Википедиини статии без илустрација 2023
Википедиини статии без илустрација 2023 |
Почетна | Заедници-учеснички | Приредувачка екипа | Учествувајте | Исход | Ресурси | ЧПП |
Википедиини статии без илустрација 2023 е годишен поход за вметнување на илустрации во статиите на Википедија на кои им недостигаат. Со ова сите учесници ширум светот ги ставаат во употреба податотеките собрани преку разни фотографски натпревари, фотопрошетки приредени од Викимедиината заедница. Фотографиите подобро го привлекуваат вниманието на читателот отколку кога има само текст, ги збогатуваат содржините, при што истите стануваат попоучни за читателот.
Илјадници податотеки се поставени на Ризницата преку разни програми, фотопрошетки и натпревари низ годиниве. Такви се „Вики ги сака спомениците“, „Вики ја сака Африка“, „Вики ја сака Земјата“, „Вики го сака фолклорот“ итн. Сепак, релативно мал број од нив се искористени како илсутрација на статиите. На Заедничката ризница има милиони фотографии, а само мал дел од нив се употребени како илустрација на статиите на Википедија. Ова е огромен јаз кој овој поход се обидува да го премости.
Како да земете учество
Пред да почнете, важно е да ги прочитате и разберете сите упатства и правила за учество. Учесниците што нема да се придржуваат до нив може да бидат дисквалификувани.
- Проверете дали имате право на учество. Правилата се изменети за 2023 г. и на учесниците треба да имаат сметка стара барем една година.
- Најдете статија на која ѝ недостасува фотографија. Ова може да се направи на многу начини. Еве некои совети.
- Најдете прикладна слика на Ризницата. Пребарајте ја користејќи го исправниот наслов или категорија. Ова се постигнува на неколку начини. Погледајте го овој прост водич за употреба на податотеки. Тука има уште совети. Имајте на ум дека целта на сликата е да го подобри увидот на читателот во тематиката, обично по пат на непосреден приказ на личности, нешта, активности и концепти опишани во статијата. Релевантниот аспект на сликата треба да биде јасен и централен. Сликите мора да бидат значајни и релевантни на контекстот на темата, а не да имаат првенствено украсна намена.
- На статиската страница најдете оддел каде би одговарало да има слика што помага во илустрирањето на содржината. Стиснете на „Уреди“ и вметнете ја сликата, па внесете краток опис кој кажува што прикажува сликата во статијата. Користете најквалитетните слики што ги имате. Не треба да се користат нискоквалитетни слики — темни или матни; со премал објект, скриен во неред или нејасен, освен ако не е апсолутно неопходно. Размислете внимателно кои слики најдобро ја илустрираат темата. ЌЕ МОРА да внесете опис на уредувањето за сите ваши уредувања, да направите „Преглед“ и да направите неопходни промени, ако се потребни. Вклучете ја тарабната ознака #WPWP во описот на уредување на сите статии подобрени со слики. Потоа стиснете на „Објави промени“. Погледајте: Водич за употреба на тарабни ознаки за походот WPWP
- Внимавајте на синтаксата! Ако ставате слики во инфокутии на статии, синтаксата е многу полесна — само податотечното име, што значи место
[[File:Obamas at church on Inauguration Day 2013.jpg|thumb|The Obamas worship at [[African Methodist Episcopal Church]] in Washington, D.C., January 2013]]
просто внесетеThe Obamas at church on Inauguration Day 2013.jpg
.
Синтакса на податотечните имиња и описи
Прост пример (ја дава сликата десно):
[[File:Cute boy face with butterfly.jpg|thumb|alt=Децата ги интересира природата.|Дете одблиску набљудува пеперутка]]
File:Cute boy face with butterfly.jpg
Името на податотеката (сликата) мора да биде сосема точно (вкллучувајќи големи букви, интерпункциски знаци и празни места) и мора да содржи.jpg
,.png
или друга наставка. (Image:
иFile:
се подеднакво добри.) Ако Википедија и Ризницата ја имаат слика со исто име, тогаш во статијата ќе се прикажува википедиската.- Во највеќето случаи се бара
thumb
alt=Децата ги интересира природата.
Алтернативниот текст е наменет за оние што не можат да ја видат сликата; за разлика од описот, тој дава претстава за нејзиниот изглед. Треба да ги следи напатствијата за пристапност и треба да спомнува познати настани, личности и нешта.Дете одблиску набљудува пеперутка
е опис и оди на крајот. Дава повеќе информации за тоа што е на сликата.
Погледајте ја проширената синтакса за слики на англиската Википедија за да видите повеќе функции и можности. Ако сликата не се прикажува по внимателна проверка на тинсаксата, можно е таа да е забранета.
Правила на походот
Сликите мора да бидат ставени помеѓу 1 јули и 31 август 2023 г. |
Бројот на податотеки што можете да ги ставате е неограничен. Меѓутоа, постојат различни наградни категории. Сепак, не ги расипувајте статиите со премногу слики. Ставете слика само во статија што сè уште нема слика. |
Сликата мора да се објави под лиценца за слободна употреба или во јавна сопственост. |
Учеството им е дозволено само на зачленетите корисници (на било кој Викимедиин проект). Дополнителни услови важат само за англиската Википедија, каде од учесниците се бара сметката да им е стара барем една година. |
По правило не се прифаќаат неквалитетни слики.
|
Учесниците ќе мора да ја стават тарабната ознака #WPWP во Опис на уредувањето на сите статии подобрени со слики, покрај описното образложение за уредувањето, како на пр. „Подобрување со слика во инфокутија“ #WPWP. Не ставајте ја тарабната ознака (#WPWP) во статијата. Погледајте го Водичот за користење на тарабни ознаки во WPWP. Овој водич објаснува како се користи тарабна ознака на дадена заедница. |
Времеслед на глобалниот поход
- Почеток: 1 јули 2023 г.
- Крај на поднесувањето слики: 31 август 2023 г.
- Објавување на исходот: 10 октомври 2023 г.
Меѓународни наградни категории
- Награди за тројцата корисници на Википедија со највеќе статии подобрени со слики:
- I награда ― плакета и сувенири од WPWP + благодарница
- II награда ― плакета и сувенири од WPWP + благодарница
- III награда ― плакета и сувенири од WPWP + благодарница
- Награда за корисникот со највеќе статии на Википедија подобрени со звучни снимки:
- Плакета и сувенири од WPWP + благодарница
- Награда за корисникот со највеќе поставени видеа во статии на Википедија:
- Плакета и сувенири од WPWP + благодарница