Универзален правилник на однесување/Преработени упатства за спроведување/Известување/Крај на консултацијата

Универзален правилник на однесување


Review period on the revised Enforcement Guidelines for the Universal Code of Conduct closed

You can find this message translated into additional languages on Meta-wiki.

Драги викимедијанци,

Ви благодариме што учествувавте во разгледувањето на Преработените упатства за спроведување на Универзалниот правилник на однесување (УПО). Проектната екипа на УПО и Комитетот за преработка на УПО го ценат времето што го посветивте на дискутирање на упатствата, предложените промени и поставените прашања.

Овој период на разгледување траеше од 8 септември до 8 октомври 2022 г.

Изминативе четири недели, проектната екипа на УПО насобра важни мислења од заедницата преку разни канали, вклучувајќи три разговорни часови, каде викимедијанците имаа прилика да се соберат за да ги продискутираат преработените Упатства за спроведување на УПО.

Комитетот за преработки ќе ги разгледа мислењата на заедницата кога повторно ќе се состане во втората недела од октомври 2022 г. Проектната екипа на УПО ќе им пружа поддршка со тоа што ќе ги држи во тек додека работат и ќе продолжи да ја информира заедницата за сите важни настани и достигнувања додека Комитетот ја изготвува конечната верзија на Упатстват аза спроведување на УПО кој е предвиден да се стави на гласање пре целата заедница во срединат на јануари 2023 г.

Во име на Проектната екипа на УПО