Open main menu

Fundraising 2011/Jimmy Letter 001/mk

Translation instructions
  • For pages marked "Missing" or "In progress", click the page title and start translating. When you are done, click "edit status" and change the status to proofreading.
  • For pages marked "Needs updating", compare the page to the source page and update the translation accordingly. When you are done, click "edit status" and change the status to proofreading.
  • It is important to have someone else proofread the translated page! If you have proofread a page and it is ready for publication, click "edit status" and change that page's status to ready.
  • If you are changing something that has already been published, change its status back to ready for it to be published again.

If you have any questions or feedback regarding the translation process, please post them here. Translation FAQ

Јас сум доброволец.
Не добивам ни цент за тоа што го работам на Википедија, а истото важи и за илјадниците доброволци што пишуваат и уредуваат статии. Кога ја основав Википедија, можев да ја направам да биде профитна фирма со реклами, но сепак решив да направам нешто поинакво.

Деловното работење е сосема во ред. Рекламирањето не е зло. Но тука не му е местото. Не на Википедија.

Википедија е нешто посебно. Таа е нешто како библиотека или градски парк. Како храм за умот. Место што сите ние го посетуваме за да размислуваме, да научиме и да го споделиме нашето знаење со другите. Ова е беспримерен проект на човештвото, прв и единствен од тој вид во историјата. Ова е хуманитарен проект - бесплатна и слободна енциклопедија за сите жители на планетава.

За секој човек на светов.

Ако сите 400 милиони корисници на Википедија дадат по $5, ќе собереме 100 пати повеќе од што ни треба. Ние сме мала организација, и како таква низ годините работиме напорно за да ја одржиме нашата самобитност. Си ја исполнуваме задачата, и остваруваме без денгуба.

Но за да нема реклами, потребни ни сте вие. Овој сон е стварност благодарение на вас. Вие сте тие што ја создадовте Википедија. Вие сте тие што сметате дека вреди да се има место кајшто ќе можеме спокојно да размислуваме и осознаваме.

Затоа годинава би ве замолил да дадете прилог во износ од $5, $20, $50 или онолку колку што можете - за да ја заштитиме и одржиме Википедија.

Ви благодарам,

Џими Велс
Основач на Википедија