Open main menu

Изјава за доверливоста на мислењата

This page is a translated version of the page Feedback privacy statement and the translation is 100% complete.
Other languages:
Afrikaans • ‎Bahasa Indonesia • ‎Cymraeg • ‎Deutsch • ‎Deutsch (Sie-Form)‎ • ‎English • ‎Esperanto • ‎Kiswahili • ‎Lëtzebuergesch • ‎Nederlands • ‎Ripoarisch • ‎Tiếng Việt • ‎Türkçe • ‎Zazaki • ‎català • ‎dansk • ‎español • ‎français • ‎galego • ‎italiano • ‎polski • ‎português do Brasil • ‎română • ‎slovenčina • ‎suomi • ‎čeština • ‎беларуская (тарашкевіца)‎ • ‎български • ‎македонски • ‎русский • ‎ייִדיש • ‎العربية • ‎فارسی • ‎অসমীয়া • ‎বাংলা • ‎ਪੰਜਾਬੀ • ‎മലയാളം • ‎中文 • ‎日本語 • ‎한국어

Вашето мислење

Го цениме Вашето мислење! Вака искажаните мислења ни овозможуваат да дознаеме што е добро, а што не, и како да ги подобриме нашите услуги.

Кога искажувате мислење, ние кон него се однесуваме транспарентно. Тука имаме објаснето што сè подразбираме под јавни информации и какви лиценци важат. Накратко, се согласувате јавно да ги објавите Вашите придонеси и тоа под лиценцата CC0 или CC BY SA 3.0. Доколку не е поинаку наведено, со Вашите информации од лична и разоткрителна природа ќе се постапува како и со сите други такви информации согласно нашите правила за приватноста, според кои се допушута, на пример, јавно обелоденување на вашата корисничка назнака.

Доколку наведете е-пошта, може да ја употребиме за да се поврземе со Вас и да Ви испраќаме новости за Вашето мислење.

Фондацијата Викимедија може да ги прегледува искажаните мислења и другите собрани информации, вклучувајќи ја Вашата корисничка назнака (ако сте ја навеле), Вашата IP-адреса, и сите други податоци што ни се дадени или пренесени.

Како дел од нашите залагања да ги поддржиме и потпомогнеме работите и активностите на Викимедија, понекогаш ја замолуваме јавноста да даде оцени и да продискутира по нашите прашања и проблеми. Затоа, може да објавиме некои или сите Ваши мислења и други јавни информации во јавните гласила, вклучувајќи мрежни страници и блогови.

Вашите мислења, коментари и јавни информации може да бидат вклучени заедно со јавно достапните податоци со цел да можеме да ги проанализираме, споделиме, и дискутираме нашите активности во Фондацијата Викимедија.

Може да се случи да ги разоктриеме информациите доколку тоа се бара по закон, ако се јави потреба да ги заштитиме нашите права, приватност, безбедност или корисници, и кога ќе мораме да ги наложиме нашите Услови на употреба.

Може да се јави потреба да ги споделиме вашите мислења и други информации со други услужници (трето лице) со цел да ги подржиме или потпомогнеме работата и активностите на Викимедија.

Искажувајќи го своето мислење, се согласувате со преносот на сите собрани информации во САД и (по потреба) други места со цел да се спроведат гореопишаните цели и задачи. Разбирате дека не очекувате надомест за идеите што ги давате.

Уште еднаш, Ви благодариме што ни помагате да ги подобриме проектите на Фондацијата Викимедија!

Фондацијата Викимедија


Напомена: Горенаведеното го опишува односот на Фондацијата Викимедија кон мислењата на корисниците добиени од алатките како „Мислења за статии“, „ВикиЉубов“, „Лента за расположение“ (ArticleFeedback, WikiLove, MoodBar) како и слични посебни функции. Објаснувањето е преземено од овие алатки и сочинува дел од постапката на искажување мислење.