Fundraising 2010/Survey/Translation/mk


Викимедиина анкета за 2010 г. edit

Вовед edit

  • Ви благодариме за вашето време и мислења. Со ова ќе им помогнете на Википедија и Фондацијата Викимедија подобро да Ве информираат Вас и сите заинтересирани за мисијата на Фондацијата: слободен пристап до севкупните човекови сознанија за секого на светот.
  • Оваа анкета не би требало да Ви одземе повеќе од десет (10) минути, а Вашите одговори ќе се држат во целосна приватност.
  • Уште еднаш, Ви благодариме што ги споделувате вашите размисли.

Прашања edit

  • Прашања 1 и 2
    • Колку често ја посетувате Википедија?
  • Барем еднаш дневно
  • Неколку пати неделно
  • Еднаш до два пати месечно
  • Поретко од еднаш месечно
  • Не знам
  • При една типична посета на Википедија, дали обично трагате по некоја конкретна информација или разгледувате без особена цел?
  • Трагам по конкретна информација
  • Разгледувам без особена цел
  • Двете подеднакво
  • Не знам
  • Прашање 3
    • Ако имате задача да ја сведете Википедија на три збора, со кои зборови би ја опфатиле суштината на Википедија?
  • Прашања 4, 5 и 6
    • Дали некогаш имате додавано информации или уредувано страници на Википедија?
  • Да
  • Не
  • Колку често придонесувате со додавање на информации или уредување на статии?
  • Најмалку еднаш неделно
  • Еднаш до два пати месечно
  • Помалку од еднаш месечно
  • Тоа го имам направено само еднаш или два пати
  • Колку придонесувате со нови информации или уредувате статии во однос на претходната година?
  • Многу почесто
  • Многу поретко
  • Како што реков, тоа го имам направено еднаш или два пати
  • Во текот на следната година, дали ќе придонесувате на на Википедија со повеќе, помалку или приближно исто толку информации и/или уредувања како лани?
  • Ќе придонесувам и/или уредувам повеќе
  • Ќе придонесувам и/или уредувам приближно исто како лани
  • Ќе придонесувам и/или уредувам помалку
  • Која од следниве причини најдобро образложува зошто никогаш не сте придонеле со информации или уредувања на статии:
  • Ми изгледа премногу сложено
  • Не сметам дека имам нешто важно да придонесам
  • Немам време
  • Никогаш ми нема текнато
  • Прашања 7 и 8
  • Дали имате донирано средства за Википедија во текот на изминатата година?
  • Да
  • Не
  • Која е веројатноста да ја препорачате Википедија на Ваш пријател? Дајте оценка на скала од 1 до 10, каде 10 значи дека шансите се навистина големи, а 1 значи дека воопшто нема шанси.
  • Веројатно би ја препорачал (10 = мошне веројатно, 1 = воопшто нема шанси)
  • Прашања 9 и 10
  • Во однос на Википедија и други каузи што ја имаат Вашата поддршка, колкава е Вашата лична поддршка за организацијата? Лично сметате дека Википедија е:
  • Најважната кауза што ја поддржувате
  • Една од 2-3 најважни каузи што ги поддржувате
  • Една од многуте каузи што ги поддржувате
  • Меѓу помалку важните каузи што ги поддржувате
  • Не знам
  • Колку каузи и добротворни организации сте поддржале во изминатите две години?
  • Само една до две
  • Помеѓу три и пет
  • Помеѓу шест и десет
  • Над 10
  • Прашање 11
  • Еве некои причини што луѓето ги наведуваат кога донираат за Википедија. Разгледувајќи ја секоја од нив, Вам лично причината Ви се чини:
  • Извонредно добра
  • Мошне добра
  • Донекаде добра
  • Не така добра
  • Воопшто не е добра
  • Не знам
  • Без одговор
  • Бидејќи „општонародниот“ пристап при собирањето и уредувањето на информации ја заслужува мојата поддршка
  • За да може Википедија и понатаму да биде бесплатна за сите корисници
  • За да ја поштедиме Википедија од реклами
  • Бидејќи Википедија е повеќе од алатка - таа го менува светот
  • Бидејќи сметам дека е важно да го поддржувам она што го користам толку многу
