Википедиини статии без илустрација 2022

This page is a translated version of the page Wikipedia Pages Wanting Photos 2022 and the translation is 98% complete.
Outdated translations are marked like this.

Википедиини статии без илустрација 2022

Почетна Заедници-учеснички Приредувачка екипа Учествувајте Исход Ресурси ЧПП и правила

Википедиини статии без илустрација е годишен поход за вметнување на илустрации во статиите на Википедија на кои им недостигаат. Со ова сите учесници ширум светот ги ставаат во употреба податотеките собрани преку разни фотографски натпревари, фотопрошетки приредени од Викимедиината заедница. Фотографиите подобро го привлекуваат вниманието на читателот отколку кога има само текст, ги збогатуваат содржините, при што истите стануваат попоучни за читателот. Илјадници податотеки се поставени на Ризницата преку разни програми, фотопрошетки и натпревари низ годиниве. Такви се „Вики ги сака спомениците“, „Вики ја сака Африка“, „Вики ја сака Земјата“, „Вики го сака фолклорот“ итн. Сепак, релативно мал број од нив се искористени како илсутрација на статиите. На Заедничката ризница има милиони фотографии, а само мал дел од нив се употребени како илустрација на статиите на Википедија. Ова е огромен јаз кој овој поход се обидува да го премости.

Како може да земете учество?

Пред да почнете со учество, важно е целосно да ги прочитате сите правила и напатствија подолу. Ако не го сторите тоа, може да бидете исклучени од конкуренција.

  1. Проверете дали имате право на учество. Правилата се изменети за 2022 г. и на учесниците треба да имаат сметка стара барем една година.
  2. Најдете статија без слика. Постојат многу начини. Еве некои совети.
  3. Најдете прикладна слика на Ризницата. Пребарајте ја користејќи го исправниот наслов или категорија. Ова се постигнува на неколку начини. Погледајте го овој прост водич за употреба на податотеки. Тука има уште совети. Имајте на ум дека целта на сликата е да го подобри увидот на читателот во тематиката, обично по пат на непосреден приказ на личности, нешта, активности и концепти опишани во статијата. Релеватниот аспект на сликата треба да биде јасен и централен. Сликите мора да бидат значајни и релевантни на контекстот на темата, а не да имаат првенствено украсна намена.
  4. Во статијата, најдете го поднасловот на кој се однесува сликата и помогнете му на читателот да ја разбере тематиката. Стиснете на „Уреди“ и вметнете ја сликата, па дајте ѝ краток опис во кој објаснувате што таа илустрира во статијата. Употребувајте ги сликите со најдобар квалитет на располагање. Не треба да се користат неквалитетни, темни или матни слики; прикажаниот предмет не треба да биде премал, скриен во неред или нејасен, освен ако тоа не е апсолутно неопходно. Внимателно размислете кои слики најдобро ја илустрираат тематиката. МОРА да ставите опис на секое ваше уредување, да стиснете на „Преглед“ и да направите измени онаму кајшто е потребно. Во описот на секое подобрување вметнете ја тарабната ознака #WPWP. На крај, стиснете на „Објави ја страницата“. Погледајте: Водич за употреба на тарабни ознаки за походот на WPWP
  5. Внимавајте на синтаксата! Ако ставате слики во инфокутии на статии, синтаксата е многу полесна — само податотечното име, што значи место [[File:Obamas at church on Inauguration Day 2013.jpg|thumb|The Obamas worship at [[African Methodist Episcopal Church]] in Washington, D.C., January 2013]] просто внесете The Obamas at church on Inauguration Day 2013.jpg.

