Capacity development for underrepresented communities/Implementation/mk
Спроведувачката фаза имала за цел да ги вклучи членовите на целните заедници да придонесуваат на викимедиините проекти и била извршена во периодот од 1 септември 2022 година до 21 јануари 2023 година.
Влашки јазик
editГлавните активности за вклучување на влашката заедница во викимедииното движења вклучувала работилници и уредувачки натрепвар.
- Работилници
- Работилниците биле организирани како хибридни настани со физичко и присуство на далечина заради воведување на влашката заедница на викимедиините проекти. Вкупно три такви настани биле одржани секоја седмица во периодот 8–22 ноември 2022 година. Со оглед на тоа што резултатите од спроведената анкета покажале дека мнозинството говорници на влашки јазик се на возраст на работоспособно население, сите работилници се одржале во вечерните часови, односно по завршувањето на работното време, со почеток во 17:00 по локално време и биле во времетраење од три часа. Сите работилници физички биле одржани во Скопје.
- Настаните главно биле промовирани преку друштвените мредиуми каде што соопштенија биле објавени во одбрани влашки групи. Дополнително, проектот бил претставен во емисија во рамки на програмата на влашки јазик на Македонското радио. Заинтересираните учесници требало да се пријават преку пополнување и поднесување на пријавница во којашто требало да назначат на кој начин сакаат да учествуваат (со физичко присуство или на далечина) и дали им е потребен лаптоп.
- Сите работилници имале стандардизирана структура. Секоја започнала со краток вовед во проектот за развој на капацитите, по што следувала обука за уредување на Википедија со нагласок на Википедија на влашки јазик и потоа во најголемиот дел од преостанатото време бил организиран уредувачки маратон во којшто учесниците биле подучувани од страна на искусни уредници. Со цел да се обрне внимание на грижите во врска со покриеноста на теми во врска со влашката култура коишто биле упатени во анкетата, бил составен список на теми за статии поврзани со влашката култура поделени во пет категории — Култура, Историја, Политика, Географија и Личности — којшто бил споделен со учесниците.
- Вкупно околу 15 лица биле обучени да уредуваат на Википедија преку физичко присуство или на далечина. Бидејќи работилниците биле организирани како хибридни настани и обуките биле прикажувани преку платформа за организирање настани на далечина, сите презентации биле снимени, а снимените видео-записи биле споделени со останатите членови на влашката заедница во групите на друштвените медиуми.
- Глетки од работилницата на 8 ноември 2022
- Глетки од работилницата на 15 ноември 2022
- Глетки од работилницата на 22 ноември 2022
- Уредувачки натпревар
- Уредувачкиот натпревар бил во времетраење од 15 декември 2022 до 13 јануари 2023 година и негова главна цел било да се поттикнат обучените уредници во работилниците да пишуваат статии на Википедија на влашки јазик. На натпреварот немало предодредена тема, така што учесниците можеле да уредуваат статии од било која област. (Повеќе детали се достапни на страницата на натпреварот на Википедија на влашки јазик.)
- Вкупно 5 уредници активно учествувале на натпреварот, вклучувајќи лица коишто немаат учествувано на ниедна работилница. Тие збирно создале вкупно 27 нови и подобриле 33 постоечки статии. Мноштвото статии биле напишани на теми поврзани со влашката заедница, а некои од нив претходно не постоеле на ниедно јазично издание на Википедија. По оценката на придонесите во натпреварот, на најплодотворните уредници им биле доделени симболични награди. (Повеќе детали се достапни на контролната табла на натпреварот.)
Ромски јазик
editГлавните активности за вклучување на ромската заедница во викимедииното движења вклучувала работилници и уредувачки натрепвар.
- Работилници
- Работилниците биле планирани како хибридни настани со физичко и присуство на далечина заради воведување на влашката заедница на викимедиините проекти. Вкупно три такви настани требало да се одржат секоја седмица во периодот 10–24 ноември 2022 година со почеток во 17:00 по локално време и очекувано времетраење од три часа. Сите работилници физички требало да се одржат во Скопје.
