Open main menu

Translation requests/WMF/Local chapters/mk

Need help? See the Translation FAQ or Meta:Babylon. All translators should also subscribe to translators-l to be kept up-to-date (and to ask questions).

Локални ограноциEdit

 
Карта на светот со земјите кои имаат локални ограноци (сино).

Проектите на Викимедија имаат меѓународни димензии, и движењето на Викимедија веќе изврши значајно влијание врз светот. За да продолжиме со ваквиот успех на организационо ниво, Викимедија гради меѓународна мрежа од ограноци на Викимедија. Моментално постојат 39 .

Локалните ограноци се независни организации кои ги делат целите на фондацијата Викимедија и ги застапуваат во рамките на дадена географска област. Тие ја поддржуваат фондацијата Викимедија, заедницата на Викимедија и нејзините проекти на најразлични начини – со собирање на прилози, организирање на локални збиднувања и проекти, и со запознавање на јавноста со Викимедија и Слободната култура. Тие исто така и претставуваат посредник и контакт со заедницата на доброволци и потенцијалните партнери и поддржувачи кои се во можност да задоволат определени локални потреби и барања.

Доколку имате прашања за локалните ограноци или пак сакате да основате огранок во вашата земја, најслободно контактирајте го Одборот за ограноци. За повеќе информации за постоечки и планирани локални ограноци, погледајте ја страницата Ограноци на Викимедија на Мета.

Треба да се напомене дека локалните ограноци се независни здруженија кои немаат правна контрола врз или одговорност за страниците на фондацијата Викимедија и обратно.

  Австралија: Wikimedia AustraliaEdit

Wikimedia Australia е непрофитна организација регистрирана во државата Викторија во Австралија во август 2008. Фондацијата ја одобрила на 1 март 2008. Службена страница: www.wikimedia.org.au

  Австрија: Wikimedia ÖsterreichEdit

Wikimedia Österreich е огранокот на Викимедија за Австрија, основан во февруари 2008. Службена страница: www.wikimedia.at

  Аргентина: Wikimedia ArgentinaEdit

Wikimedia Argentina, е основана на 1 септември 2007 во Буенос Аирес, Аргентина, како огранок на Викимедија за Аргентина. Ова е непрофитна организација која работи согласно со законот за граѓански здруженија на Аргентина. Службена страница: www.wikimedia.org.ar

  Бразил: Wikimedia BrasilEdit

Instituto Wikimedia Brasil е организација (одобрена од фондацијата Викимедија како иден огранок на Викимедија за Бразил во октомври 2008. Организацијата официјално ќе стане откога ќе стане правно лице. Службена страница: www.wikimedia.org.br или страница на Мета-Вики

  Германија: Wikimedia DeutschlandEdit

Wikimedia Deutschland – Gesellschaft zur Förderung Freien Wissens e.V. („Викимедија Германија – друштво за распространување на слободно знаење“) е огранокот на Викимедија за Германија, основан на 13 јуни 2004 во Берлин како прв локален огранок на Викимедија. Кон крајот на 2006 г. здружението броело над 300 членови. Меѓу другите активности, Wikimedia Deutschland е иницијатор на неколку значајни партнерства за соработка, како на пример партнерството со Directmedia Publishing, издавачот на ДВД изданието на германската Википедија, и Deutsche Bibliothek (Германската библиотека). Донациите за Wikimedia Deutschland поделжат на даночни олеснувања во Германија. Повеќе информации на службената страница: www.wikimedia.de

  Данска: Wikimedia DanmarkEdit

Wikimedia Danmark е огранок на фондацијата Викимедија во Данска. Формиран е на 14 март 2009, а одобрен на 3 јули 2009. Службена страница: http://meta.wikimedia.org/wiki/Wikimedia_Danmark

  Израел: Викимедија ИзраелEdit

Викимедија Израел (хебрејски: ויקימדיה-ישראל, арапски: ويكيمديا إسرائيل) е огранок на Викимедија во Израел. Официјално е регистриран на 26 јуни 2007, по организационен процес започнат на 15 декември 2006, кога идејата била изнесена пред заедницата на една од нејзините конференции. Службена страница на хебрејски, арапски и англиски: www.wikimedia.org.il

  Индонезија: Wikimedia IndonesiaEdit

Wikimedia Indonesia е непрофитно здружение формирано на 5 септември 2008 во Џакарта, Индонезија, а одобрено од Фондацијата на 7 октомври 2008. Службена страница: www.wikimedia.or.id

  Италија: Wikimedia ItaliaEdit

Wikimedia Italia - Associazione per la diffusione della conoscenza libera е огранок на Викимедија за Италија, формиран на 17 јуни 2005, во Канино. Службена страница: www.wikimedia.it

  Македонија: Викимедија МакедонијаEdit

Викимедија Македонија е огранокот на фондацијата Викимедија за Република Македонија. Ова е граѓанско здружение кое работи во согласност со законот за граѓански здруженија и фондации, основано на 13 март 2009 во Скопје, Македонија. Огранокот е одобрен од фондацијата Викимедија на 21 септември 2009. Службена страница: http://meta.wikimedia.org/wiki/Wikimedia_Macedonia.

