Википедиини страници без илустрација 2021/Учествувајте

This page is a translated version of the page Wikipedia Pages Wanting Photos 2021/Participate and the translation is 100% complete.

Википедиини статии без илустрација 2021

Почетна Заедници-учеснички Приредувачка екипа Учествувајте Исход Ресурси ЧПП и правила
Походот #WPWP за 2021 г. започнува на 1 јули!

Сакам да ставам слики во статии

Зошто да учествувам?

Ни требаат слики за да ги илустрираме илајдниците статии на најразлични јазични изданија на Википедија. На англиската Википедија имаме илјадници статии без никаква илустрација. Замислете си што би било кога секој корисник на Википедија би одвил пет минути за да стави една слика во статија!

Дали имате тематска категорија за слабо употребувани слики?

Дали веќе најдовте категорија со слики на тема што ве интересира? Во долуприкажаните ресурси е објаснето како се ставаат слики во статии на Википедија:

Не знаете како да најдете статии без илустрации?

Дали барате статии без слики? Тука ви даваме некои корисни ресурси.

Сакате да направите повеќе?

Создавајте нови статии за висококвалитетни слики по ваш избор. Прочитајте за пронаоѓањето на квалитетни слики.

Сакам да приредам #WPWP

Дали сакате да приредите поход на #WPWP во вашата географска, тематска или јазична заедница?

WPWP има за цел да го премости содржинскиот јаз со тоа што ќе ги употреби сликите насобрани од различните годишни тематски натпревари и фотопрошетки приредени во последниве години. Со ова заедниците можат да придобијат нови членови, бидејќи за ставањето слики се потребни само неколку чекори. Една поволност од приредувањето WPWP е тоа што можете да ги водите новодојдените низ постапките на уредување, притоа задржувајќи се на суштински содржини.

Не заборавајте да ја користите тарабната ознака #WPWP во описот на уредувањето! Имајте на ум дека ќе МОРА да им ставате описи на сите ваши уредувања

Походот WPWP во разни јазични заедници

Ова е список на јазичните заедници со свој месен поход. Слободно додајте врска до Википедија на вашио јазик ако таму имате месна страница

2020
2021

Наводи