Capacity development for underrepresented communities/Research/mk
Истражувачката фаза имала за цел да ја истражи тековната состојба на утврдените недоволно застапени заедници и била спроведена во периодот од 1 јуни до 31 август 2020 година. Таа се состоела од две истражувачки алатки:
- анкета којашто била раширена до членови на заедницата; и
- интервју со стручни лица за заедницата.
Влашки јазик
edit- Демографски податоци
П1. Род: (еднократен избор)
- Машки
- Женски
П2. Возраст: (еднократен избор)
- под 18
- 18–30
- 30–40
- 40–50
- 50–60
- над 60
П3. Место на живеење: (краток одговор)
- __________________
П4. Степен на образование: (еднократен избор)
- Прв степен: Основно образование и воспитување
- Втор степен: Стручно оспособување/образование за занимање
- Трет степен: Средно стручно образование во времетраење од три години
- Четврти степен: Средно образование во времетраење од четири години
- Петти степен: Специјалистичко образование
- Шести степен: Додипломски академски студии, додипломски стручни студии или специјалистички академски студии
- Седми степен: Постдипломски академски студии, постдипломски стручни студии или специјалистички академски студии
- Осми степен: Докторски студии
П5. Дали сте вработен/а? (еднократен избор)
- Да
- Не
П6. На кој начин пристапувате на интернет? (повеќекратен избор)
- од мобилен телефон
- од таблет
- од преносен компјутер
- од личен компјутер
- од друг уред
- Прашања за јазикот
П7. Колку добро го говорите влашкиот јазик? (еднократен избор)
- воопшто не го говорам
- го говорам на почетно ниво
- го говорам на средно ниво
- го говорам на напредно ниво
- го говорам како мајчин јазик
П8. Колку добро знаете да пишувате на влашки јазик? (еднократен избор)
- воопшто не знам да пишувам
- знам да пишувам на почетно ниво
- знам да пишувам на средно ниво
- знам да пишувам на напредно ниво
- знам да пишувам како да ми е мајчин јазик
П9. Каде го имате изучувано влашкиот јазик? (еднократен избор)
- во кругот на семејството
- во кругот на пријателите
- на училиште/факултет
- преку курсеви по влашки јазик
- _____________________________
П10. Означете колку се согласувате со следните искази во врска со влашкиот јазик во Македонија. (еднократен избор во мрежа)
Исказ | Воопшто не се согласувам | Не се согласувам | Се согласувам | Целосно се согласувам | Не знам |
---|---|---|---|---|---|
Влашкиот јазик во говорен облик е загрозен. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Влашкиот јазик во пишан облик е загрозен. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Влашкиот јазик е доволно застапен во македонските медиуми. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Материјали на влашки јазик во печатен облик се лесно достапни. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Материјали на влашки јазик во дигитален облик се лесно достапни. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
- Прашања поврзани со Википедија
П11. На кој начин ја користите Википедија? (повеќекратен избор)
- како читател
- како уредник
П12. Колку често ја користите Википедија? (еднократен избор)
- повеќе пати дневно
- еднаш дневно
- еднаш седмично
- еднаш месечно
- помалку од еднаш месечно
П13. Кое јазично издание на Википедија го користите? (повеќекратен избор)
- на влашки јазик
- на македонски јазик
- на албански јазик
- на турски јазик
- на српски јазик
- на босански јазик
- на ромски јазик
- на англиски јазик
- друго јазично издание
П14. Дали имате корисничка сметка на Википедија? (еднократен избор)
- Да
- Не
П15. Дали сте слушнале за другите викимедиини проекти и за кои? (повеќекратен избор)
- Ризница (Wikimedia Commons)
- Википодатоци (Wikidata)
- Викиречник (Wiktionary)
- Викиизвор (Wikisource)
- Викицитат (Wikiquote)
- Викивести (Wikinews)
- Викиуниверзитет (Wikiversity)
- Викиводич (Wikivoyage)
- Викивидови (Wikispecies)
- ниеден од наведените
П16. Означете колку се согласувате со следните искази во врска со застапеноста на влашката култура на Википедија. (еднократен избор во мрежа)
Исказ | Воопшто не се согласувам | Не се согласувам | Се согласувам | Целосно се согласувам | Не знам |
---|---|---|---|---|---|
Темите за влашката култура се доволно застапени на Википедија. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Википедија содржи доволно статии за познати Власи. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Статиите на теми за влашката култура и познатите Власи на Википедија се доволно обемни. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Содржините во статиите на теми за влашката култура и познатите Власи на Википедија се веродостојни. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
- Демографија
- Најголем дел од испитаните говорници се вработени (81,3%) и имаат високо образование (79.9%).
