ВикиЗаЧовековиПрава/Учествувајте

This page is a translated version of the page WikiForHumanRights/Participate and the translation is 100% complete.


WikiForHumanRight2022 Campaign 1 (2).png
Заглавие за метастраницата „Вики за човекови права“ 2022: Право на здрава животна средина GIF
#WikiForHumanRights 2022: Право на здрава животна средина

Зошто да учествувате?

Секое човечко битие трева да живее во безбедна, чиста, здрава и одржлива средина. За среќа, правото на здрава животна средина е признаео на еден или друг начин вп преку 150 земји ширум светот. Походот #WikiForHumanRights ги поттикнува викимедијанците и се залага за документирање на Википедија и другите Викимедиини проекти на приказната за овие права кои овозможуваат безбедна и стабилна клима, здрави екосистеми и нетоксична околина: можеме да ги подобриме знаењата за здравите природни системи на кои сите се потпираме за водата што ја пиеме, воздухот што го дишеме, храната што ја јадеме и ресурсите кои ни се потребни.

Како да учествувам?

Дали сте дел од месна Викимедиина заедница или организација која се занимава со човекови права и животната средина? Ни треба вашата организациска помош! Можете да:

  • Приредите уредувачки маратон или работилница во вашата земја/заедница
  • Приредите мал уредувачки натпревар во вашата земја/заедница
  • Приредите вебинар на темата
  • Учествувате во Глобалниот уредувачки предизвик
  • Учествувате со содржини на Википедија
  • Преведувајте постоечки статии на темата на вашиот јазик
  • Запишете стручно мислење за статија на Википедија
  • Пробајте нешто друго

Учествувајте во Глобалниот уредувачки предизвик

Дали сте искусен уредник на Википедија? Годинава приредуваме предизвик ВикиЗаЧовековиПрава! Придружете ни се и освојте мали награди!

Или пак видете дали има настан на вашиот јазик или контекст: Тука придружете се на настаните!

Ресурси за нови уредници

Ресурс за приредувачи

Список на предложени статии

Имате потешкотии со изборот на теми за пишување? Појдете на списокот на предложени статии за да најдете статија што ве интересира или да се инспирирате!