Одлука:Разработка на сценарија за иднината на прибирањето средства

This page is a translated version of the page Resolution:Developing Scenarios for future of fundraising and the translation is 100% complete.

По консултацијата на Мета со заедницата на Викимедија, Одборот на доверители на Фондацијата Викимедија со ова подолу ги објавува начелата и напатствијата согласно кои треба да се води прибирањето на средства и нивната распределба.

Сега од Извршниот директор бараме на Одборот да му достави осмислена препорака за прибирањето средства и нивна распределба што ќе бидат во склад со нашите начела, соодветно консултирајќи се со засегнатите и заинтересираните страни. Одборот бара препораката да биде готова за разгледување и рапсрава на состанокот во февруари 2012 г.

Насоки за Сценарија при прибирањето средства

  • Доследност на задачата, визијата и вредностите. Сите прибирања на средства на Викимедија мора да се водат на начин што ќе е доследен и во склад со нашата општа задача, визија и вредности. Прибирањата не смеат да ги вовлекуваат проектите во правни проблеми кога тоа не е неопходно, или непотребно да ја попречуваат работата во насока на постигнување на зацртаното.
  • Минимални трошоци и минимално пореметување. Сите активности за прибирање средства мора да настојуваат да соберат што повеќе пари од дарителите, правејќи го тоа со што помали административни трошоци (за да се задржи што поголема сума пари наменета за програмските активности), истовремено предизвикувајќи што помала пореметување на активностите на корисниците во проектите.
  • Транспарентност: Сите активности за прибирање средства на Викимедија мора да бидат искрени и чесни во обраќњето кон потенцијалните дарители. Луѓето треба да збаат за што планираме да ги искористиме нивните пари пред да решат да дадат прилог. Благовремено треба да ги известиме како навистина сме ги потрошиле.
  • Совесност: Сите иницијативи на Викимедија за прибирање средства мора да се осигураат дека добиените пари се безбедни од малверзации и злоупотреба, според определеното од надворешни стандарди за соодветна контрола на финансиите, и мора да се придржуваат до законите и регулативите што важат за ваквите активности.
  • Интернационализам: Нашето движење има меѓународен делокруг, па затоа прибирањето средства мора да овозможи што полесен начин на меѓународно префрлање на пари во подрршка на приоритетите на движењето.
  • Независност: Го претпочитаме моделот на прибирање средства со голем број на ситни дарители, бидејќи тоа највеќе оди во прилог на нашата независност.
  • Флексибилност: Не мораме да се придружуваме до еден едноличен модел за прибирање средства: може да имаме и повеќе канали за доток на доброволни прилози.
  • Одржливи односи со дарителите: Мора да ја штитиме приватноста на дарителите и да избегнуваме да го забавуваме дотекот на прилози.
  • Добронамерност: Викимедија претпоставува дека сите учесници во движењето се однесуваат добронамерно во однос на меѓусебните постапки и побуди.

Насоки за Сценарија при распределба на средствата

  • Заштита на основното: Средства најпрво треба да примат основните активности со кои се запазува континуитетот на проектите.
  • Влијание: Средствата треба да се распределуваат на начин што ќе оди во прилог на нашата задача, без разлика на тоа каде се прибрани парите.
  • Транспарентност и стабилност: Одлуките по распределбата на средствата мора да се донесуваат на транспарентен начин, во склад с ообјавените насоки и постапки. Моделот мора да му овозможи на секој ентитет да изврши финансиско планирање во прилог на усилбите за одржливост.
  • Децентрализација: Средствата мора да се распределуваат на начин складен со децентрализираните програмски активности во прилог на нашата задача.
  • Одговорност и отчетност: Средствата мора да се распределуваат на начини што ќе ќе ѝ овозможат на Викимедија да ги увери дарителите дека нивните доброволни прилози се соодветно заштитени, и дека истите ќе бидат потрошени во склад со нашата задача и верно на пораките што ги истакнуваме за да привлечеме дарители.
  • Соработка и отвореност: Средствата мора да се распределат на соработен и отворен начин, кој го уважува разнообразниот и меѓународен карактер на движењето на Викимедија.

Наводи