  Норвешка: Wikimedia Norge/Noreg/NorgaEdit

Wikimedia Norge (букмол; њунорск: Wikimedia Noreg, северносамски: Wikimedia Norga) е огранокот на Викимедија во Норвешка. Основан е на 23 јуни 2007, а се регистирал во септември 2008. Службена страница: no.wikimedia.org

  Обединето Кралство: Wikimedia UKEdit

Wiki UK Ltd, d/b/a Wikimedia UK, е огранокот на Викимедија за Обединетото Кралство. Основан е во ноември 2008 и формално признаен од Фондацијата во јануари 2009. Службена страница: www.wikimedia.org.uk

  Полска: Wikimedia PolskaEdit

Stowarzyszenie Wikimedia Polska („Здружение Викимедија Полска“) е огранокот на Викимедија за Полска. Формиран е на 14 август 2005, а регистриран по три месеци, на 18 ноември. Службена страница: pl.wikimedia.org

  Португалија: Wikimedia PortugalEdit

Associação Wikimedia Portugal (WMP) е огранок на Викимедија за Португалија. Фондацијата го одобрила на 4 јули 2009, а огранокот правно се регистрирал како официјална организација на 21 септември, 2009. Службена страница: http://meta.wikimedia.org/wiki/Wikimedia_Portugal

  Русија: Викимедиа РУEdit

Викимедиа РУ (Wikimedia RU) е огранок на фондацијата Викимедија во Русија. Огранокот добил одобрение од Фондацијата во мај 2008. Службена страница: www.wikimedia.ru

  Србија: Wikimedia СрбијеEdit

Wikimedia Србије е огранок на Викимедија во Србија. Основан е на 3 декември 2005, а регистриран е по речиси две години. Службена страница: rs.wikimedia.org

  Тајван: 中華民國維基媒體協會Edit

Викимедија Тајван (кинески: 中華民國維基媒體協會) е огранок на фондацијата Викимедија за Тајван. Официјално е регистриран на 11 февруари 2007 во Тајпеј, Тајван, по организационен процес започнат на 19 февруари 2006. Фондацијата го признала огранокот на 4 јули 2007. Службената страница е http://www.wikimedia.tw/wiki и ќе има кинеска и англиска верзија.

  Украина: Вікімедіа УкраїнаEdit

Граѓанската организација „Викимедија Украина“ (украински: громадська організація «Вікімедіа Україна») е основана на Првото годишно собрание на 31 мај, 2009. Организацијата е признаена на 3 јули, 2009 како регионален огранок на Викимедија. На 13 јули, 2009 Министерството за правда ја регистрирало Викимедија Украина. Службена страница: www.wikimedia.org.ua

  Унгарија: Wikimédia MagyarországEdit

Wikimédia Magyarország Egyesület, огранокот на Викимедија за Унгарија, е формиран во септември 2008, и официјално регистриран и признаен во ноември 2008 со цел да се залага за мисијата на фондацијата Викимедија како здружение од јавна полза. Службена страница: wikimedia.hu

  Финска: Wikimedia SuomiEdit

Wikimedia Suomi (Викимедија Финска) е основана во јуни 2009 како огранок на Викимедија за Финска. Службена страница: wikimedia.fi.

  Франција: Wikimédia FranceEdit

Wikimédia France, основана на 23 октомври 2004 во Париз, е огранок на фондацијата Викимедија за Франција. Ова е непрофитно здружение кое работи согласно со францускиот закон од јули 1901. Службена страница: www.wikimedia.fr

  Холандија: Wikimedia NederlandEdit

Vereniging Wikimedia Nederland („Здружение Викимедија Холандија“) е огранок на фондацијата Викимедија во Холандија. Основан е на 27 март 2006 во Ејндховен. Службена страница: nl.wikimedia.org

  Хонг Конг: 香港維基媒體協會Edit

Wikimedia Hong Kong Limited (кинески: 香港維基媒體協會有限公司) е локалниот огранок на фондацијата Викимедија за специјалниот административен регион Хонг Конг, Кина. Основан е на 14 јули 2007 во Хонг Конг, и официјално регистриран на 18 септември 2007. Фондацијата го признала на 1 март 2008. Повеќе информации на службената страница на англиски и кинески (традиционално писмо): www.wikimedia.hk.

  Чешка: Wikimedia Česká republikaEdit

Wikimedia Česká republika е огранокот на Викимедија во Чешка, основан во март 2008. Службена страница: www.wikimedia.cz.

  Швајцарија: Wikimedia CHEdit

Wikimedia CH - Verein zur Förderung Freien Wissens е огранок на Викимедија за Швајцарија. Основан е во Олтен на 14 мај 2006. Службена страница: www.wikimedia.ch

  Шведска: Wikimedia SverigeEdit

Wikimedia Sverige е огранок на фондацијата Викимедија за Шведска. Формиран е на 20 октомври 2007, за признаен е на 11 декември 2007. Службена страница: se.wikimedia.org

  САД, Њујорк: Wikimedia New York CityEdit

Wikimedia New York City е субнационален огранок на Викимедија во Њујорк, САД, признаен од Фондацијата на 12 јануари 2009. Службена страница: http://meta.wikimedia.org/wiki/Wikimedia_New_York_City