Новите надзорници се избираат еднаш годишно. Надзорниците извршуваат технички задачи на сите викија на Викимедија, врз основа на консензусот на заедницата и Правилата за надзорници* промена на корисничките права пристап, преглед на кориснички информации во случаи на злоупотреба и така натаму (вид. поподробно).
Кандидатурите можат да се поднесат од 15 јануари 2013, 00:00 до 28 јануари 2013, 23:59 (UTC). Прашањата за кандидатите можат да се поставуваат сè до 27 февруари 2013, 23:59 (UTC).
Гласањето ќе започне на 8 февруари 2013, 00:00 и ќе заврши на 27 февруари 2013, 23:59 (UTC). Кандидатите мора да ги задоволуваат критериумите и да освојат барем 30 гласа „за“ со 80% поддршка. Резултатите можете да ги проследите на страницата за собрани статистики.