- Околу една половина од испитаните се помлади од 40 години (50,7%), а групата на возраст 18–30 години е најголема (29,9%).
- Нешто над половина од говорниците живеат во Скопје (53,0%), значително малцинство живее во Битола (18,7%), а останатите навеле живеалиште во 6 други градови во Македонија или некое место во странство.
- Огромно мнозинство говорници пристапуваат на интернет од мобилен телефон (88,1%), но значителен дел користат личен сметач или лаптоп (по 41,8%).
- Јазик
- Најголем дел од испитаните истакнале дека имаат познавање од влашкиот јазик (88,1%), но само околу една третина го зборуваат како мајчин јазик. Сепак, во однос на пишаниот јазик, бројките се намалуваат иако мнозинството знае да пишува на јазикот (73,1%), но само една шестина посочиле дека знаат да пишуваат на влашки како да им е мајчин јазик. Забележана е слаба тенденција дека постарите говорници имаат поголемо познавање како од говорниот (ρ=0.22), така и од пишаниот влашки јазик (ρ=0.14). Преовладувачко мнозинство од испитаните научиле влашки во кругот на семејството (93,3%).
- Големо мнозинство говорници сметаат дека влашкиот е загрозен во говорен (84,3%) и пишан облик (85,8%). Слично, најголем број луѓе мислат дека јазикот е недоволно застапен во македонските медиуми (88,8%), како и дека нема доволно печатени (87,3%) и дигитални материјали на јазикот (83,6%). Помладите генерации се нешто попесимистични во врска со статусот на јазикот во македонското општество.
- Википедија
- Сите испитани говорници ја читаат Википедија, но многу малку од нив ја уредуваат (3,0%). Врз основа на ова, само 6,7% имаат корисничка сметка. Околу една третина ја користат Википедија на седмична основа, скоро третина ја користат почесто, а нешто над една третина поретко.
- Википедија на англиски јазик (75,4%) и Википедија на македонски јазик (65,7%) се најпопуларни изданија. Дополнително, 14,9% од испитаните говорници ја користат Википедија на влашки јазик.
- Нешто над две третини имаат слушнато за другите викимедиини проекти, а Викиречник (34,3%), Википодатоци (26,9%) и Ризница (19,4%) се најдобро познати.
- Најповеќе говорници сметаат дека на Википедија нема доволно теми за влашката култура (77,6%) и статии за познати Власи (72,4%), како и дека статиите не се доволно обемни (78,4%). Мислењата се повеќе поделени во поглед на веродостојноста на статиите на теми за влашката култура и познати Власи, па така 42,5% се незадоволни, а 22,4% изразиле задоволство.
П1. Колку е голема заедницата на корисници на влашкиот јазик во Македонија и каква е нејзината географска распределба?
П2. Дали постои стандарден влашки јазик? Кои дијалекти на влашкиот јазик се зборуваат во Македонија, колкав е бројот на нивните корисници и колку се застапени?
П3. Колку се достапни печатени материјали на влашки јазик? Колку од нив се достапни во дигитален облик?
П4. Колку се достапни печатени материјали за влашката култура на други јазици? Колку од нив се достапни во дигитален облик?
П5. Кои се најголемите предизвици на заедницата на корисници на влашки јазик во Македонија?
П6. Кои се најголемите потреби на заедницата на корисници на влашки јазик во Македонија?
П7. Кои видови настани се покажале како најефикасни методи на учење на корисниците на влашки јазик?
- Службените податоци укажуваат дека бројот на влашки говорници во Македонија е околу 1.700 лица, но овој број се чини потценет со оглед на тоа што околу 10.000 лица се снимени како го користат јазикот.
- Постојат неколку дијалекти на влашкиот јазик со ситни разлики коишто се зборуваат во Македонија. Разликите биле темелно проучувани од страна на македонскиот јазичар Марјан Марковиќ, кој направил споредбена анализа на пишувањето и изговорот на реченици на сите овие дијалекти.
