Услови на употреба - Краток преглед

This page is a translated version of the page Terms of use-Summary and the translation is 89% complete.
Услови на употреба
Wikimedia-logo.svg
Ова е краток преглед на Условите на употреба наменет за информирање на корисниците To read the full terms, click here.
Одрекување: Овој краток преглед не е дел од самите Услови на употреба и не претставува правен документ. Ова е само едно прирачно помагало што треба да даде претстава за целосните услови. Може да се сфати како полесно разбирлива варијанта на нашите Услови за употреба.

Дел од нашата задача е да ги:

  • Оспособиме и вклучиме луѓето ширум светот, за да можат да собираат и разработуваат образовни содржини и да ги објавуваат под слободна лиценца или да стават во јавна сопственост.
  • Распространиме овие содржини на делотворен начин, глобално и бесплатно.

Имате право слободно да ги:

  • Читате и печатите нашите статии, слики и снимки бесплатно.
  • Споделувате и пренаменувате нашите статии и други слики и снимки под слободни и отворени лиценци.
  • Придонесувате во и уредувате разните наши проекти и мрежни места.

Под следниве услови:

  • Одговорност — Да сносите одговорност за вашите уредувања (бидејќи ние само ги вдомуваме вашите содржини).
  • Учтивост — Да одржувате учтива атмосфера и да не ги вознемирувате останатите корисници.
  • Правно однесување — Да не ги кршите авторските права и другите закони.
  • Ненаштетување — Да не причинувате штета врз нашата технолошка инфраструктура.
  • Услови на употреба и правила — Да се придржувате до долунаведените Услови на употреба и правилата на заедницата кога ги посетувате нашите страници или учествувате во нашите заедници.

Разбирајќи дека:

  • На вашите придонеси им давате слободни лиценци — вашите придонеси и уредувања на нашите мрежни места и Проекти мора да ги објавувате под слободна и отворена лиценца (освен ако не се во јавна сопственост).
  • Нема стручни совети — содржините на статиите и другите проекти имаат чисто информативен карактер и не претставуваат стручни совети.