page is a translated version of the page Fundraising 2012/Translation/Ravan Appeal and the translation is 92% complete.
Outdated translations are marked like this.

Денес постои јаз помеѓу развиениот свет и краиштата што се во развој. Проблемот не е во парите, туку во моќта. Во знаењето.

Ако следите вести, тогаш знаете за Арапската пролет. За младите како мене и моите другари, ова беше почеток на една нова ера. Како што се случуваа овие пресвртни настани, бевме опседнати со новостите, следејќи ги во секој миг. Гледавме на телефоните, Facebook, Twitter.

И пишував на Википедија. Ја обожавам Википедија бидејќи е непристрасна; таа е најдобар извор за најнови информации од неутрална гледна точка. Гледав CNN, Ал Џезира и BBC во потрага по најдоверливите извори. Потоа додавав актуелности веднаш штом ќе се случеа.

Ова е неверојатно. За прв пат во историјата, секој може да знае што се случува, и тоа баш како што се случило. Така можеме да ја споделиме вистината со луѓето ширум светот.

Сакаме свет што е поотворен, пообразован и послободен. Сакаме свет кајшто знаењата им стојат на располагање на сите оние што ги бараат.

Време е да го смениме светот. Би сакале да ми помогнете?

Bio

Раван има 26 години и работи како електроинженер во телекомуникации.

Таа е од Ирак, а денес живее во Оман.

Нејзини хобија се читање, читање и уште читање. Таа чита сè, од весници до романи. И кога ќе научи нешто ново, седнува и пишува на таа тема на арапската Википедија. Раван има составено каталог на познатите дела на Леонардо да Винчи; има напишано за сите 64 месечини на Јупитер. Со нејзините напори, таа игра улога во проширувањето на информациите на интернет достапни на говорниците на арапскиот јазик.