- Достапноста на печатени материјали е оскудна, но бележи раст во скорешниот период. Нема книжарници коишто се наменети за продажба на печатени материјали на влашки јазик и нивното распространување обично се врши преку лични контакти.
- Влашкиот народ и култура се добро покриени во книги на други јазици, особено англиски и македонски.
- Влашките невладини организации не организираат многу настани. Всушност, се одржуваат четири главни настани секоја година: свечена академија за одбележување на Националниот ден на Власите, два фолклорни фестивали и ден за одбележување на влашката култура. Исто така, се одржуваат и други настани во облик на конференција, симпозиум или настан за промоција на книга. Во минатото биле организирани и курсеви по влашки јазик.
- Предизвици
- Зачувување на јазикот. Младите генерации помалку го користат влашкиот јазик и има многу малку семејства во коишто деца од двајца родители Власи го говорат јазикот. Меѓутоа, расте бројот на млади Власи коишто го истакнуваат своето потекло и имаат желба да го изучуваат јазикот, а некои поединци сами си обезбедуваат учебници за изучување на јазикот.
- Потреби
- Можности за изучување на јазикот. Владата треба финансиски да ги поддржи невладините организации за да организираат курсеви по влашки јазик. Понатаму, би било корисно да се основа Катедра по влашки јазик во високообразовните установи, на која би работеле јазичари кои би обучувале наставници од основните и средните училишта да го предаваат јазикот на своите ученици.
Ромски јазик
edit- Демографски податоци
П1. Род: (еднократен избор)
- Машки
- Женски
П2. Возраст: (еднократен избор)
- под 18
- 18–30
- 30–40
- 40–50
- 50–60
- над 60
П3. Место на живеење: (краток одговор)
- __________________
П4. Степен на образование: (еднократен избор)
- Прв степен: Основно образование и воспитување
- Втор степен: Стручно оспособување/образование за занимање
- Трет степен: Средно стручно образование во времетраење од три години
- Четврти степен: Средно образование во времетраење од четири години
- Петти степен: Специјалистичко образование
- Шести степен: Додипломски академски студии, додипломски стручни студии или специјалистички академски студии
- Седми степен: Постдипломски академски студии, постдипломски стручни студии или специјалистички академски студии
- Осми степен: Докторски студии
П5. Дали сте вработен/а? (еднократен избор)
- Да
- Не
П6. На кој начин пристапувате на интернет? (повеќекратен избор)
- од мобилен телефон
- од таблет
- од преносен компјутер
- од личен компјутер
- од друг уред
- Прашања за јазикот
П7. Колку добро го говорите ромскиот јазик? (еднократен избор)
- воопшто не го говорам
- го говорам на почетно ниво
- го говорам на средно ниво
- го говорам на напредно ниво
- го говорам како мајчин јазик
П8. Колку добро знаете да пишувате на ромски јазик? (еднократен избор)
- воопшто не знам да пишувам
- знам да пишувам на почетно ниво
- знам да пишувам на средно ниво
- знам да пишувам на напредно ниво
- знам да пишувам како да ми е мајчин јазик
П9. Со кој дијалект на ромскиот јазик се служите? (еднократен избор)
- бугурџиски
- ковачки
- џамбаски
- арлиски
- __________
П10. Каде го имате изучувано ромскиот јазик? (еднократен избор)
- во кругот на семејството
- во кругот на пријателите
- на училиште/факултет
- преку курсеви по ромски јазик
- _____________________________
П11. Означете колку се согласувате со следните искази во врска со ромскиот јазик во Македонија. (еднократен избор во мрежа)
Исказ | Воопшто не се согласувам | Не се согласувам | Се согласувам | Целосно се согласувам | Не знам |
---|---|---|---|---|---|
Ромскиот јазик во говорен облик е загрозен. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Ромскиот јазик во пишан облик е загрозен. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Ромскиот јазик е доволно застапен во македонските медиуми. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Материјали на ромски јазик во печатен облик се лесно достапни. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Материјали на ромски јазик во дигитален облик се лесно достапни. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
- Прашања поврзани со Википедија
П12. На кој начин ја користите Википедија? (повеќекратен избор)
- како читател
- како уредник