  • За да се задржи независноста и објективноста на Википедија
  • Да им овозможиме пристап до сознанија на луѓето кои инаку нема да можат да си го дозволат тоа
  • Прашање 12
  • Покрај Фондацијата Викимедија, Википедија е поддржана од 29 локални ограноци ширум светот. Ограноците се залагаат за промовирање на визијата и целите на Википедија насекаде, со приредување на практични програми во нивните региони. Дали знаевте дека можете да донирате и на локален огранок?
  • Да
  • Не
  • Не знам
  • Прашања 13 и 14
  • Следниот пат кога ќе донирате, дали попрво би донирале средства на Фондацијата Викимедија што раководи со Википедија, или пак на Вашиот локален огранок?
  • Фондацијата Викимедија
  • Мојот локален огранок
  • Подеднакво на двете
  • Не знам
  • Колку е веројатно дека би донирале за Википедија (било за управата и/или за локален огранок) во иднина?
  • Сосема веројатно
  • Веројатно
  • Не така веројатно
  • Воопшто не е веројатно
  • Не знам
  • Прашање 15
  • Еве некои нешта што ги загрижуваат извесни корисници во врска со Википедија. Колку загрижувачки Ви се чинат Вам тие работи?
  • Извонредно загрижувачки
  • Мошне загрижувачки
  • Донекаде загрижувачки
  • Само малку загрижувачки
  • Воопшто незагрижувачки
  • Не знам
  • Дека Википедија ќе мора да става реклами за да опстои
  • Дека доброволците што ги пишуваат содржините на Википедија постепено ќе изгубат интерес и така Википедија ќе застари
  • Дека Википедија ќе содржи информации што се нецелосни, извитоперени или погрешни
  • Дека Википедија ќе биде принудена да наплаќа
  • Дека крупните корпорации и други групи со свои интереси ќе вршат влијание врз содржината и приоритетите на Википедија
  • Прашање 16
  • Еве ги информативните услуги што моментално ги нуди Фондацијата Викимедија (непрофитната организација што раководи со Википедија) или што планира да ги нуди на дарителите и други заинтересирани поддржувачи. Колку би биле лично заинтересирани за секоја од следниве услуги?
  • Крајно заинтересиран
  • Мошне заинтересиран
  • Донекаде заинтересиран
  • Не така заинтересиран
  • Воопшто незаинтересиран
  • Не знам
  • Мрежна страница во живо со информации за најпосетените, најактуелните, или најуредуваните страници на Википедија
  • Месечен билтен по е-пошта со новости, репортажи и инспиративни занимливости од Википедија
  • Приликата да се биде испробувач на бета-верзии или учество во советодавен одбор за нови функции/можности и проекти
  • Информатор по е-пошта кога има новини од голема важност или од општ интерес
  • Повремен информатор по е-пошта за нови развојни активности, нови функции и тн.
  • Практична обука во придонесување со содржини и уредување статии на Википедија
  • Прашање 17
  • Колку често се занимавате со следниве активности на интернет -- речиси секојдневно, еднаш неделно, еднаш месечно, поретко од еднаш месечно, никогаш, или не знаете.
  • Речиси секојдневно
  • Еднаш неделно
  • Еднаш месечно
  • Поретко од еднаш месечно
  • Ретко
  • Никогаш
  • Не знам
  • Оценувате производи или услуги што сте ги користеле
  • Искажувате свои гледишта на нечиј блог или во јавна дискусија
  • Пазарите по интернет
  • Подигате слики
  • Подигате видеоснимки
  • Користите паметен телефон (iPhone, Blackberry и тн.) за интернет
  • Гледате пренос на видеоснимки или слики на интернет
  • Слушате или преземате музика или „подкаст“ преноси
  • Гледате видеоснимки на YouTube или друго мрежно место
  • Праќате или примате СМС пораки по мобилен телефон
  • Пишувате блог
  • Вршите политички активности на интернет
  • Прашање 18
  • Еве некои интернет-изданија, социјални мрежи и други услуги. Кажете ни за секое од нив дали го посетувате секојдевно, еднаш неделно, еднаш месечно, поретко од еднаш месечно, никогаш, или пак не знаете.
