Викирадио (алатка)
Викирадио е аудиослужба во живо што се пренесува на семрежјето. Нуди најразлични станици од сите музички правци, па дури и снимки од статии на Википедија на разни јазици — сите достапни на Ризницата. Секоја снимка е избрана од заедницата како истакната меѓу најдобрите на Википедија и Ризницата.
Што е тоа Викирадио?
Наместо да слушате неколку аудиоснимки на Ризницата, за што ќе треба да стискате на „пушти“ едно по друго, алатката Викирадио работи не како служба за радиопренос, туку како усогласен (временски, по UTC) збир нумери кои секој може да ги слуша во исто време, симулирајќи радио.
Како да додадам моја станица?
- Направете страница на Мета со ваш програмски распоред (анг. dayparting) на нумери, како [[Wikiradio (tool)/playlist/<моја_Станица>]]
- На пример, класична музика ќе најдете на Wikiradio (tool)/playlist/classic
- Уредете ја страницата Template:Wikiradio (tool)/stations, додавајќи ваша станица, како на пр. {{RadioUrl|<моја_станица>|<Моја_станица>}},
- На пример, за класична музика, имаме {{RadioUrl|classic|Класика}}
- Сега сте готови и можете да ја слушате музиката на страницата „Викирадио“!!
- Напомена: Можете и да го архивирате вашиот програмски распоред и да побарате од администратор да ги заштити тие страници.
Како работи програмот на Викирадио?
Викирадио динамички ги вчитува страниците со Javascript од страниците на Мета за да направи програмски распоред на музика. Со ова, заедницата може да ја избира музиката што ќе стои во страниците. Уредете ја страницата на станицата кога сакате да ја слушате вашата музика.
Поврзано