Предизвик „Вики за човекови права“

This page is a translated version of the page WikiForHumanRights Challenge/2021 and the translation is 92% complete.
Outdated translations are marked like this.
Предизвик „Вики за човекови права“
Право на здрава животна средина

Пишувајте за човековите права, здравата животна средина и разновидните заедници засегнати од овие проблеми ширум светот!

Дома си е дома :) Прочитајте повеќе за подохот! Спремни да освоите награда? Дознајте повеќе за нашите партнери Следете ги бројките .. {{{imge_exp_text7}}} Следете ги бројките .. Следете ги последните новости..
Почетна Повик за дејство Награди Список на статии Учесници Настани на заедниците Разговор Дневник

Почетна страница на предизвикот

Добре дојдовте на уредувачкиот предизвик #WikiForHumanRights на тема „Право на здрава животна средина“! Ова е дел од поопширниот поход #WikiForHumanRights.

Што: Ова е јавен уредувачки предизвик за создавање и подобрување на статии поврзани со човековите права, особено на темите поврзани со правото на здрава животна средина на разни јазици на Википедија и други Викимедиини поекти. Победниците ќе добијат мали награди во спомен на нивното учество. Предизвикот се приредува во рамките на походот #WikiForHumanRights од 15 април до 15 мај 2021 г. во соработка со Службата за човечкови права на ООН (ОХЦХР) и Програмата за животна средина на ООН.

Кога: Предизвикот ќе трае од 00:01 ч. на 15 април со 23:59 ч. на 15 мај 2021 г. (GMT). Во четврток, 22 април го одбележуваме Меѓународниот ден на планетата Земја. Во текот на овој поход ќе се одржат настани (придружете се на месен настан!), ако ви треба инспирација или помош да се сетите на добри теми.

Како: Уредувате статии и добивате бодови според нашиот систем: стекнувате бодови за подобрување на статии, при што целта на секој учесник е да добие што повеќе бодови. Ќе имаме посебни награди за учесници од јазици кои не се службени во ООН.

Кој: Секој може да учествува во создавањето или преведувањето на статии поврзани со човеовите права и правото на здрава животна средина. Учество може да земе секој зачленет википедијанец (на било кое вики, вклучувајќи го Инкубаторот). За да учествувате, просто пријавете се во одделот „Учесници“.