П13. Колку често ја користите Википедија? (еднократен избор)
- повеќе пати дневно
- еднаш дневно
- еднаш седмично
- еднаш месечно
- помалку од еднаш месечно
П14. Кое јазично издание на Википедија го користите? (повеќекратен избор)
- на ромски јазик
- на македонски јазик
- на албански јазик
- на турски јазик
- на српски јазик
- на босански јазик
- на влашки јазик
- на англиски јазик
- друго јазично издание
П15. Дали имате корисничка сметка на Википедија? (еднократен избор)
- Да
- Не
П16. Дали сте слушнале за другите викимедиини проекти и за кои? (повеќекратен избор)
- Ризница (Wikimedia Commons)
- Википодатоци (Wikidata)
- Викиречник (Wiktionary)
- Викиизвор (Wikisource)
- Викицитат (Wikiquote)
- Викивести (Wikinews)
- Викиуниверзитет (Wikiversity)
- Викиводич (Wikivoyage)
- Викивидови (Wikispecies)
- ниеден од наведените
П17. Означете колку се согласувате со следните искази во врска со застапеноста на ромската култура на Википедија. (еднократен избор во мрежа)
Исказ | Воопшто не се согласувам | Не се согласувам | Се согласувам | Целосно се согласувам | Не знам |
---|---|---|---|---|---|
Темите за ромската култура се доволно застапени на Википедија. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Википедија содржи доволно статии за познати Роми. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Статиите на теми за ромската култура и познатите Роми на Википедија се доволно обемни. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Содржините во статиите на теми за ромската култура и познатите Роми на Википедија се веродостојни. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
- Демографија
- Големо мнозинство од испитаните говорници се помлади од 40 години (78,8%), најповеќе се вработени (63,5%) и половина имаат високо образование (50,0%).
- Речиси една третина од испитаните живеат во Скопје (30,8%), додека мнозинството е подеднакво распространето во 15 други градови во Македонија, а многу малку живеат во странство (1,9%).
- Огромно мнозинство говорници пристапуваат на интернет од мобилен телефон (88,5%), но значителни се учествата на оние кои користат лаптоп (38,5%) и личен сметач (28,8%).
- Јазик
- Најголем дел од испитаните истакнале дека имаат познавање од ромскиот јазик (86,5%), а половина од нив го зборуваат како мајчин јазик (42,3%). Што се однесува на јазикот во писмен облик, бројките се понски и 65,4% од испитаните можат да пишуваат на јазикот, а 32,7% тоа го прават како да им е мајчин јазик. Ромските говорници во Македонија главно се служат со четири дијалекти, а корисниците на ковачкиот дијалект се најбројни (38,5%). Мнозинството говорници го научиле ромскиот јазик во кругот на семејството (63,5%), а значително малцинство го научиле со пријателите (34,6%).
- Мислењата се поделени за тоа дали ромскиот јазик е загрозен во говорен и пишан облик, иако оние кои се загрижени се повеќе од половина. Преовладувачко мнозинство од испитаните мислат дека јазикот е недоволно застапен во македонските медиуми (92,3%), како и дека нема доволно печатени (88,5%) и дигитални материјали на јазикот (86,5%). Лицата со повисок степен на образование се попесимистични за статусот на јазикот во македонското општество. Постарите генерации се нешто позагрижени за статусот на јазикот, но сметаат дека јазикот не е дотолку недоволно застапен.
- Википедија
- Скоро сите испитани говорници ја читаат Википедија (94,2%), но многу малку од нив ја уредуваат (5,8%), а само 7,7% имаат корисничка сметка. Значително малцинство од 40,4% ја користат Википедија секој ден, додека останатите ја користат поретко.
- Википедија на македонски јазик е далеку најпопуларно издание (82,7%), но значително учество ја користи и Википедија на англиски јазик (38,5%). Само 5,8% од испитаните истакнале дека ја користат Википедија на ромски јазик.
- Над три четвртини немаат слушнато за другите викимедиини проекти. Википодатоци е најдобро познат од нив (11,5%).
- Големо мнозинство од испитаните сметаат дека на Википедија нема доволно теми за ромската култура (86.5%) и статии за познати Роми (90,4%), како и дека статиите на теми за ромската култура и познати Роми се недоволно обемни (84,6%). Околу две третини исто така се загрижени за веродостојноста на статиите коишто ја обработуваат ромската култура и познати Роми.
