Проект „Википретставници“

This page is a translated version of the page Project wiki representatives and the translation is 100% complete.

Прибирање на претставници на википроектите

Накратко: Преведете ја страницава и започнете разговор на вашиот проект за да изберете претставник на вашиот википроект.

Ни треба вашиот глас

Вие сте учесник на еден од проектите под капата на Фондацијата Викимедија (WMF), која вдомува преку 900 викија. Викимедииното движење се состои од Фондацијата, заедниците на тие 900 википроекти, како и преку 140 подружници (ограноци, тематски организации и кориснички групи).

Во иднина ќе има Глобален совет кој ќе ги претставува заедниците. Глобалниот совет ќе го преговара на услужно ниво за вдомување на викијата кај услужник.

Улогата и должностите на Глобалниот совет ќе се внесат во Устав на Викимедииното движење, наречен и Повелба на движењето. Привремениот глобален совет ќе има за задача (меѓу останатото) да изработи нацрт-повелба.

На движењето му треба глас на вашето вики во Глобалниот совет. Ни треба претставникот од вашето вики да вложи време и труд во соработка со претставниците на сите други викија. За да избирање на претставник можете да ги следите месните правила и постапки кои важат во вакви прилики.

Прашања за разговорот на википроектите и подружниците

Дали вашиот википроект или подружна заедница го поддржува создавањето на Глобален совет и изработката на нацрт-устав на движењето? Кој би бил претставникот на вшиот википроект или подружница подготвен да соработува со претставници на википроекти и подружници по овие прашања?

Како можете да помогнете

Можете да ни помогнете во овој потфат на следниве начини:

  • Да ја преведете страницава тука на Мета
  • Да направите проектна страница на вашето вики
  • Да изберете претставник на вашето вики
  • Да ја пополните долуприкажаната табела со:
    • За претставништво на вашиот месен проект
      • Кодот на проектот
      • Врска до месната проектна страница за оваа постапка кога ќе се направи
      • Корисничко име (или име) на претставникот, кога ќе се избере
    • За претставништво на вашата подружница
      • Кодот на подружницата
      • Врска до подружната страница за оваа постапка кога ќе се направи
      • Корисничко име (или име) на претставникот, кога ќе се избере

Табела на претставници на википроектите

Претставници на википроектите

Код на википроектот Врска до разговорна страница Корисничко име/име на претставникот
nl.wp Wikipedia:Afgevaardigde Nederlandstalige Wikipedia
nl.wikiquote Wikiquote:Afgevaardigde van Nederlandstalige Wikiquote
nl.wikisource Wikisource:Afgevaardigde Nederlandstalige Wikisource
код на википроектот врска до разговорна страница корисничко име/име на претставникот

Претставници на подружници

Код на подружницата Врска до разговорна страница Корисничко име/име на претставникот
код на подружницата врска до разговорна страница корисничко име/име на претставникот

Повеќе информации

Оваа страница намерно е кратка, со цел да се олесни нејзиното преведување на сите 300 јазици, и да овозможи учество на сите 900 википроекти. Сите прашања поставувајте ги на разговорната страница.