  • Речиси секојдневно
  • Еднаш неделно
  • Еднаш месечно
  • Поретко од еднаш месечно
  • Ретко
  • Никогаш
  • Не знам
  • Care2
  • LinkedIn
  • Twitter или друга подлога за микроблогирање
  • Del.icio.us
  • Flickr или друго мреж. место за споделување на слики
  • Facebook
  • YouTube
  • MySpace
  • Прашање 19
  • Кој ЕДЕН или ДВА од следниве извори на вести го користите најчесто за да се информирате за актуелности?
  • Објави на Facebook
  • Весници на интернет
  • Радиовести или радиогостувања
  • Печатени весници
  • Twitter
  • Печатени списанија за актуелности (како Newsweek или Paris Match)
  • Мрежни места за новости (како BBC.com или Huffington Post)
  • Други мрежни места како Google News, блогови или агрегатори
  • Википедија
  • Прашања 20 и 21
  • Што сте по занимање?
  • Занаетчија/Техничар
  • Раководител/Директор
  • Администравец
  • Новинар
  • Претприемач, сопствена фирма
  • Продавач/Услужен работник
  • Наставник/Просветар
  • Во влада/локална управа
  • Во војска
  • Во непрофитна организација
  • Здравствен работник
  • Земјоделство
  • Уметник/Ракотворец
  • Ученик/Студент
  • Домаќин(ка)
  • Пензионер
  • Прашања 22 и 23
  • Какво највисоко образование имате?
  • Средно образование, стручна спрема и тн.
  • Диплома од факултет или друга виша установа.
  • Магистратура или еквивалентно
  • Докторат или еквивалентно
  • Која е вашата брачна состојба?
  • Ерген/Мома
  • Во брак/партнерство
  • Разведен(а)
  • Сложено е
  • Друго
  • Прашања 24 и 25
  • Дали имате малолетни деца кои живеат со Вас барем делумно?
  • Да
  • Не
  • Вашиот пол е?
  • Машки
  • Женски
  • Транссексуален
  • Прашања 26 и 27
  • На која старосна група припаѓате?
  • 17 и помалку
  • 18-29
  • 30-39
  • 40-49
  • 50-59
  • 60-69
  • 70-79
  • 80 и повеќе
  • Во која категорија спаѓаат Вашите годишни бруто примања како домаќинство (во американски долари) за 2009 г? (Да ве потсетиме, сите прашања во анкетава се наменети за статистичко истражување. НЕМА да добивате никакви молби и барања како резултат на Вашето учество во анкетава.)
  • Помалку од $25.000 USD
  • Помеѓу $25.000 и $49.999 USD
  • Помеѓу $50.000 и $74.999 USD
  • Помеѓу $75.000 и $119.999 USD
  • Помеѓу $120.000 и $199.999 USD
  • Над $200.000 USD
  • Не би сакал да откривам
  • Прашања 28 и 29
  • Која е Вашата матична земја?
  • [Тука доаѓа списокот на земји - Country list goes here]
  • Вашето место на живеење може да се опише како:
  • Голем град
  • Мал до среден град
  • Село/Паланка
  • Предградие
  • Рурално или ретко населено подрачје
  • Не знам

Е-пошта edit

Наслов: Википедија има потреба од вашите мислења

Како припадник на нашата заедница, би сакале да од Вас да дознаеме зошто Ви е важна Википедија.

Вашите гледишта се искучително значајни за нас во Википедија, па затоа би сакале да Ве поканиме да го пополните оваа посебна Анкета за заедницата на Википедија, која ни помага подобро да комуницираме со дарителите како Вас во 2010 г.

Кликнете тука за да ја пополните оваа кратка анкета.

Анкетата не би требало да Ви одземе повеќе од 7 до 10 минути.

Бидете уверени дека Вашето име, презиме и контактни податоци никогаш нема да бидат продадени или разменети со било која друга организација. Вашето учество нема да резултира со било какви барања или молби.

Оваа анкета е отворена само кратко време. Кликнете на врската подолу, или пак ископирајте ја адресата во Вашиот веб-прелистувач за да почнете:

<link>

Ние имаме прилика да го правиме она што го правиме токму заради посветените поддржувачи на Википедија како Вас. Со задоволство ги очекуваме Вашите размисли и идеи.

Со почит,

Ренд Монтоја

Фондација Викимедија