Синтакса на податотечните имиња и описи

A boy playing with a butterfly
Дете како си игра со пеперутка

Прост пример (ја дава сликата десно):
[[File:Cute boy face with butterfly.jpg|thumb|alt=A boy playing with a butterfly|<translate>A boy playing with a butterfly</translate>]]

  • File:Cute boy face with butterfly.jpg Податотеката (сликата) мора да биде напишана точно (внимавајќи на големи/мали букви, интерпункција и празни места) и мора да има .jpg, .png или друга наставка. (сеедно дали ќе ставите Image: или File:.) Доколку истото име е присутно и на Википедија и на Ризницата, тогаш во статијата ќе се појави википедиската верзија.
  • Во највеќето случаи се бара thumb
  • alt=A boy playing with a butterfly Алтернативниот текст е наменет за оние што не можат да ја видат сликата; за разлика од описот, тој дава претстава за нејзиниот изглед. Треба да ги следи напатствијата за лица со попречен вид и треба да спомнува познати настани, личности и нешта.
  • A boy playing with a butterfly е опис и оди на крајот. Дава повеќе информации за тоа е на сликата.

Погледајте ја Проширената синтакса за слики на Википедија на англиски за да видите повеќе можности. Ако сликата не се прикажува по внимателна проверка на синтаксата, истата може да е недозволена.

Правила на походот


Сликите мора да бидат ставени помеѓу 1 јули и 31 август 2022 г.

Бројот на вметнати податотеки е неограничен. Меѓутоа, постојат различни наградни категории. Сепак, не ги пренатрупувајте статиите со слики. Ставајте слики само во статиите што ги немаат.

Сликата мора да се објави под лиценца за слободна употреба или во јавна сопственост.

Учеството им е дозволено само на корисници кои имаат сметка барем една година. За да има право на учество, учесникот мора да има сметка (на било кој Викимедиин проект) регистрирана на или пред 1 јули 2021 г.


По правило не се прифаќаат неквалитетни слики.

  1. Описот на сликата мора да биде јасен и прикладен на статијата.
  2. Сите ставени слики мора да имаат опис кој опишува што претставува сликата.
  3. Сликите мора да се ставаат на релевантно место во статијата.
  4. Не ставајте слики во статии на јазици кои не ги владеете течно. Корисниците кои повеќекратно ставаат слики без описи, нерелевантни слики итн. ќе бидат исфрлени од конкуренција.

Учесниците ќе мора да ја стават тарабната ознака #WPWP во Опис на уредувањето на сите статии подобрени со слики, покрај описното образложение за уредувањето, како на пр. „Подобрување со слика во инфокутија“ #WPWP. Не ставајте ја тарабната ознака (#WPWP) во статијата. Погледајте го Водичот за користење на тарабни ознаки во WPWP

Времеслед на глобалниот поход

  1. Почеток: 1 јули 2022 г.
  2. Крај на поднесувањето слики: 31 август 2022 г.
  3. Објавување на исходот: 27 октомври 2022 г

Меѓународни наградни категории

  • Награди за тројцата корисници на Википедија со највеќе статии подобрени со слики:
  1. I награда ― плакета и сувенири од WPWP + благодарница
  2. II награда ― плакета и сувенири од WPWP + благодарница
  3. III награда ― плакета и сувенири од WPWP + благодарница
  • Награда за корисникот со највеќе статии на Википедија подобрени со звучни снимки:
  1. Плакета и сувенири од WPWP + благодарница
  • Награда за корисникот со највеќе поставени видеа во статии на Википедија:
  1. Плакета и сувенири од WPWP + благодарница
  • Награда за нов корисник со највеќе статии на Википедија подобрени со слики:
  1. Плакета и сувенири од WPWP + благодарница

Наградни категории од „Вики ја сака Африка“

  • I награда ― вредносна картичка од 80 долари
  • II награда ― вредносна картичка од 50 долари
  • III награда ― вредносна картичка од 30 долари

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА СТАВИТЕ #WPWP #WLA во описот на уредувањето!

НАПОМЕНА: НАГРАДИТЕ ЌЕ БИДАТ ДОДЕЛЕНИ КАКО СТИПЕНДИЈА ЗА НЕКОЈА ПРЕТСТОЈНА СЕМРЕЖНА/ПРИСУСТВЕНА ВИКИМЕДИИНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Појдете на Wiki Loves Africa 2022/WPWP за да дознаете повеќе.