Правна служба на Фондацијата Викимедија/Новости за УО 2023
Outdated translations are marked like this.
Правната служба на Фондацијата Викимедија собира мислења од членовите на заедницата во врска со измена на Условите на употреба на Викимедија. Консултацијата трае од 21 февруари до 24 април 2023 г.
Условите на употреба (УО) се правните услови под кои се користат мрежните места вдомени од Фондацијата Викимедија.
Како дел од ова собирање на мислења, Правната служба дава нацрт-предлог за кој вие би дале ваши наоѓања од февруари до април. Нацртот ќе биде преведен на неколку јазици, а мислењата може да бидат на било кој јазик.
Предложените измени во условите на употреба можете да ги погледате тука и целосното придружно соопштение за промените во Условите на употреба.