Азиски месец на Википедија

This page is a translated version of the page Wikipedia Asian Month and the translation is 100% complete.
Ова е индексна страница. Погледајте Wikipedia Asian Month 2021 за годинешниот настан.
ПОЧЕТНА Корисничка група 2021 2020 2019 2018 2017 2016 2015

Добре дојдовте на метапорталот за Азискиот месец на Википедија! Азискиот месец на Википедија (WAM) е годишен семрежен настан кој има за цел да ги промовира азиските содржини на Википедија. Почнувајќи од 2015 г., заедниците што учествуваат спроведуваат семрежен уредувачки маратон секој ноември, со што се промовира создавањето и подобрувањето на википедиски содржини за Азија со исклучок на нивната матична земја.

Учеството не е ограничено на уредници од Азија. Проектот се одржува на разни јазични изданија на Википедија и други мрежни места нза Фондацијата Викимедија (Викимедииното движење). Сепак, извесни потфати се одржуваат во поединечни земји со Викимедиини заедници со месни приредувачи.

Азискиот месец на Википедија постигна многу во текот на овие 5 години: напишани се преку 37.500 висококвалитетни статии на повеќе од 63 јазични изданија од преку 2.900 уредници.

Изданија

Статистика

Edition Wikimedia Projects All articles Qualified Articles Editors Involved Editors Completed Offline Events
2015 43 N/A 6.096 N/A N/A 0
2016 50 N/A 7.970 734 436 9 (list)
2017 51 N/A 7.429 694 421 5 (list)
2018 64 N/A 6.625 767 421 6 (list)
2019 59 10.135 9.381 783 470 3 (list)
2020 57 6.672


За приредувачи

На одделна страница ставивме повеќе информации во врска со приредувањето на Азиски месец на вашата Википедија. Погледајте ја и „Wikipedia Asian Month/Documentation/International team process“ за да дознаете кој е за што задолжен.