Вики ја сака Земјата е натпревар каде учесниците прават фотографии од заштитени предели на природното богатство и ги подигаат на Ризницата. Ова е втора година на одржување на меѓународниот дел од натпреварот кој следи по националните натпревари, кои годинава се одржаа во 26 земји. Меѓународниот избор на фотографии е направен и сега можеме да ви ги претставиме победниците.
Натпреварот има двојна цел. Првата цел е да се исфотографираат што е можно повеќе заштитени предели и добиените слики да се подигнат под слободна содржина. Втората цел е, со овој потфат, да се подигне јавната свест за запазувањето на природните предели и така да се подобри нивната заштита.
Замислата за „Вики ја сака Земјата“ почна во 2013 г во Украина. Во 2014 г. ни се придружија уште 15 земји од четири континенти — Европа, Азија, Африка и Америка.
Во 2015 г. учесниците од сите земји подигнаа вкупно 100.000 слики.
Натпреварот се приредува во голем број земји, каде го водат екипи од месни доброволци. Потоа националните жири-комисии поднесуваат 10 избрани слики за учество во меѓународна конкуренција. Годинава имавме 26 земји-учеснички со вкупно 259 слики. Изборот на меѓународните победници се одвиваше со подување на поднесените слики во неколку етапи со помош на наменска алатка.
Меѓународното жири се состоеше од 9 искусни фотографи на природата од различни земји: Димитро Балховитин (Украина), Метју Бак (Британија), Дитмар Барц (Германија), Валабдул Манем (Египет), Алекс Ванг (САД), Катерина Зарева-Симеонова (Бугарија), Зејнел Џебеџи (Турција), Сузана Планк (Австрија) и Јатин Кришнапа (Индија).
По одредувањето на победничката слика, жирито ги избра и следниве ревијални фотографии.
Почесен избор: Раѓање на трут на медоносната пчеча (Apis mellifera) во Рибеирао Прето, Бразил. Оваа слика беше високооцената од жирито, но не доби награда бидејќи не е направена во заштитено подрачје. Фото: Jonathan Wilkins, лиценца: [https://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0/deed.mk CC-by-SA 3.0
]
Меѓународното жири има направено целосен извештај, каде е објаснета неговата работа и начинот на избирање. Претставен е исходот од натпреварот со коментари од членовите на жирито.
Честитки за победниците и им благодариме на сите што годинава работеа на организирање на натпреварот.
(Tweet text goes here - max 117 characters)
---------|---------|---------|---------|---------|---------|---------|---------|---------|---------|---------|------/