П1. Колку е голема заедницата на корисници на ромскиот јазик во Македонија и каква е нејзината географска распределба?
П2. Дали постои стандарден влашки јазик? Кои дијалекти на ромскиот јазик се зборуваат во Македонија, колкав е бројот на нивните корисници и колку се застапени?
П3. Колку се достапни печатени материјали на ромски јазик? Колку од нив се достапни во дигитален облик?
П4. Колку се достапни печатени материјали за ромската култура на други јазици? Колку од нив се достапни во дигитален облик?
П5. Кои се најголемите предизвици на заедницата на корисници на ромски јазик во Македонија?
П6. Кои се најголемите потреби на заедницата на корисници на ромски јазик во Македонија?
П7. Кои видови настани се покажале како најефикасни методи на учење на корисниците на ромски јазик?
- Службените податоци укажуваат дека бројот на ромски говорници е 31.721 лице, што е зголемување во споредба со претходно објавениот број од околу 25.000 лица.
- Постои балкански ромски јазик, чија поддршка е достапна на тастатура. Ромските говори не се „дијалекти“ во јазична смисла. Четири главни говори се зборуваат во Македонија со мали разлики при пишување и изговор.
- Достапноста на печатени материјали е оскудна. Книги главно се печатат во рамки на некој проект на невладина организација, но не се достапни во малопродажба низ книжарниците. Постои организација којашто поседува приватна збирка од книги на ромски јазик.
- Советот на Европа има оддел којшто се занимава со ромската историја, култура и јазик и објавува книги и други материјали на англиски јазик. Книги коишто ги обработуваат ромскиот народ и култура се исто така достапни на српски, унгарски и словачки јазик.
- Образовните видео-записи, документарните филмови и телевизиските емисии се покажале како најефикасни средства за изучување на ромскиот јазик.
- Предизвици
- Неможност за изучување на јазикот. Нема настава на ромски јазик. Јазикот се изучува како изборен предмет во училиштата сместени во подрачјата населени со Роми.
- Недостиг на ромски учебници и литература. Главен проблем за пишување ромски учебник се високите критериуми коишто не можат да бидат задоволени.
- Тешкотија за подучување јазичари. Катедрата по ромски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје е затворена, така што тешко е да се подучат луѓе коишто професионално би се занимавале со јазикот. Ромските учебници во училиштата честопати имаат различно образование и не се стручни во областа.
- Потреби
- Снижување на критериумите за пишување ромски учебници. Потребно е да се лобира на владино ниво за да се снижат критериумите и да им се овозможи на авторите да напишат ромски учебник.
Македонски знаковен јазик
edit- Демографски податоци
П1. Род: (еднократен избор)
- Машки
- Женски
П2. Возраст: (еднократен избор)
- под 18
- 18–30
- 30–40
- 40–50
- 50–60
- над 60
П3. Место на живеење: (краток одговор)
- __________________
П4. Степен на образование: (еднократен избор)
- Прв степен: Основно образование и воспитување
- Втор степен: Стручно оспособување/образование за занимање
- Трет степен: Средно стручно образование во времетраење од три години
- Четврти степен: Средно образование во времетраење од четири години
- Петти степен: Специјалистичко образование
- Шести степен: Додипломски академски студии, додипломски стручни студии или специјалистички академски студии
- Седми степен: Постдипломски академски студии, постдипломски стручни студии или специјалистички академски студии
- Осми степен: Докторски студии
П5. Дали сте вработен/а? (еднократен избор)
- Да
- Не
П6. На кој начин пристапувате на интернет? (повеќекратен избор)
- од мобилен телефон
- од таблет
- од преносен компјутер
- од личен компјутер
- од друг уред
- Прашања за јазикот
П7. Колку добро го користите македонскиот знаковен јазик? (еднократен избор)
- воопшто не го користам
- го користам на почетно ниво
- го користам на средно ниво
- го користам на напредно ниво
- го користам како мајчин јазик
П8. Колку добро го користите македонскиот јазик? (еднократен избор)
- воопшто не го користам
- го користам на почетно ниво
- го користам на средно ниво
