Universal Code of Conduct/Revised enforcement guidelines/Announcement/Voting/Email/mk

Започна гласањето по преработените Напатствија за спроведување на Универзалниот правилник на однесување

Почитуван(а) $USERNAME,

Започна периодот на гласање по преработениот Универзален правилник на однесување! Гласањето ќе трае четири недели и ќе заврши во 23:59 ч. UTC на 31 јануари 2023 г. Посетете ја информативната страница за гласачи на Мета за да дознаете за правото на глас и поединости за гласањето.

Во средината на јануари 2023 г. Напатствијата за спроведување на Универзалниот правилник на однесување ќе бидат ставени на второ ратификационо гласање во рамките на целата заедница. Ова следи по гласањето во март 2022 г. во кое мнозинството гласачи искажаа поддршка за Напатствијата за спроведување. Во текот на гласањето учесниците ги истакнаа важните прашања на заедницата. Комитетот за работи на заедницата при Одборот побара разгледување на тие проблеми.

Доброволечкиот Комитет за преработка се заложи за да го разгледа изнесеното од заедницата и да направи измени. Ги прилагодија проблематичните делови како барањата за обука и признание, приватноста и транспарентноста на процесот, како и читливоста и преводливоста на самиот документ.

Преработените Напатствија за спроведување можете да ги погледате тука, а промените можете да ги споредите тука.

Гласовите ќе се разгледуваат од независна група на доброволци, а исходот ќе биде објавен на Wikimedia-l, Форумот за стратегија на движењето, во Diff и на Мета. Гласачите и овојпат ќе можат да гласаат и споделуваат мислења за напатствијата. Одборот на доверители ќе обрати внимание на степенот на поддршка за изнесените мислења при разгледувањето на ратификацијата на Напатствијата за спроведување или нивна понатамошна разработка.

Во име на Проектната екипа на УПО,

Писмово го добивате бидејќи ја имате заведено Вашата е-пошта кај Фондацијата Викимедија. За да престанете да добивате известувања за идни избори, ставете го Вашето корисничко име на овој список.

Plain text version

Почитуван(а) $USERNAME,

Започна периодот на гласање по преработениот Универзален правилник на однесување <https://meta.wikimedia.org/wiki/Special:MyLanguage/Universal_Code_of_Conduct/Revised_enforcement_guidelines>! Гласањето ќе трае четири недели и ќе заврши во 23:59 ч. UTC на 31 јануари 2023 г. Посетете ја информативната страница за гласачи на Мета <https://meta.wikimedia.org/wiki/Special:MyLanguage/Universal_Code_of_Conduct/Revised_enforcement_guidelines/Voter_information> за да дознаете за правото на глас и поединости за гласањето.

Во средината на јануари 2023 г. Напатствијата за спроведување на Универзалниот правилник на однесување <https://meta.wikimedia.org/wiki/Special:MyLanguage/Universal_Code_of_Conduct> ќе бидат ставени на второ ратификационо гласање во рамките на целата заедница. Ова следи по гласањето во март 2022 г. <https://meta.wikimedia.org/wiki/Special:MyLanguage/Universal_Code_of_Conduct/Enforcement_guidelines/Voting/Results> во кое мнозинството гласачи искажаа поддршка за Напатствијата за спроведување. Во текот на гласањето учесниците ги истакнаа важните прашања на заедницата. Комитетот за работи на заедницата при Одборот побара разгледување на тие проблеми.

Доброволечкиот Комитет за преработка се заложи за да го разгледа изнесеното од заедницата и да направи измени. Ги прилагодија проблематичните делови како барањата за обука и признание, приватноста и транспарентноста на процесот, како и читливоста и преводливоста на самиот документ.

Преработените Напатствија за спроведување можете да ги погледате тука <https://meta.wikimedia.org/wiki/Special:MyLanguage/Universal_Code_of_Conduct/Revised_enforcement_guidelines>, а промените можете да ги споредите тука <https://meta.wikimedia.org/wiki/Special:MyLanguage/Universal_Code_of_Conduct/Revised_enforcement_guidelines/Comparison>.

Гласовите ќе се разгледуваат од независна група на доброволци, а исходот ќе биде објавен на Wikimedia-l, Форумот за стратегија на движењето, во Diff и на Мета. Гласачите и овојпат ќе можат да гласаат и споделуваат мислења за напатствијата. Одборот на доверители ќе обрати внимание на степенот на поддршка за изнесените мислења при разгледувањето на ратификацијата на Напатствијата за спроведување или нивна понатамошна разработка.

Во име на Проектната екипа на УПО,

Писмово го добивате бидејќи ја имате заведено Вашата е-пошта кај Фондацијата Викимедија. За да престанете да добивате известувања за идни избори, ставете го Вашето корисничко име на овој список:
<https://meta.wikimedia.org/wiki/Wikimedia_nomail_list>.