- Настаните главно биле промовирани преку партнерската ромска организација, чии членови вложиле значителни напори да го претстават проектот и да известат за настаните. Заинтересираните учесници требало да се пријават преку пополнување и поднесување на пријавница во којашто требало да назначат на кој начин сакаат да учествуваат (со физичко присуство или на далечина) и дали им е потребен лаптоп.
- Сите работилници било планирано да имаат стандардизирана структура. Секоја требало да започне со краток вовед во проектот за развој на капацитите, по што требало да следува обука за уредување на Википедија со нагласок на Википедија на балкански ромски јазик во Инкубаторот и потоа во најголемиот дел од преостанатото време требало да има уредувачки маратон во којшто учесниците би биле подучувани од страна на искусни уредници. Со цел да се обрне внимание на грижите во врска со покриеноста на теми во врска со ромската култура коишто биле упатени во анкетата, бил составен список на теми за статии поврзани со ромската култура поделени во шест категории — Култура, Географија, Ромски јазик, Филм, Установи и Личности — којшто бил споделен со учесниците.
- И покрај фактот што имало пријавени учесници на сите работилници, никој од нив не се појавил на првиот и третиот настан, додека само еден ромски говорник учествувал на далечина на вториот настан. Единствениот учесник била професорка по ромски јазик во основно училиште, којашто успешно создала неколку статии на Википедија на балкански ромски јазик во Инкубаторот. Таа вложила напори да ги вклучи нејзините ученици во последната работилница, но таквите напори се покажале неуспешни.
- Екрански снимки од работилницата на 17 ноември 2022
- Уредувачки натпревар
- Уредувачкиот натпревар се одржал од 22 декември 2022 до 21 јануари 2023 година. На натпреварот немало предодредена тема, така што учесниците можеле да уредуваат статии од било која област. (Повеќе детали се достапни на страницата на натпреварот на Википедија на балкански ромски јазик во Инкубаторот.)
- Ниеден уредник не учествувал на натпреварот и ниедна статија не била напишана, така што планираните награди за најплодотоворните уредници не биле доделени.
Македонски знаковен јазик
editГлавните активности за вклучување на заедницата на македонски знаковен јазик во викимедииното движење вклучувале неколку сесии за снимање видео-записи и семинар.
- Снимачки сесии
- Со оглед на тоа што мнозинството од анкетираните корисници на македонскиот знаковен јазик укажале дека не го говорат течно македонскиот јазик и упатиле грижи во врска со ограничената употреба на знаковниот јазик, основна цел на снимачките сесии била да се создадат слободни висококвалитетни видео-записи коишто документираат енциклопедиска содржина од статии на Википедија и последователно било подигнати на Ризницата. Снимачките сесии се одржале во ноември 2022 година.
- Процесот на снимање бил организиран во соработка со толкувачка на знаковен јазик којашто ја толкувала содржината во снимените записи. Друг важен детаље тоа што како снимател бил најмен корисник на македонскиот знаковен јазик во насока на обезбедување на квалитетот на видео-записите. (Повеќе во категоријата со снимените записи на Ризницата.)
- Примери на снимени записи
- Семинар
- Семинарот се одржал на 11 декември 2022 година во училиште за глуви и наглуви лица во Скопје. Се работело за осумчасовен настан којшто се состоел од обуки за уредување на Википедија и Ризницата, како и снимачка сесија во којашто учесниците на семинарот толкувале во снимените видео-записи.
- Вкупно околу 25 корисници на македонскиот знаковен јазик од различни делови на Македонија учествувале на семинарот и снимиле околу 15 висококвалитетни видео-записи коишто документираат енциклопедиски теми од Википедија. Тие биле насочувани од страна на двајца толкувачи.
- Глетки од семинарот