Community Wishlist Survey 2021/Invitation/mk
Испитување на желбите на заедницата 2021
Испитување на желбите на заедницата 2021 сега е отворен! Со ова испитување, заедниците решаваат на што треба да работи екипата „Техника на заедницата“ во текот на следната година. Препорачуваме секому да поднесува свои предлози со рок до 30 ноември, или пак да коментира на постоечките предлози со цел да ги подобриме. Заедниците ќе гласаат меѓу предлозите 8 декември и 21 декември.
Екипата „Техника на заедницата“ го насочува своето внимание кон алатките за искусни викимедијанци. Предлозите можете да ги пишувате на било кој јазик, а ние ќе ги преведеме. Ви благодариме и со нетрпение чекаме да видиме што сте предложиле!