- го користам на напредно ниво
- го користам како мајчин јазик
П9. Колку добро знаете да пишувате на македонски јазик? (еднократен избор)
- воопшто не знам да пишувам
- знам да пишувам на почетно ниво
- знам да пишувам на средно ниво
- знам да пишувам на напредно ниво
- знам да пишувам како да ми е мајчин јазик
П10. Како сте го совладале македонскиот знаковен јазик? (повеќекратен избор)
- во кругот на семејството
- во кругот на пријателите
- на училиште/факултет
- преку курсеви
- преку интернет/литература
- __________________________
П11. Како сте го совладале македонскиот јазик? (повеќекратен избор)
- во кругот на семејството
- во кругот на пријателите
- на училиште/факултет
- преку курсеви
- преку интернет/литература
- __________________________
П12. Означете колку се согласувате со следните искази во врска со македонскиот знаковен јазик во Македонија. (еднократен избор во мрежа)
Исказ | Воопшто не се согласувам | Не се согласувам | Се согласувам | Целосно се согласувам | Не знам |
---|---|---|---|---|---|
Македонскиот знаковен јазик е доволно застапен во македонските медиуми. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Материјали на македонскиот знаковен јазик во печатен облик се лесно достапни. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Материјали на македонскиот знаковен јазик во дигитален облик се лесно достапни. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Македонскиот знаковен јазик е доволно застапен во установи (јавна администрација, банки, нотари/адвокати). | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Македонскиот знаковен јазик е доволно застапен во угостителски објекти (хотели, ресторани, кафулиња). | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Македонскиот знаковен јазик е доволно застапен во културни установи (кина, театри). | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
- Прашања поврзани со Википедија
П13. На кој начин ја користите Википедија? (повеќекратен избор)
- како читател
- како уредник
П14. Колку често ја користите Википедија? (еднократен избор)
- повеќе пати дневно
- еднаш дневно
- еднаш седмично
- еднаш месечно
- помалку од еднаш месечно
П15. Кое јазично издание на Википедија го користите? (повеќекратен избор)
- на македонски јазик
- на албански јазик
- на турски јазик
- на српски јазик
- на босански јазик
- на влашки јазик
- на ромски јазик
- на англиски јазик
- друго јазично издание
П16. Дали имате корисничка сметка на Википедија? (еднократен избор)
- Да
- Не
П17. Дали сте слушнале за другите викимедиини проекти и за кои? (повеќекратен избор)
- Ризница (Wikimedia Commons)
- Википодатоци (Wikidata)
- Викиречник (Wiktionary)
- Викиизвор (Wikisource)
- Викицитат (Wikiquote)
- Викивести (Wikinews)
- Викиуниверзитет (Wikiversity)
- Викиводич (Wikivoyage)
- Викивидови (Wikispecies)
- ниеден од наведените
П18. Означете колку се согласувате со следните искази во врска со застапеноста на македонскиот знаковен јазик на Википедија. (еднократен избор во мрежа)
Исказ | Воопшто не се согласувам | Не се согласувам | Се согласувам | Целосно се согласувам | Не знам |
---|---|---|---|---|---|
Темите за македонскиот знаковен јазик се доволно застапени на Википедија. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Статиите на теми за културата на заедницата на корисниците на знаковен јазик на Википедија се доволно обемни. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Содржините во статиите на теми за македонскиот знаковен јазик на Википедија се веродостојни. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
Википедија содржи доволно статии за познати корисници на знаковен јазик. | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ | ⃝ |
- Демографија
- Големо мнозинство од испитаните лице се помлади од 40 години (82,8%), најповеќе се невработени (62,1%) и многу малку имаат високо образование (6,9%).
- Нешто повеќе од третина живеат во Скопје (34,5%), а значителни учества на луѓе живеат во Охрид (20,7%) и Битола (17,2%), додека остатокот живее во 6 други градови во Македонија.
- Големо мнозинство од испитаните пристапуваат на интернет од мобилен телефон (82,8%).
- Јазик
- Најголем дел од испитаните го користат македонскиот знаковен јазик како мајчин (82,8%), но 20,7% го користат и само 13,8% пишуваат на македонски како да им е мајчин јазик. Мнозинството го научиле македонскиот знаковен јазик во кругот на семејството (65,5%) или во образовниот процес (62,1%), додека преовладувачко мнозинство го научиле македонскиот јазик во образовниот процес (93,1%). Последните заклучоци се потврдени и со позитивната корелација помеѓу степенот на образование и познавањето на македонскиот знаковен и на македонскиот јазик.
- Скоро сите испитаници сметаат дека македонскиот знаковен јазик е недоволно застапен во македонските медиуми, установите (јавна администрација, банки, нотари/адвокати), угостителските објекти (хотели, ресторани, кафулиња) и култураните установи (кина, театри).
- Википедија
- Сите испитаници ја користат Википедија како читатели и никој нема корисничка сметка. Околу две третини ја читаат Википедија на месечна основа (65,5%), а само 10,3% ја читаат секојдневно.
- Преовладувачко мнозинство од испитаните лица ја читаат Википедија на македонски јазик (93,1%), но значително учество ја чита и Википедија на англиски јазик (27,6%).
- Никој од испитаниците нема слушнато за другите викимедиини проекти.
- Значително мнозинство испитаници сметаат дека на Википедија нема доволно теми за македонскиот знаковен јазик и културата на неговата заедница, како и статии за познати корисници на јазикот (по 89,7%). Истото учество испитаници истакнале дека статиите на овие теми не се доволно обемни и изразиле загриженост за веродостојноста на содржините.
П1. Колку е голема заедницата на корисници на македонскиот знаковен јазик во Македонија?
П2. Колку добро корисниците на македонскиот знаковен јазик го познаваат стандардниот македонски јазик?
П3. Колку се достапни печатени материјали за македонскиот знаковен јазик и за заедницата којашто го користи? Колку од нив се достапни во дигитален облик?
П4. Кои се најголемите предизвици на заедницата на корисници на македонски знаковен јазик во Македонија?
П5. Кои се најголемите потреби на заедницата на корисници на македонски знаковен јазик во Македонија?
П6. Кои услови се неопходни за корисниците на македонскиот знаковен јазик да можат непречено да бидат обучени како да ја уредуваат Википедија?
- Не постојат службени податоци за бројот на лица кои го користат македонскиот знаковен јазик затоа што нема установи каде што поединците можат да пријават дека го познаваат јазикот. Груба проценка може да се направи преку членството во Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија, што и натаму не е добар показател со оглед на тоа што членството во здружението е на доброволна основа. Неофицијално, има околу 6.000 глуви и наглуви лица во Македонија, а бројот на корисници на македонскиот знаковен јазик е некаде во опсегот од 3.000 до 4.000 лица.
- Корисниците на македонскиот знаковен јазик обично имаат тешкотии да го разберат првиот јазик којшто се зборува во нивното семејство, што главно е последица на аграматизам поради различните граматички структури и изрази межу говорнот и знаковниот јазик.
- Достапноста на печатени материјали за македонскиот знаковен јазик е оскудна и голем дел од нив се застарени затоа што јазикот се променил со тек на време. Дигитални материјали постојат во облик на видео-записи кои прикажуваат изрази на јазикот. Меѓутоа, овие напори биле предмет на критика затоа што заедницата на македонскиот знаковен јазик не била вклучена во нивното создавање.
- Предизвици
- Тешкотии при општење. Корисниците на македонскиот знаковен јазик имаат тешкотии да го читаат говорот од усни при отсуство на толкувач од знаковен јазик. Овој проблем се влошил за време на пандемијата на КОВИД-19 кога носењето маски било задолжително, што целосно ја оневозможило оваа група луѓе да разберат нечиј говор.
- Разбирање на стручни поими. Стручната терминологија честопати е непозната за корисниците на македонскиот знаковен јазик, што ги става во тешка положба при општење со стручни лица во некои области (на пр. лекари).
- Дискриминација во општеството. Корисниците на македонскиот знаковен јазик имаат тешкотии да се вработат и да бидат унапредени. Некои луѓе пријавиле дека биле дискриминирани од автошколите и полицијата додека посетувале обука за возачка дозвола.
- Потреби
- Примена на технолошки алатки. Заедницата на македонскиот знаковен јазик би имала корист од поголема достапност на технолошки алатки како помош при пишување на македонски (на пр. алатки за проверка на правопис и автоматска исправка).